Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Скопје

Александар ќе го јавне Букефал за една седмица

Општина Центар вчера даде зелено светло за подигање спомен-обележја на Пјетер Богдани, Јосиф Багери и на Неџат Аголи

Деспина Трајковска


Коњаникот Александар Македонски за една недела ќе се исправи на плоштадот, иако фонтаната врз која ќе го јава Букефал се' уште е недовршена. Таа, барем според процените на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, ќе биде готова во септември и, според најавите, се' поуверливи се шпекулациите дека мегаломанскиот споменик во комплет со фонтаната крајниот лик ќе го добие токму на дваесетгодишнината на македонската независност.

Моментно се работи на изведба на релјефите на столбот, а потоа ќе се финализира дното на фонтаната.

„Веднаш потоа ќе бидат поставени лавовите и војниците. Ќе се проба софтверот за водените, музичките и светлосните ефекти, а во тој период ќе се монтираат и четирите бронзени лава и осумте војници, кои се веќе излеани“, изјави вчера Тодоровиќ, кој не беше расположен да ги оцени реакциите на Брисел и на Вашингтон според кои со Александар Македонски ги провоцираме Грците и истовремено им ја крадеме и историјата.

„Не се чувствувам политичар, туку сум градоначалник и како таков имам други обврски и обично таквите коментари не ги коментирам“, истакна градоначалникот Тодоровиќ.

Тој најави дека спомениците на Васил Чакаларов и на Христо Узунов, за кои вчера општинскиот Совет донесе одлука за почнување постапка за поставување, ќе чинат незначително во споредба со веќе изградените споменици. Иако се' уште не е познато колку комплетно ќе чини нивната изведба, според Тодоровиќ, таа не би требало да достигне повеќе од 70.000 евра.

Освен одлуката за овие споменици, Советот на Општина Центар вчера го прифати извештајот за подигање спомен-обележја на Пјетер Богдани, Јосиф Багери и на Неџат Аголи, истакнати дејци од албанската историја. Планирано е споменикот на Пјетер Богдани да се постави во паркот „Жена-борец“, Јосиф Багери да стои пред Стариот театар, додека скулптурата на Неџат Аголи ќе се постави во непосредна близина на коњаникот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“. Извесно е дека и овие три споменици ќе се леат во бронза, а ќе бидат високи околу пет метри. Колку ќе чинат, односно колку пари се предвидени за нив, Тодоровиќ тврди дека се' уште не се знае тоа.

„Спомениците се иницијатива на Министерството за култура, а пари за нив дава Владата, па ова прашање би било посоодветно за нив. А, и не би можело однапред да се каже, бидејќи постапките се во тек. Онаа за албанските дејци е во понапредната фаза, додека за Васил Чакаларов и Христо Узунов допрва треба да почне“, вели градоначалникот на Центар.


