|
|
|
|
|
|
СДСМ напаѓа и со метли: „Госпоѓо министерке, каде се па-ри-те?“
Театрална расправа за интерпелацијата против Елизабета Канческа-Милевска
Светлана Унковска
Немаше кој да ја одбрани министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на вчерашната расправа во Собранието за интерпелацијата против неа.
Повеќето од фотелјите на пратениците од мнозинството беа празни, а во првите две ударни редици немаше речиси никој. На силните напади од опозицискиот СДСМ, со бледи и неуверливи одговори излегуваа пратеничките од последните редови, кои досега ретко се експонирале.
Дури и самата министерка оставаше впечаток дека на моменти се губи во говорењето. Во набрзина прочитаното образложение, таа не изложи ниту еден поцврст контраргумент на обвинувањата на опозицијата за исчезнувањето на тендерската документација за „Скопје 2014“.
Сепак, случајот „Патриотска метла“ беше доволно инспиративен за опозицијата, која на вчерашната седница дојде вооружена со метли. На тоа нервозно реагираше претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, порачувајќи им на опозиционерите прво да го изметат сопствениот двор или да зачистат пред парламентот.
„Надвор не е изметено, може да одите да зачистите“, забележа Вељаноски. Но, тоа не ги поколеба опозициските пратеници, кои на секое излегување на собраниската говорница ја носеа со себе и метлата, со која мавтаа на секое споменување на аферата „Патриотска метла“. И додека пратениците од власта аплаудираа на крајот од обраќањето на Канческа-Милевска, опозицијата мавташе со метли. Тие бараа министерката сама да си замине или да биде разрешена.
„Македонија е претворена во оаза на криминал, станавме земја на незаконското работење на Груевски и фамилијата, но министерката Канческа ја премина секоја мерка. Исчезнувањето и уништувањето на тендерската документација е мегаафера со перење пари, а министерката е на врвот на пералницата.
Таа нема никаков морален ниту каков било легитимитет да ја извршува својата функција и затоа разрешете ја“, порача Игор Ивановски од СДСМ, кој во ноември ја отвори аферата со исчезнатата тендерска документација.
Милевска, пак, набројуваше што се' е сработено во нејзиниот ресор. Спомна дека во Битола го издаваат Центарот за култура, дека се вработени 480 лица во културата, дека платите се зголемиле за 60 проценти. На крајот таа кажа и дека МВР не нашло криминал во случајот со тендерската документација.
„Од МВР јавно кажаа дека недостига само дел од документацијата од посочените 14 предмети и ги потврдија ставовите на Министерството за култура дека не е исчезната финансиска документација и финансиски договори со милионски суми. Господинот Ивановски бесправно ја манипулира македонската јавност за исчезната документација од 20 милиони евра“ рече Милевска.
