Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Втора страница

Стразбур води дијалог со Софија за македонското малцинство

Од нашиот дописник Тони Гламчевски

Стразбур - Во годишниот извештај на комесарот за човекови права на Советот на Европа имаше само еден мал дел посветен на положбата на македонското малцинство во Бугарија и неговите проблеми за регистрирање политичка партија. По претставувањето на својот извештај пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, Томас Хамарберг најави дека ќе го продолжи дијалогот со грчките и бугарските власти во однос почитувањето на правата на македонското малцинство во овие земји и посебно околу спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на правото за слободно здружување.

Македонските парламентарци Александар Николовски и Андреј Жерновски се интересираа за начинот на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, во однос на правото на слободно здружување на припадниците на националните малцинства.

Во одговорот, Хамарберг рече дека сите одлуки на Европскиот суд за човекови права треба да бидат почитувани, за што е предвидена специјална процедура во дирекцијата за човекови права со редовна контрола од Комитетот на министрите. Комесарот за човекови права потсети дека една од процедурите е затворена, мислејќи на предметот ОМО „Илинден“-ПИРИН, нагласувајќи дека моментно се водат други процедури и дека уште неколку предмети се наоѓаат пред Судот во Стразбур. „Започнавме дијалог со бугарските власти во однос на ова прашање, но моментално не можам да кажам ништо повеќе“.

Андреј Жерновски побара од Томас Хамарберг да објасни како се спроведуваат неговите препораки за систематски дијалог со малцинствата и посебно за дијалогот на властите од Бугарија и во Грција со македонското малцинство во овие земји. Односно, дали постојат механизми за да се спроведи ова на дело, бидејќи засега, според Жерновски, не е направено ништо.

���Механизмот, всушност, е самиот дијалог. Одиме во земјите, дискутираме со нив, составуваме извештај и потоа се надеваме дека ќе доведе тоа до други дискусии. Но, нема специјални процедури за спроведување на препораките. Единствената процедура со која располагаме е самиот Суд. Затоа се повикувам на неговите одлуки и ќе го продолжам дијалогот со владите“, рече комесарот за човекови права.

Според Томас Хамарберг, дијалогот продолжува со Грција и Бугарија исто како и со другите земји. Изразувајќи надеж дека тоа ќе дозволи да се постигне напредок за да се заштитат целосно човековите права во овие земји. Коментирајќи ги заклучоците од неговиот годишен извештај за 2009 година, тој нагласи дека некои од нив ќе предизвикуваат противречности и дека иритираат. Но, во областа на човековите права не се работи чесно, ако не се каже вистината.

Интересно е дека Хамарберг при неговата интервенција избегнуваше да го употребува зборот „македонски“ иако прашањата му беа поставени директно. Сепак, тој во своите извештаи го употребува терминот Македонци и македонско малцинство кога зборува за Македонците и за македонското малцинство во Грција и во Бугарија и се залага за правото на самоидентификување на припадниците на овие малцинства кои официјално не се признати во своите земји.


#
Статијата е прочитана 2102 пати.

Испрати коментар

Од: BgMak
Датум: 30.04.2010 08:25:09
Barem sega nema vekje vizi, sekoi da se smeta pokanet vo Pirinska Makedonija – Blagoevgrad, Bansko, Razlog, Goce Delcev, Sandanski, Petric – da gi vidi so sopstveni oci “Makedoncite vo prangi” . Ako ne gi najde, da pobara vo makedonskite kolonii vo Plovdiv – Kjucuk Pariz, vo Sofija – Ilinden, Gevgelijski i Banishora, vo Ruse – Karacalik, Varna – Vinica i posle da se javi ovde da razkaze sto e videl
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.04.2010 08:30:35
Гледаме овие од Брисел ептен се претргнаа да помогнат на нашето малцинство во Бугарија. Трудот им се сведува на некаков дијалог па некакви стерилни механизми,вероватно многу се зафатени со реакциите за правата на нашинците кај другиот сосед па неможат луѓето на две страни да ги принудуваат двете членки на ЕУ визави демократските процеси со кој секидневно едно насочоно не бомбардираат.Имам идеа да им го позајмиме на краток рок овдешниот нивни представник да им покаже како се врши притисок.
Од: Aнгел
Датум: 30.04.2010 08:55:26
Европа да беше демократска македонското малцинство одамна ќе беше признато во Бугарија и Грција. А на нас меѓународната ни замерува за хомозакон или за кучињата . Каква неспособност и неправедност од Европа. Па во Бугарија и Грција веднаш би се изјасниле 400.000 Македонци затоа што во Бугарија има три милиони луѓе со македонско потекло а во Грција 800.000 и покрај некокуте егзодуси. Европо неправедна си. Само недоучени ги фалат твоите вредности.
Од: mene
Датум: 30.04.2010 11:58:16
do bgmak..do varna isto ima i kichevo, prilep, kalimanci, site sa vardarski begalci. gradot bqla na crno more celiot e od egeci, no site sa osoznaeni bugari. fakt e deka vo pirinsko ima okolu 3000 luge na potpis, osoznaeni kako makedonci (etnos) i Bugarija mora da go prifati zasegogash.
Од: Македонец
Датум: 30.04.2010 14:25:13
До BgMak: И ти брате докажуваш дека Македонците се во пранги со тоа што пишуваш бугарски имиња на Македонски градови, како да си асимилиран. Благоевград = Горна Џумаја Гоце Делчев = Неврокоп Сандански = Свети Врачи. За Солун не викаме Тесалоники, зошто тогаш викаме Блегоеврград???! Ова прашање важи и за нашите новинари.
Од: Петре
Датум: 01.05.2010 05:38:25
До Македонец од 14:25:13. Името Горна Џумаја е словенско-турско, името Неврокоп е грчко, а Димитар Благоев е познат Македонец од селото Загоричани во Егејска Македонија, кој ја основал Бугарската комунистичка партиа. Бугарската, не македонската. Вистина е дека во Пиринска Македонија има околу 3000 декларирани етнички Македонци, но мнозинството или поточно 286,491 луѓе се определуваат како Бугари.
Од: marina
Датум: 01.05.2010 08:48:39
a sto so nas bugarite vo mak grujo se pravi ne postoime.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Нимиц го подготвува предлогот
Болните како маратонци