Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Втора страница

Нимиц го подготвува предлогот

Шацимаркакис ги најави грчките предлози за јазикот како иден предлог на Нимиц

Миркица Поповиќ

Медијаторот Метју Нимиц во вторникот и во средата ненадејно ги повикал македонскиот и грчкиот преговарач, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, на средба во Њујорк. По поединечните средби со Јолевски и со Василакис, Нимиц се сретнал и со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Од средбите на Нимиц нема конкретен пишан документ, односно според неофицијалните информации, тој не дошол со нов предлог, туку ќе се случи тоа во текот на мај. Како што информираат од кабинетот на Бан Ки Мун, генералниот секретар сакал да се информира како стојат работите околу спорот, а средбите со преговарачите биле редовна размена на информации.

Иако двете страни велат дека не се случува ништо, дипломатски извор за грчкиот весник „Етнос“ тврди дека медијаторот Нимиц сериозно размислува повторно да го предложи името „Република Северна Македонија“ како крајно предлог-решение.

„Мора да се најде заеднички прифатливо решение и договор, решение што очигледно, бара да се направи компромис за да биде прифатливо и за двете страни. За разлика од ЕУ, која ги повика Скопје и Атина да најдат решение за спорот до јуни, Обединетите нации немаат временска рамка, конкретен краен рок за решавање на спорот, туку бара работа од двете држави и други заинтересирани страни за да осигури дека има договор со кој ќе може да се работи и им одговара на инволвираните држави“, изјави на вчерашниот брифинг портпаролот на генералниот секретар на ОН, Мартин Назирски.

Вчера грчкото министерство за надворешни работи излезе со своја реакција за средбата, коментирајќи дека е прерано да се разговара за предлогот Северна Македонија. Портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас, потврди дека медијаторот Метју Нимиц ги повикал двајцата преговарачи за да ја испита моменталната ситуациј��, меѓутоа дека реакциите од македонска страна покажуваат дека моментно е прерано да се дискутира за предлогот на Нимиц. „Среќата на државата, европската и НАТО иднина е во рацете на премиерот Никола Груевски. Тој може да биде лидерот што ќе ги отвори вратите кон ЕУ и кон НАТО или да стане лидерот што ја затворил вратата за евроатлантските интеграции и го тргнал својот народ надвор од европското семејство“, додаде портпаролот на грчкото МНР. Тој истакна дека предлогот „Република Северна Македонија“ ги исполнува барањата на Грција. Ставот на грчкото МНР е дека е можно брзо да се најде решение на проблемот со името, се' додека постои соодветна политичка волја за тоа.

На новинарско прашање за името, јазикот и идентитетот, тој повтори дека тема на преговорите е само името на државата, а дека изјавите и ставовите за рефендум се само начин да се одолжи процесот. Грчкото МНР уште еднаш ја критикуваше македонската Влада за претставувањето на Грција во негативно светло пред народот, но и за обид за злоупотреба на позицијата на претседавач со Советот на Европа, со цел да ги промовира своите ставови.

Додека од грчкото МНР одбиваат да разговараат за јазикот и идентитет, инсистирајќи дека преговорите се само за името, германскиот пратеник и претседател на заедничкиот парламентарен комитет Македонија - ЕУ, Јоргос Шацимаркакис излезе со бомбастична изјава за Дојче веле дека новиот предлог на ОН за јазикот и идентитетот ќе биде „македонски“ напишано на латиница -makedonski. Шацимаркакис за оваа информација се повика на извори од Њујорк и смета дека терминот „македонски“ напишан на латиница ќе биде прифатлив за македонскиот народ, бидејќи им е разбирлив и е термин со кој израснале.