Реагираше Јани Макрадули од СДСМ: „Госпоѓо министерке, каде се па-ри-те, ќе кажам во слогови за полесно да разберете. Никој не ви дозволил да земате дополнителен хонорар од 40 илјади денари секој месец“. |
#
|
Статијата е прочитана 1984 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 16.12.2010 12:14:41 |
|
Se bidna kako i se ocekuvase, no permanenten pritisok e poznata metoda, a samo na onie od ona nepopularno vreme im uspo da ne popustat. SDSM neka prodolzi so ovaa presija pa belki imaat najslaba alka (a site se slabi), bidejki ima takvi cvrsti patrioti-samonasloveni , koi se tolku hrabri, cesni i lugje. Ej, pa nie ucevme za lugje, covek, kolku toa gordo zvuci, zaboraviv od kogo e taa misla, pa mora da prasam nekoj VMRO-ove(ci)-tie se pompladi mozebi znaat, ili onoj sto go,citirase vcera Cehov. Da toa e vistinskiot izbor, da gi prasas i baras sovet, bidejki site ke kazat, neli, zad dobrim konjem, prasina se dize. |
|
|
|
|
|
|
Од: kavadarci |
Датум: 16.12.2010 12:17:36 |
|
А бе Бранко што направи? Вчера метли, денеска лопати подели му на твоите да го изринат снегот околу собранието да видиме и ние некој аир од пратенициве :D |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 16.12.2010 12:29:15 |
|
Ептен примитивно да некој се подбркува со метла,во време на напредна технологија.Па така очекувам власта кога некого ќе забрка за трошење народни пари(омилена фраза на опозицијата) како на пример онаа НАДЕЖ ќе се употребат правосмукалки,дали обични ��ли на пареа останува да видиме.А можеби парите потрошени за НАДЕЖ некој ги донел од дома,па така ќе куртули од правосмукалките. |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 16.12.2010 13:06:09 |
|
што е многу многу е .вмровци од каде ништо не направија туку само не испокрадоа и осиромашија а министерството за култура кое во предходните влади никој не го сакаше сега во оваа влада е пералница на пари,затоа минестерке доколку зборувате за доблес и морал самите требате да си дадете оставка и вашиот случај да го препуштите на судските институции како предмет на кривична постапка. |
|
|
|
|
|
|
Од: virulenten komunalec |
Датум: 16.12.2010 13:41:45 |
|
More raduvajte se koga se seuste vo upotreba dobrite stari metli ama ako se snadbat so RAIN BOIN..masini usisivaci ..sto ke bide togas tie imaat avionski motori.....!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 16.12.2010 13:55:14 |
|
Децата кога како мали ќе посегнеа да ни здиплат некое париче за плус сладолед, ги казнувавме, богами и шлаканици играа. Е, за волку украдени пари од МОЈОТ и ВАШ новчаник, малку се метли. Треба да заигра вистински ќотек. |
|
|
|
|
|
|
Од: d.t.a Kavadarci |
Датум: 16.12.2010 14:17:19 |
|
I SDSM sakaat da odime vo EU. Pa so vakov prostotilok nema nikade da stigneme. Kolku sakaat pooriginalni i poubedlivi da bidat SDSM samo uste poveke samite si go kopaat grobot. Pa nie kako dasakame da ni se potsmevaat site ne samo vo Evropa tuku i posiroko. Utre sto ne ocekuva posle metlite i zoltite kratki rakavi-CADORI ZA SONCE I TEMNI NAOCARI?Sramota za takvi intelektualci kako niv. |
|
|
|
|
|
|
Од: Лонче и капаче |
Датум: 16.12.2010 14:45:18 |
|
Е ФЕЛИКС ептен култивирано беше кога твојата „тајфа„ во 2004г.со тенџериња и лонци „дебатираше„ во собранието а кутлачите ги користеше за почеток на „ мечот„А за криминал со милионски цифри од Скопје 2014 и Надеж да ги споредуваш треба да си пациент од Негорци.А за правосмукалки„ ЊАМА„ пари или може да се искористат од кредитот од ММФ, ама нема да користат зошто прав нема ,туку „малтер „од криминал ,па затоа наместо правосмукалки нека се купат бушилици и багери ,а ти можеш да бидеш „ШЕФ САЛЕ„ и со лопатите да го складираш сметот..Среќно! |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 16.12.2010 14:53:46 |
|
Vie metete, a nim peralnata i ponatamu ke im raboti so polna parea. Ako mnogu metete i laete moze i da se smiluvaat da frlat nekoja troska i za nekoj od vasite, kolku da vi gi zatvorat ustite,barem za nekoe vreme.Posle se odponovo. |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 16.12.2010 15:30:02 |