#
Статијата е прочитана 1913 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 18.06.2011 00:38:56
Kako sto pokaza VEST, sporeduvajci gi fotografiite, konjanikot ne e Aleksandar tuku Frckovski, oblecen vo anticko ruvo.
Од: mkd
Датум: 18.06.2011 10:06:23
Drzavata pokraj podiganje na spomenici treba da zaapocne i finansiranje na naucni trudovi,davanje na finansiski sredstva na stranski i domasni naucnici da ja proucat podetalno antikata a ne da se koristat delata od 19 vek kade antikata i se prepisuva na grcija pred se od Angliskite naucnici koi imale cel da ja napravat Grcija nezavisna od togasnata Otomanska imperija i i trebalo opravduvanje za toa. Taka Grcija preku nok stanala kolevka na civilizacijata pred se za potrebite na Anglija kako bi go kontrolirala egejot i sredozemjeto. I tie fakti ednas izvadete gi na videlo i finansirajte go proucuvanjeto na antickiot Makedonski jazik na nasite profesori. Strancite bez prezentiranje na nasata vistina se ostaveni na grckite.
Од: srebre
Датум: 18.06.2011 11:57:15
poleka no sigurno mak odi vo odumiranje eden spomna izucuvanje za antickiot makedonski jazik???pa vidi na site sovremeni istoriski spomenici grcki mu bil majcin jazik,grujo ne mu e dom mak tuka da se napolni so pari i da bega ne mu treba eu da moze da krade zosto togaj bi postavuval spomenici na albnci istaknati vo drzavata albanija?samo da ostane vo koalicija i na vlast a mak nema sansa da opstane so kradenje istorija toa tolku glupavo samo kaj prost narod moze toa da projde koj ne znae sto e.........
Од: Tina
Датум: 18.06.2011 14:54:57
Grcija nikogas ne bila kolevka na civilizacijata kao sto e poznato vo svetot. Prvo, Grcite nikogas ne se bile anticki kao nacija. Grcija kao drzava nikogas ne postoela. Zosto istoricarite gi lazat lugeto, e, zato sto mozat. Zato sto nacijata koja e kolevka na civilizacijata e raspacena, i ne priznavana po svetski pat na istorija. Site Rojalisti po cela Evropa, se gordeat so Makedonsko usvoeno, znaminja. Zracite na Slnce, tri pupoljci na cvetot od Indija, koje se rezbari po drvenite kralski stolovi, Lvot, Kriljata na Angelite, muzika, crvenata boja i zlta, detalite na narodna nosija so zlatni vez, i mnogu drugi detali od inicijativata na Makedonskite Kralevi poznati po cela Evropa koga se podigal od pepel. Da ne zboruvam za literaturata od antika do den denes. Istoricari kopat da najdat antika, i go brisat anticko ime za vo korist na novite Helleni. Toa e kriminal. Grcite nemat pravo da go viat Mk.-,to zname kako da e nivno nasledstvo. toa e kriminal.
Од: k2
Датум: 18.06.2011 15:15:16
Koga Utrinski trubi za "ocenkite za kradenje na istorijata i provociranje" bi prasal zasto ovoj SDSM-vesnik ne pras za spomenicite vo Grcija i dali toa ne e provokacija sprema Republika Makedonija.....dali naimenuvanje na aerodrom MAKEDONIA ne e porvokacija da ne zboruvame za univerziteti skoli i voopsto falsifikat na celata istorija....Zasto eden od vasite poslusni novinari ne postavi prasanje za kompletnoto preimenuvanje na site naseleni mesta vo Egejska Makedonija (iako pominaa 80-90 godini)...ili vas poveke ve boli za rodnoto mesto na Branko nego za problemite na iljadnici Makedonci proterani od sopstvenite ognista.....Voopsto ne e vazno sto misli Grcija...nie ne sme vo EU zasto nekoj odlucil deka Makedonija ke vleze vo EU vo paket so site drzavi ov Zapaden Balkan i toa e toa....drugoto e izgovor pred javnosta....Makedonija ne e nitu pomalku nitu poveke demokratska od da receme edna Romanija ili Polska ....
Од: Мина
Датум: 18.06.2011 16:52:30
Тинке,мори,моме бисеро!Да ми те прашам нешчо!Ами од Македонската држава Шутка,крај Серава да не си?Ваква Македонка-научник и со боринка да бараат,немаше да ја најдат!Дури и рефлекторине од староновата Арена!Може единствено на Муссо да му се бендисваш и на оној Алек-„уметникон“!Ако не си мажена,ете ти прилика!Трк на www.novamakedonija.com.mk и закажи си состанок!По сè изгледа Александар ќе го јава и народот,а не само Бу-кефалос!
Од: За паркот „Жена-борец“
Датум: 19.06.2011 07:22:02
Кога веќе е спомнат паркот „Жена-борец“, да прашам зошто мораа да ја уништат убавата фонтана во него поставена не така одамна, како и делот со розите? Зарем не можеа да го стават споменикот во делот кадешто исто така неодамна го исекоа најголемото и најубавото дрво а не засадија ниедно (иако ни 30 мали нови да засадат не може да го надоместат исеченото)? Па убаво беше во паркот да има и фонтана и рози, а има место и за споменици освен ако не се џиновски.

Најди! во Утрински
Скопје
И Јустинијан застана на брегот на Вардар
Прв план за одржлив транспортен систем во Скопје

"""