„Целосно ја разбирам чувствутелноста на прашањето за идентитетот, нацијата и јазикот. Мислам дека ние Европејците треба да ја разбереме оваа чувствителност и да помогнеме секаде каде што можеме. Треба да имаме јасна декларација за името на нацијата и јазикот, тие да бидат ’македонски‘, што е прифатливо за мене, а и за сите е прифатливо, вклучително и за јужниот сосед“, истакна Шацимаркакис. Според него, тоа е најдоброто решение што може да се вметне во меѓународното право преку резолуција на Советот за безбедност на ОН и дека очекува тоа да биде прифатено од луѓето. Шацимаркакис ги повика македонските власти да го прифатат ова решение затоа што идната грчка влада би можела да понуди многу полоша варијанта за јазикот и за идентитетот на Македонија.


#
Статијата е прочитана 3758 пати.

Испрати коментар

Од: Amabsador
Датум: 30.04.2010 00:18:16
Samo po sudski proces vo Hag (MSP) mozhe da se raschisti multilateralen problem so IMETO! Se drugo e mlatenje prazna slama. Ako sega ne reagirame so baranje vo OON za Sovetodavnoto za nelegalnite uslovi, pokasno ke treba da barame Mislenje od MSP za legalitet na rezolucijata so koja se nametnuva slozenoto ime od strana na Sovetot za bezbedost na OON!! Ovaa situacija ke bide mnogu poteshka odkolku sega da pocneme akcija za procenka na legalitet na uslovite vo segashniot status na RM vo ON!
Од: Prijatel
Датум: 30.04.2010 01:22:14
Prekinigo pregovoro toj nikogas nema da vi uspe edino vo ON ......
Од: nacional-patriot
Датум: 30.04.2010 02:55:51
Pak ovoj legendaren Jorgos Saci...kako i da e,sto i da e.Ajde sto ne razbira,ama toj e i naiven stom misli deka Makedoncite ke go prifatat predlogot za latinicna transkripcija.Ovoj predlog otkako ke bide odbien,Saci...kako i da e,neka si e,povtorno ke bide razocaran,kako sto bese koga razbra deka vlasta i makedonskiot narod ne prifakaat dodavka na imeto na drzavata.
Од: nekoj od EU
Датум: 30.04.2010 03:30:08
Ma kakvi makedonci..2/3 od naselenieto se TOTALNO nepismeni....onie pismenite se TOTALNO neinformirani i zabegani vo nekoi cudni krivini.. Onoj mal trezen procent go zalam-ne mu e lesno. Edino me interesira sto ako EU rece ajde kaj nas kako FYROM sto li ke izmisli Gruevski kako izgovor i koj ke mu bide kriv ?!
Од: glupaci EU
Датум: 30.04.2010 03:44:01
Prekin na pregovorite i tuzba za OON za krsenje na osnovnite povelbi i prava na sekoj poedinec....Tuzba i protiv EU za harassment i krsenje na principite na samoopredeluvanje.....Kako misli nekoj od ovie "umni glavi" koga nekoj Anglicanec ke me prasa koj e tvojot majcin jazik da mu obajsnam na angliski vo normalni okolnosti toa bi bilo: My native/mother language is Macedonian ili ako me prasa koja nacionalnost sum bi mu rekol I am Macedonian.....so predlozive bi bilo My native/mother language is Makedonski ili I am Makedonski....No Makedonski ne e nacionalnost Makedonec/Macedonian e
Од: didi
Датум: 30.04.2010 07:23:54
kako i da e ajrlij neka e.
Од: mene
Датум: 30.04.2010 08:12:14
A zosto ne makedonski jazik,narod i kultura na kirilica?
Од: the Macedonian
Датум: 30.04.2010 08:18:35