|
Навистина каде се парите?Ако оваа гарнитура на власт троши 200 милиони евра за општествени зданија,каде се трошеле толкави н а р о д н и пари додека некои други беа на власт,а не се градеше ни филхармонија,ни судска палата,ни музеи,ни споменици!Навистина,каде одеа тие пари? |
|
|
|
|
|
|
Од: Biba |
Датум: 16.12.2010 15:35:31 |
|
Pa iskreno i ne mu stoi loso metla vo raka koga drugata rabota ne im odi, no sala na strana sdsm se poveke i poveke se defokusiraat od ona za sto se izbrani od narodot a toa sigurno ne e da bidat so metlata vo raka. Neznam sto ke bide sledno od niv no navistina sekoj den iznenaduvaat so novi idei i rekviziti i idei sto voopsto ne i lici na edna politicka partija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dance |
Датум: 16.12.2010 15:38:54 |
|
Zalno bese i tazno da se gleda ranetata lavica od zunglata na Gruevski kako vo Parlamentot vcera kako pokisnato mace se branese sama. Kade li i se sokrija nejzinite silni sopartici i koordinatorkata na pratenickata grupa. Ako metlite vcera ne ja vrazumija bogami lisici ke ja vtasaat ako prodolzi kako slep podanik da go slusa i da mu sluzi na svojot mentor/ |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 16.12.2010 15:41:32 |
|
G-dine Felix,povtorno navivacki,pravis samo paraleli na "somnitelnite pari",kaj dvata tabori,no svesno ja ispustas paralelata so odnesuvanjeto vo
parlamentot.
Tuka trebase da napravis paralela,za da sogledame koja "tehnologija" e ponapredna,ona so koreografija za "nocta na vesticite" ili pak ona so koreografija za "Vasilica" i "Procka"???????????
Pak si ostanal bez flomaster!!!!!!!!! Steta!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 16.12.2010 15:58:25 |
|
Што да прават кога Грујо ги испотроши сите рачки за лопати. |
|
|
|
|
|
|
Од: g.j |
Датум: 16.12.2010 16:04:40 |
|
Namesto za metli da dadea pari po eden sendvic da im kupat na bezdomnicine vo gradov .Ali na kogo pa ja mu pisuvam |
|
|
|
|
|
|
Од: Неготино |
Датум: 16.12.2010 16:30:31 |
|
Од кај да најде Бранко лопата?Лопатариот ги искрши сите! |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 16.12.2010 17:14:06 |
|
E Jovane , dodeka prerodbenicive frlija milioni vo kic i ispraa isto tolku milioni i gi prenesoa vo Ceska, segasnata opozicija izgradi 200 km avtopat i hidrocentrala, A Srecko edno prasanje za tebe zosto seuste obvinitelstvoto ne pokrena postapka za pateticnata NADEZ, sakas odgovor: nema kriminal, se e spored zakonot, da imase i malku prekrsuvanje na zakonot ce go apsea BC, toa bese samo obid za ocrnuvanje. |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 16.12.2010 19:58:26 |
|
Е ова портокаловава боранија само знае во одбрана да каже ( и излаже ) дека и другите така правеле..Никој друг досега не е фатен со 4 станчина на мама, со пензија и плата во исто време, па и со големи хонорари покрај платата...Ниту пак државните ревизори наоѓаа во извештаите милионски „непокриени “ суми , кај министерствата.... Кај овие „патриоти“ портокалови , овие работи се најнормална работа..Само , некој е ненормален во ста оваа работа! Дали народот или .... |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 16.12.2010 21:38:57 |
|
Овие нашите деца кои си играт власт,гарант имат некој хендикеп од детството кој им оставил длабоки траги.Тие се фалат дека имале програма пред изборите.Дали народот ги гласаше за ова програма.Или беа напишани толку многу страници а македонскиот народ наивен неможејки да ја прочита таа толку голема програма се излажа.Кога деца те лажат најмногу боли.А нема каде да си ги лекуваме болките.Се уништија.Научиле некои штосеви само како се перат пари и како добро се транспортират во странство.Но верувам нема да биде далечно времето кога ке ги и��пратиме.Барем и ова трулото што останало да не ни го испокрадат. |
|
|
|
|
|
|
|
|