Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Скопје

Прв план за одржлив транспортен систем во Скопје

Визија за идниот развој на градскиот транспорт во насока на обезбедување подобри услови за живот на граѓаните треба да обезбеди новиот предлог-план за одржлив транспорт, кој вчера беше презентиран во Градот Скопје. Планот е дел од проектот „CIVITAS RENAISSANCE “, а целта е преку размената на различни практики да се добие нов план во кој ќе б��дат вклучени и начините за стимулирање на јавниот превоз, но и други модели на одржлив транспорт со цел да се подобри постојниот транспортен сервис.

„Градот Скопје ги насочува своите напори кон проекти фокусирани кон енергетската ефикасност, примена на алтернативни горива, заштита на животната средина и планирање на одржлив транспорт“, истакна градоначалникот Трајановски.

Предлог-планот веќе е дистрибуиран до сите релевантни фактори во земјава, до централната и до локалната власт, Градскиот совет, Секторот за сообраќај во Градот, градската полиција, компетентни професионални компании за урбанистичко планирање, сообраќајно инженерство, архитекти, инженери и менаџери за животна средина, како и до невладини организации. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 924 пати.

Испрати коментар

Од: vlado
Датум: 18.06.2011 13:04:47
bravo. aj sea napraj tramvaj i ne se glupiraj so sirenje bulevari.
Од: Alien from Space
Датум: 18.06.2011 17:15:55
Ајде сега,напрај му го ќејфот и на Владе,па воведи и НЛО линија,по проширените булевари!

Најди! во Утрински
Скопје
Александар ќе го јавне Букефал за една седмица
И Јустинијан застана на брегот на Вардар

"""