ma kakvi pregovori BRE! Koga FNRJ e primena vo ON primena i Makedonija kako federalna edinka. znaci kako praven subjekt!!! toa nikoj li ne go znae majka mu stara od vas novinarite pa da se izvadi toj argument na masa??? kakvi se tie pregovaranja sega FYROM, SEVER...stoe toa?? pa sami si pravime problemi oti ne se zapoznavame so sustinata na problemot i ne si gi znaeme site argumenti koi se nasa strana, znaci ne samo moralnite, tuku i formlano pravnite. a deka mnogu mi se ide u EU, IC ne mi se ide, pa neli geldate deka se raspagja i deka posle ovoj krah na grcija i ostanatite PARAZITI (nie nema da sme nisto podobri ako vlezeme) ke se revidira EU i pak ske si ostanat bogatite drzavi sami, a ostanatite ke se nekoja periferija (tuka sme i nie) . sto se zalazuvate lugje. dosta predavnicki razgovori, PREKIN na pregovorite!!! VEDNAS!
Од: novoselec
Датум: 30.04.2010 08:56:25
Do "mene": nam nikoj ne kje ni brani da pisuvame makedonec i makedonski na kirilica doma. Ama ima i megjunaroden soobrakjaj. E tuka grcite kje si go zadrzat na angliski "macedonian" a nie kje bideme "makedontsi people" a ne macedonian kako sto ne priznaa povekje od 125 drzavi. Vidis li deka se borat za ekskluzivno pravo na zborot makedonija i site derivati od nego od antickiot period navamu. Jas ne sum protiv toa ama protiv ekskluzivitet sum. I nie imame pravo da vleceme del od nasletstvoto od Aleksandar MAkedonski ne samo tie. A sto kje stane so makedoncite vo Egejska Makedonija ako go prifatime grckiot ultimatum zakluci sam.
Од: nekojsi
Датум: 30.04.2010 09:03:14
Do nacional-patriot: Vlasta i narodot VEKE prifatija promena na znameto, pa nikomu nisto. Uste i se kitime nasekade so "kompromisnoto"zname. Neznam zosto tolku placeme, ako ne si se dopagja ne mora da vleguvame vo EU i NATO. Nikoj so sila ne ne tera. Uslovite se tie, promena na ime. Ne veruvam deka nekoj vo istorijata tolku ne molele za kompromis. Obicno svetskite sili malku pogrubo go "resavale" naseto prasanje. Treba da se vidime koj sme i sto sme, ne samo da se inaetime. Mnogu narodi ( Kurdi, Tibetanci..) i nemaat voopsto svoja drzava. Na krajot na kraevite, Grcite 50 godini go gradea NATO, nie gradevme komunizam. Sega sakame kaj niv. Koj treba togas da popusti ?
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 30.04.2010 09:24:12
Predlogot latinicno "Makedonski" za identitet bez prevod e krajno degutantno i neprifatlivo.TOCKA!Ednostalno ne mozam da si zamisluvam deka MKskata vlada bi bila voopsto i podgotvena da razgovara na taa tema.Si pretpostavuvam da idam vo Germanska prodavnica da trazam "Makedonski Wein" namesto "Mazedonischer Wein (=Vino)"?!Se soglasuva li MKskata vlada so takvo neizreclivo za MKskoto dostoinstvo navredlivo resenie,taa bi bila pecena ne samo za otpovikuvanje,tuku i za tuzba poradi velepredavstvo!Pod razumen kompromis razbiram edino zamena za "FYROM" i nisto drugo!Ma kakvo ti smena na pasosi,ustav i sto ne red drugi bakraci!MKcite treba da istraat vo ovoj iracionalen spor,mada i po cena,da se rasparci i zagubi Drzavata!Duri so predlogot "Sev.MK" ne bi mozel da se soglasam,zosto MK treba da bide "unikatna" i prepoznatliva vo svetot pod toa ime i zatoa bi predlozil "Nova MK",vodejki smetka za istorijata.Taka volkot (=Grckite Bankrotasi) bi bil sit,i ovcite na broj!Pozdrav.Samo napred!!!!!!!
Од: IKI
Датум: 30.04.2010 10:10:33
Gi vidovte ekspertite koj ke go branat imeti i identitetot na MAKEDONIJA TESKO NA TAA DRZAVA kade LUDI MILENKO I BABA MIRKA se ekspertite na ovaa drzava zaedno so BURGDZIJATA KOJ GO BRANAT IMETO. recete kako sakate ama FIROM e najdobro resenie za razlika od novite predlozi bidejki tamu stoi bivsa ama republika makedonija
Од: од мене
Датум: 30.04.2010 10:12:37
ако србите прифатат да се нарекуваат геџи, бугарите гањо, грците јунанистанци, албанците шиптари, хрватите западни срби, словенците аустриски коњушари, тогаш ние би требале да размислиме дали да прифатиме македонски на латиница
Од: случајно или не...
Датум: 30.04.2010 10:45:13
Денес Марфи вели "Едно од нештата на кои историјата не учи е дека е најдобро ништо да не се прави и ништо да не се зборува."
Од: Harars
Датум: 30.04.2010 20:57:48
Решение? Генералниот секретар на ООН, во име на Генералното собрание, да се извини на Македонците, на Р. Македонија за грешката што тоа ја направи при повторното регистрирање на Македонија во ООН и да отвори дебата во Собранието за замена на референцата ФИРОМ со уставното име на државата - Р. Македонија или само Македонија. Со прифаќање на новото име Северна Македонија, по кратко време, ќе се практикува да не викаат Северномакедонци. Ништо нема да ни значи што мие ќе се викаме, чувствуваме, претставуваме Македонци. Најновите, биометриските пасоши, нема да бидат валидни - ќе мора повторно да вадиме нови пасоши. Во случај на некое аплицирање во странство ќе мора да направиме многу административни измени секаде каде пишува името Македонија, македонско. Ќе имаме многу главоболки, невози, трошоци... Ќе мора нотарски да ги извршуваме измените во документите за раѓање, брак, во школските дипломи... Во таков случај нека ни е Господ на помош. Или сами да си помогнеме - никаква промена на име
Од: Bitolcanec
Датум: 01.05.2010 03:48:15
Nemozam da razberam kako mozi da se razgledva predlog vo koj sto nacijata ne e spomnata kako makedonci/macedonians i jazikot makedonski/macedonian!?Treba da bidi javno izjaveno od nasiot drzaven vrv deka ako vo koj i da bilo predlog toa ne e jasno naglaseno toj predlog avtomatski ke bidi otfrlen!Neznam zosto toa dosega javno ne mu e preneseno na Nimic!?
Од: Драган
Датум: 01.05.2010 05:41:42
Груевски веќе го прифати името Северна Македонија, макар да го кажа тоа одоколу. Само што нема смелост тоа јавно да го признае пред народот плашеќи се за својот рејтинг. Ако не прифаќа име различно од Република Македонија требаше одамна да ги прекине преговорите. Штом оди на преговори, значи прифаќа друго име.
Од: srebre
Датум: 01.05.2010 08:46:59
sto pov vr sto polosi predlozi i na kraj ni make nema da dozvolat,grcite nudea do segs severna sto e podobro od rep sev,1992 nudea nova,mak zagrada skopje a sege vikat kraen predlog grujo ne se prci prifati severna e podobro od rep sev,imeto istoriski e nivno.
Од: stip
Датум: 01.05.2010 09:33:00
ke se slucuvaat losi raboti za nasite politicari ako ne gi prekinat ovie glupi pregovori.. nesakam da mi izigravaat kumovi. a... ne.... se......
Од: dedo dimo
Датум: 01.05.2010 09:37:42
Za svetot REPUBLIKA MAKEDONIJA a Grcite mozat da ni se obrakaat bilateralno so Severna republika MAKEDONIJA .Toa e moja CRVENA LINIJA i zbogum. Ako ne sakaat ,togash pregovorite e vreme da prestanat .Grcite ne se pozelni za kumovi .

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Стразбур води дијалог со Софија за македонското малцинство
Болните како маратонци