Нова линија „60“ од Сарај до Матка
Нова автобуска линија со број „60“ на делницата од Сарај до Матка ќе сообраќа во неделите и за државните празници. Одлуката да се надополни постојниот возен ред со оваа линија ја донесе Градот, а целта е да се подобри пристапноста и сообраќајната комуникација на граѓаните до ова излетничко и туристичко место. Од Сарај за локалитетот Матка автобус ќе поаѓа рано наутро во 8 часот, а потоа следниот ќе трга во 12,30 часот. Уште три автобуси ќе има во 14 часот, во 15,10 и во 18,40 часот. И од Матка кон Сарај ќе има автобус рано од 8,30 часот, а потоа следните поаѓања се прецизирани за 13,30, 14,30, 15,30 и 19,10 часот. (Сн.К.)
|