Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Македонија

Поречието ја крие човечката рипка

Раскошната пештера Пешна е вистински предизвик за спелеолозите од странство што доаѓаат да ја истражуваат

Моника Талеска


МАКЕДОНСКИ БРОД - И Македонија има свои спелеолошки богатства и пештера слична на атрактивната Постојнска јама во Словенија. Во прегратките на Поречието се наоѓа раскошната пештера Пешна, која ја крие човечката рипка. Спелеолози од Франција секоја година доаѓаат и истражуваат дел по дел од убавините на оваа пештера, а многу нивни колеги од земјава и од странство уживаат во прекрасните украси на многубројните пештери во овој регион. Локалната самоуправа од Македонски Брод вложува напори со сопствени средства и средства од странски донации да реали��ира што повеќе проекти за уредување на влезовите и нивна заштита. Настојувањата на градоначалникот Милосим Војнески се што повеќе да се развива алтернативниот спелеолошки туризам во овој крај.

Моментално активностите се фокусирани кон најголемата убавица, пештерата Пешна. Влезот на оваа пештера е посебна атракција. Дијаметарот на влезот е со големина од 50 метри. Само што ќе стапнете чекор-два во тремот на пештерата, температурата станува пониска за 6-7 степени. Се слуша силен звук од реката што понира низ пештерата и протекнува надвор, разубавувајќи ја и така прекрасната природа. Во височините на самиот влез летаат ендемски лилјаци доколку бидат вознемирени од посетителите. Од десната страна се видливи остатоци од тврдина за која се претпоставува дека датира од римскиот период, а лево над текот на реката има извајана глава на лав, најверојатно од мермер, што асоцира дека овој простор во одамнешно време бил населен. При самиот влез може да се забележат два помали отвора, кои, всушност, се врати за влез под земја. А на 200 метри под нивното на земјата се наоѓа мало езерце каде што живеат рипки со човечка кожа.

„На 200 метри под земја има откриено езерце во пештерата, каде што живеат ендемски риби со човечка кожа, што досега го имаше само во поранешна Југославија, во пештерата Постојна. Се надевам дека нашата пештера ќе биде конкуренција на таа пештера и уште поголема атрактивност за нашите посетители“, вели Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.

Тој додава дека Општината вложува напори да обезбеди средства за заштита и на јатото ендемски лилјаци што имаат значајна улога во одржување на биосистемот. А годинава ќе се работи интензивно на уредување на дел од пештерата, со цел да биде адаптиран за туристички посети.

„Со донација од норвешката амбасада во земјава, веќе го уредивме патот што води до пештерата. Сега е лесно пристапен, сите граѓани што имаат желба може да дојдат и да уживаат во убавините во влезот на пештерата Пешна“, потенцира Војнески.

Општина Македонски Брод едновремено настојува да реализира проекти за заштита и за уредување на другите 14 пештери во регионот. Според спелеолозите што ги затековме во пештерата Овчарска во близина на селото Слатино, ако не се преземат мерки за заштита на влезовите, овие природни реткости може да се уништат.

„Ако продолжат да се посетуваат, многу бргу ќе бидат девастирани овие пештери, затоа треба што поскоро да се преземат мерки да се обезбеди нивна заштита. Особено треба да се заштитат влезовите на пештерите, зашто често љубопитни граѓани може да влезат во пештерите, но тоа може да биде опасно за секој човек што претходно не е обучен или барем да биде во придружба на спелеолог“, вели Дејан Вериго, спелеолог од Црна Гора, кој со своите пријатели беше дел од неодамнешниот спелеолошки камп, лозиран во близина на селото Слатино. Неговите колеги од земјава и од странство се воодушевени од пештерските украси.

„Пештерата Овчарска е многу е мала, но прекрасна, со сталактити и сталакмити. Внатре е топло, во однос на пештерите во Полска и во Романија каде што е многу студено“, објаснува Томаш Павловски, спелеолог од Полска. И Дарко Јованоски, млад спелеолог од Прилеп, е импресиониран од убавините на оваа и на другите пештери.

„Убавините во пештерата, украсите, коралите, големината на пештерата... Секоја пештера има посебна убавина, сето тоа ме влече повторно да влегувам во овие природни одаи и да уживам во мирот, спокојот и тајните што ги кријат. А Поречието е навистина мошне богат регион со овие природни реткости“, смета Јованоски.

Овде често се одржуваат спелеолошки кампови, а токму овие спелеолози, всушност, се вистинските промотори на алтернативниот спелеолошки туризам во Македонија, кој Општина Македонски Брод со максимални напори настојува да го развива.


#
Статијата е прочитана 1196 пати.

Испрати коментар

Од: Партизанот
Датум: 09.07.2011 12:37:48
Се убаво кажано ама друг пат ставете некоја слика да се долови убавината уште повеќе, кај се тие сталагмити и сталактити човечки рипки подводни езера има ли некакво осветление патеки огради. Така само ќе идат авантуристи од странство да се спуштат како пајаци со јажиња што и не е некој туризам. Инаку за девастирањето имаме и ние збор за тој термин ( уништени).
Од: Marina
Датум: 09.07.2011 15:22:36
Peshterata "Peshna" e prekrasna prirodna retkost - koj ne ja posetil, vredi da odvoi eden vikend i da se prosheta.
Од: девичанецот
Датум: 09.07.2011 23:37:19
Почитувана Моника! Селото е Слатина....Во поречието нема село Слатино! Слатино е во Дебрца...откаде што потекнува мојот колега пензионер Б.Ц.

Најди! во Утрински
Македонија
Африкански бран над Македонија
Прием во американската амбасада
.... И уште нешто

"""