Поглед
Утната математика
Јасмина Јовановска
Фондот за здравствено осигурување по се' изгледа е скаран со математиката. Како финансиер, заглави во калкулациите со пререгистрацијата на невработените иако со пресметките што секојдневно ги прави треба да му одат како песна.
Математиките на Фондот велат дека дневно ќе може да опслужуваат по 1.100 невработени, а практиката покажува дека не може да се пријават, односно да опслужи ниту едвај 700. Процените се дадени врз база на тоа дека се потребни четири минути за еден вработен да ги поднесе документите. Се разбира, ако нема никаков застој и шалтерските работници не одат ни на пауза за лични потреби.
Како, тогаш, до први септември ќе стасаат да се пријават 48.000 невработени колку што останаа за пререгистрација? Особено ако се знае дека до крајот на месецот има уште 21 дена со се викендите. Колку и да се трудат од Фондот да ја завршат работата, нема да успеат тоа да го сторат за 21 ден колку што им преостануваат до крајниот рок. Или, ќе мораат повторно да си го продолжат работното време.
Сега откако се виде дека не се подготвени добро, од Фондот се бранат дека невработените чекале „пет до дванесет“. Тогаш, зошто не дадоа повеќе пати огласи во јавноста? Ако можат да се расфрлаат со пари за меѓународни конкурси, така можеше Фондот да даде повеќе пари за реклами за невработените.
Колкава била п��требата од поттикнување на невработените покажува и фактот што откако Фондот се закани дека ќе ги остави без сини картони, сите потрчаа и се создаде метеж. Да видиме сега каква формула ќе смислат да ја завршат обврската во предвидениот рок! |