Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хроника

За „Мавровските работници“ се чека уште една екстрадиција

Судскиот предмет што се води за случајот малтретирани работници на АДГ „Маврово“ се одложува се' додека не биде екстрадиран десеттообвинетиот Сафет Огриќ, кој се наоѓа во притвор во Србија. Ваквите сознанија, кои пред неколку дена ги објави „Утрински весник“, вчера и официјално ги потврди судијата Горан Бошевски. Тој во својство на претседател на Советот што постапува во овој предмет потврди дека во тек е екстрадициска постапка за Огриќ, кој издржува екстрадициски притвор во Србија од 10 август. За него веќе е иницирана постапка за преземање од нашите државни органи. Од судот потврдија дека тамошните власти постапиле во согласност со потерницата што била распишана по недостапниот Сафет Огриќ и дека за него се испратени сите потребни документи со кои ќе се реализира екстрадицијата. Во исчекување на екстрадицијата, судот донесе решение со кое процесот го одложува за еден и пол месец.

Во обвинителниот акт за Сафет Огриќ е наведено дека заедно со уште тројца од обвинетите ги држел на нишан петтемина работници на АДГ „Маврово“ во миговите додека биле тепан�� со метален дел од лопата и со кундаци од пушките.

Иако од трагичниот настан поминаа повеќе од девет години, судот досега нема обезбедено никаков исказ од обвинетиот Огриќ, бидејќи тој за целиот овој период се водеше како недостапен за органите на прогон. Всушност, и целиот овој судски случај од почетокот го следат пречки поради кои судењето реално не е ни започнато.

Се' започна со Хисен Џемаили, кој, исто така, е обвинет за организирање група и поттикнување геноцид и воени злосторства. Нему му беше симнат пратеничкиот имунитет, но тој со месеци се водеше како недостапен, а кога беше понудена и дадена гаранција, притворот што му беше изречен токму поради недостапност, беше укинат. По ова, судењето имаше уште неколку месеци пауза, која настапи откако бранителите побараа судот да ги преведе на албански сите списи од предметот. Потоа се чекаше на екстрадиција на обвинетиот Шкодран Идризи од Германија, а следно дојде до констатација дека се запира постапката за еден од големата група обвинети, бидејќи загинал во престрелка со полицијата.

По завршувањето на вчерашното рочиште, со своја реакција пред скопскиот Кривичен суд излезе судијата-поротник Ѓорѓи Петровски. Поротникот кажа дека тој не присуствувал на судењето, бидејќи бил заменет со друг и дека моментно не присуствува на ниту едно судење. Според Петровски, ова, најверојатно, се должи поради неговите активности и најавите за штрајк на судиите - поротници. За настанатиот проблем од судот велат дека станува збор за редовен распоред во кој сега се вклучени новите судии - поротници, а дека Петровски за се' бил информиран од управникот на судската писарница.


#
Статијата е прочитана 383 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Кривична пријава за учесниците во заложничката драма
Девојче падна од зграда и се бори за живот
Осомничениот за убиството во Охрид тајно префрлен во Албанија?