Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Педесет деца-бездомници згрижени во Скопје

Неизмиени со денови, на секој можен начин
се обидуваат да измолат пари за храна

Најголем проблем со бездомниците има во главниот град, каде што се отворени неколку центри за згрижување на сите кои што немаат покрив над главата. Никој не ја знае точната бројка на бездомници, оти таа постојано варира.

„Моментно има два прифатни центри за згрижување во Чичино Село и во Љубанци, кои се управувани од државата, и еден новоотворен интервентен пункт во населбата Момин Поток. Тој е наменет за интервентно сместување на овие лица и е управуван од Црвениот крст, со поддршка на град Скопје“, велат надлежните од Министерството за труд и социјална политика. Во овие центри  се сместени 138 лица од земјава со нерешено станбено прашање. Меѓу нив има и цели семејства со мали деца. Сега во двата центра во Скопје се згрижени дури 50-ина деца.

Сместувањето во прифатните центри е на доброволна основа. Тимови на социјални работници ги прибираат безбедмниците од улиците и ги згрижуваат. Но, често се случува и граѓани да пријавуваат некој бездомник како лежи смрзнат на клуп��те, во парковите или во близина на железничката станица. „Некогаш реагирале и по пријава на полицијата, или и самите бездомници доаѓаат и бараат помош и храна кај нас“, велат скопските социјални работници.

Без приходи, без семејства, оставени сами на себе, бездомници од внатрешноста на државата се' почесто доаѓаат во главниот град, надевајќи се на подобар живот. Но, и тука завршуваат на улици, често болни, со гангрена и рани по телото. Дел од нив, и покрај обидите на институциите, одбиваат згрижување. Тврдат дека не ги прифаќа средината, дека преживувањето надвор е нивниот стил на живеење...

„Најчести проблеми при секојдневната работа на стручните тимови е обезбедувањето лична документација за бездомниците. Потоа нарушената здравствена состојба и честата миграција на овие лица“, нагласуваат социјалните работници. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 485 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Срамниот крај на Божидар Д.
Сонуваат топол дом, а живеат на улица
Вербатим
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run