Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Идната недела стартува изградбата на надземниот премин на Бит-пазар

Најпрвин ќе се копаат темелите од страна на грнчарската продавница, спроти Здравствениот дом


Претставници на фабриката „Карпош“ и на Општина Чаир вчера официјално се договориле од 15 септември да започнат градежните зафати за изградба на пешачкиот премин на Бит пазар. На средбата било констатирано дека испитувањето на земјиштето веќе е завршено и има подземен катастар за поставеноста на електричните кабли и фекални и водоводни цевки.

Договорено било темелите на цилиндричниот пешачки премин да се ископаат најпрвин од страна на грнчарската продавница, спроти Здравствен дом Бит-пазар. Оценето било дека токму таа страна е покритична, бидејќи според подземниот катастар од таму минувале повеќе цевки и електрични кабли. Надлежните од Општина Чаир велат дека најдобро е да почнат ископувањата за прецизно да се види дали може да се оди со отстапки на темелите на надвозникот за половина до еден метар, или можеби ќе треба да се поместуваат инсталации.

Градежните зафати треба да завршат до крајот на октомври, кога пешачкиот премин ќе биде подготвен за употреба. Преминот ќе го одржува „Акцент медија“, а за возврат на него ќе користи рекламен простор.

Од Чаир нагласуваат дека покрај скалите, преминот ќе има лифтови и тоа и од страната на аптеката „Зегин“ и од кај грнчарската работилница, а со нив ќе управуваат вработени лица. Тие ќе им помагаат на старите и на лицата со инвалидски колички да се искачат на преминот. Сегашниот земен премин комплетно ќе биде затворен со жардиниери и метална ограда, со цел целиот пешачки сообраќај да се пренасочи на надземниот премин, кој ќе биде изграден од бетон и плексиглас. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 1066 пати.

Испрати коментар

Од: mkd
Датум: 12.09.2009 08:11:37
Vaka ubavo izgleda ama ako opstinata ne naznaci vednas lica koi ke go cuvaat i odrzuvaat crno mu se pisuva
Од: Милан
Датум: 12.09.2009 11:32:58
"...Надлежните од Општина Чаир велат дека најдобро е да почнат ископувањата за прецизно да се види дали може да се оди со отстапки на темелите на надвозникот за половина до еден метар, или можеби ќе треба да се поместуваат инсталации. ..." Да ли повторно започнуваме градежни работи без да знаеме колку ќе чинат? Некој треба да им објасни на "... надлежните ..." дека нивните недоумици и разните непознаници треба да бидат разрешени во главниот проект за објектот, а не на лице место. До кога ќе ги применувамe ваквиот пристап во изградбата на буџетските објекти? Крајна техничка неписменост !!! Срамота!!!

Најди! во Утрински
Скопје
Aнтички скулптури и на пешачкиот мост „Око“
Нова линија „60“ од Сарај до Матка
Латиновски се пофали со канализации и улици