Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Дивите градби ќе станат легални

Дивоградбите конечно „влегуваат“ во собраниска процедура откако завчера Владата даде зелено светло за Предлог-законот за третман на бесправно изградени објекти. Во законски рамки ќе бидат ставени само дивоизградените објекти што претставуваат градежна и функционална целина со комплетно изведени градежни и инсталатерски работи. Бесправната градба треба да исполнува соодветни стандарди за статика, за заштита на здравјето на луѓето, за заштита од пожар и на животната средина.

Министерството за транспорт ќе ја спроведува постапката за легализација на градбите од значење за државата, а општините за градбите со намена производство, дистрибуција, сервиси и домување во станбени куќи. За да се легализира еден објект, треба да се поднесе барање до надлежниот орган во рок од шест месеци од денот на стапување во сила на законот, по што специјална комисија ќе врши идентификација на бесправните градби. Надлежниот орган треба во рок од три месеци од поднесување на барањето да утврди дали се исполнети условите за издавање урбанистичка согласност, а потоа општината за пет работни дена да изготви пресметка за надомест со што би се утврдил правниот статус на објектот. Сопственикот на градбата ќе може да го плати надоместокот во рок не подолг од шест години.

Висината на надоместот ќе зависи од намената на објектот. За станбените куќи надоместокот изнесува 0,5 проценти од вкупниот годишен приход на членовите на семејството остварен во претходната година и помножен со квадратите изградена површина, додека за производните објекти и сервисите е ист со висината на надоместокот за уредување градежно земјиште.

Сопствениците на бесправните градби што ќе добијат правен статус, а се изградени на државно земјиште ќе треба или да го откупат земјиштето во рок од три месеци од легализацијата на објектот или да склучат договор за долготраен закуп. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 1974 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 16.12.2010 12:27:13
Super, uste edna potvrda deka vo ovaa drzava netreba nisto da plakas bidejki eden den se ke ti bide i onaka oprosteno
Од: od gandi
Датум: 16.12.2010 13:04:09
daj boze i so pomin neka e se sto e divo da stane pitomo
Од: trajan
Датум: 16.12.2010 13:16:46
Овој закон ќе падне на Уставен суд.Граѓаните во Република Македонија се еднакви пред закон и се должни еднакво да ги исполнуваат обврските према државата.Комуналиите за градба на стамбени објекти,индивидуални куќи и др. ги одредува државата во зависнот од Општината ,местото(градот) каде што треба да се гради објектот,па заради тоа е различна цената на становите во Репуликава и во целиот свет.Со овој предлог, комуналиите да се плаќаат по 0,5 % од остварен годишен приход на семејство за претходната година, помножено со квадратурата на куќата,граѓаните се доведуваат во нерамноправна положба.За еден стан од 100м2 ,сопствениците ќе платат ралична цена,иако двете куќи се една до друга,само заради тоа што семејствата имаат различни плати.Како можно личната сопственост да се изедначува со колективната(семејство) сопственоста .Законот уште не донесен ќе падне на Уставен суд,па на Владата после ќе и бодат криви Уставните судии и Б.Ц.
Од: arhimed
Датум: 16.12.2010 16:05:16
Ako vo semejstvoto ima 6 lica i ostvaruvaat vkupen godisen prihod od 20000 evra, 0,5% e 100evra po metar kvadraten. Ako pak ima 3 lica so vkupen prihod od 10000 evra, za istiot metar ke treba da platat po 50 evra. nezavisno dali e vo centarot na Skopje ili na periferija na nekoja palanka.
Од: Vesso
Датум: 16.12.2010 18:10:57
Ne e cesno legaliziranje na divite gradbi.Rabotev od 1967.Pribidejki ziveev so roditelite,ne mozev da soberam bodovi za dobivanje stan ili kredit.Isto i zena mi.Se sedese za gasbe pod kirija.Kreditot za nekolku godini stanuvase nisto.A za kasnenje na gradbata,lugeto dobivaa po 15-25 iljadi marki otsteta.Klusev gi doprodate za 1-3 iljadi marki.Poradi ova nesto,Slovenija vovede rorizacija na stambenite krediti se do pocetokot na 1960 te.Ne mozejki poinaku ,napravivme dogradba na barakata.I dosta poveke od dozvolenoto.Ne e zakonski-tocno.No dali e cesno vo socijalizmot kako site bozem ravnopravni,nekoi dobija loto od po 100.000 marki,a nekoi nisto.A jas i zenami izdvojuvavme za toj solidaren stanben fond preku 30 g.Ziveeme so skromna moja penzija.Bolen sum od leukemija i dijabetis.Zena mi ima indicii za operacija po praznicive.Da ne redam.Edvaj skrpiv za otkup za zemjisteto,koe go plativ celo,pribidejki sestrami e nevrabotena ,kako sopstvenik na barakata.Mnogumina nemaat ni po evro .
Од: viktor
Датум: 16.12.2010 18:13:49
Podrska za zakonot. So zakonot ke se resi eden golem problem so koj se preokupirani graganite na Makedonija. So nego neka bidat opfateni site divograbi (kuki,zgradi itn), koi gi ispolnuvaat soodvetnite standardi za statika, za zastita zdravjeto na ljugeto,itn.
Од: pero petrov
Датум: 16.12.2010 21:11:53
A shto biva so DOGRADBITE na balkonite niz celo Skopje i Makedonija koi "uzurpiraa" sosema mala kvadratura nad kvadraturata na balkonite shto im pripagjaat na stanovite?
Од: kazablanka
Датум: 16.12.2010 23:17:03
nekoi luge plakaa komunalii po 10 000evra a sega ovie divcaci po 500 evra kade go ima ovoa. kakva vlada takva drzava.site da pocneme da si gradime kaj sto saka,u stip koj vide dobro mesto odma go okolce pogotovo vladeackata garnituta partiski vojnici spioni

Најди! во Утрински
На прво место
СДСМ напаѓа и со метли
Шврговски
Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за Слободанка Јовановска и за Виктор Габер
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks