Verbatim
Не знам дали 90 проценти е точно. Но, принципите на Рамковниот договор се усвоени. Дали е тоа совршено? Не, не е совршено. Неговата примена беше голем проблем, во тој поглед тоа е некаде на средината
Џемс Пердју, поранешниот заменик-генерален секретар за операции во НАТО и олеснувач на преговорите во 2001 премерува како се реализирал Охридскиот договор
Ќе бидат преземени сите неопходни дејства за да се обнови редот. Велика Британија нема да дозволи култура на страв да ја завладее земјата
Дејвид Камерон, британскиот премиер покажува колку се властите решителни да се врати безбедноста во Лондон |