Време
Африкански бран над Македонија
Топол воздушен бран што дојде од северните делови на Африка во Македонија наредните денови ќе донесе високи тропски температури, кои ќе бидат близу 40 Целзиусови степени. Времето ќе биде сончево и многу топло. Утре дневната температура ќе се искачи до 39 степени, колку што ќе биде и в понеделник. Вторник, среда и четврток живата во термометрите ќе оди само степен и на места два степена подолу. Во вторник и в среда ќе има услови за слаб краткотраен дожд, но врнежите нема да предизвикаат значителни температурни промени. Напротив, во овие два дена ќе биде исклучително топло и запурно. Метеоролозите порачуваат поради високата вредност на УВ-индексот во периодот од 11 д�� 16 часот да се избегнува изложеност на дирекнотото сончево зрачење. Секако, да се почитуваат и препораките на Министерството за здравство. (Сн.К.)
|