Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

„Феникс“ ги врати од мртвите

Некои луѓе ги споредија спасувачките напори во рудникот со вселенската мисија „Аполо 13“

Сантијаго - Состојбата на чилеанските рудари се следи со големо внимание од моментот на нивното влегување во капсулата „Феникс“ се' до нивното излегување на површината.

Рударите пред да влезат во капсулата мора да примат висококалорична течна храна, дадена од НАСА со цел да се спречи појавата на нагони за повраќање за време на патувањето со капсулата до површината низ спасувачкиот тунел.

Во капсулата се наоѓа камера преку која се следи евентуалната појава на паника. Пулсот, температурата на кожата и дишењето на рударите се следи постојано со помош на биомонитор поставен на нивното тело. Сите носат маски за дишење, а со цел да се спречи појава на згрутчување поради брзото искачување рударите пијат аспирин и носат затегнувачки чорапи. Тие се добро облечени со топли алишта, бидејќи под земјата температурата изнес��ва 32 степена Целзиусови, а додека на површината температурата се движи околу нулата. Рударите кои излегуваат на површината во текот на денот се опремени и со темни очила.

Во близина на површината тунелот е зајакнат со челични прачки. Тука тунелот се наоѓа под агол од 11 степени, а потоа се движи вертикално кон внатрешноста до просторијата во која се наоѓаат рударите.

Спасувачката капсула „Феникс“ е изработена од страна на чилеанските поморски воени сили. Таа е широка 53 сантиметри и се движи низ заоблен тунел до просторијата која се наоѓа на 624 метри длабочина. На страните од капсулата се поставени тркала со амортизери кои треба да ги ублажат ударите во карпите. Просторот меѓу капсулата и ѕидот на тунелот изнесува приближно пет сантиметри.

Постојат три капсули со различна големина. Нивната должина варира од 2,5 метри до 4 метри. Тие се опремени со кислород за дишење во времетраење од 90 минути. Целокупната операција за спасување на еден од рударите изнесува околу 55 минути. За 20 минути капсулата стигнува до просторијата, за уште толку рударот влегува во неа, а за 15 минути капсулата се извлекува на површината.

Првичниот план предвидувал спасувањето да биде изведено со помош на две поголеми верзии на „Феникс“ со резервен излез низ кој рударите со помош на јаже би можеле да се вратат до просторијата доколку се заглави капсулата. Но, таа варијанта е отфрлена поради опасноста за безбедноста на рударите и властите решиле да ја употребат помалата капсула. Помалата капсула е посоодветна, бидејќи тунелот не е вертикален, ниту заоблен по целата своја должина. Поголемата верзија би можела многу полесно да се блокира на некои од свиоците.

Евакуацијата на сите 32 чилеански и еден боливиски рудар се очекува да трае два дена. Рударите се поделени во три групи. Први излегуваат оние што имаат најдобра здравствена состојба и кои би можеле полесно да се справат во случај да се заглави капсулата.

Откако ќе бидат отстранети сите технички проблеми и опасности, ќе бидат извадени најслабите. На крајот, ќе бидат извлечени сите останати.

Рударите поставија нов светски рекорд за најдолг престој под земја по уривање на рудник.


#
Статијата е прочитана 457 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Рударите излегоа на површина
Германија влезе во Советот за безбедност
Доби државјанство по 101 година






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria