Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Моратинос чека да се реши името

Македонија ја чекала фантастична иднина ако го реши спорот

Слободанка Јовановска

Компромис за фантастична иднина - го нарече шпанскиот шеф на дипломатијата и претседавач со ЕУ, Мигуел Анхел Моратинос, евентуалното решение за спорот околу името со Грција, што ќе овозможи почнување преговори за членство со Европската унија.

Дојден со намера да влее оптимизам и да ја охрабри Владата да ја донесе финалната одлука, Моратинос ги стави во игра сите аргументи - од иднината на нашите деца, финансиската помош што би ја добила Македонија, привилегираниот статус во однос на другите балкански земји во ЕУ и улогата на земја-модел во регионот. Во тој стил Моратинос прес-конференцијата ја почна спектакуларно.

„Дојден сум да ви најавам една добра вест - дека за време на шпанското претседателство Македонија би можела да добие датум за преговори со ЕУ. За тоа се залагаме и убедени сме дека тоа ќе се случи. Целата наша енергија, одлучност и капацитет ќе ги вложиме за да го направиме тоа можно. Убедени сме дека тоа може да се случи пред крајот на шпанското претседателство“, рече Моратинос.

Ваквиот оптимизам, според него, се должи на подготовките на македонската власт и нејзиното „чувство за иднината“, што го увериле дека 2010 година ќе биде добра за нас и за евроинтеграцијата во ЕУ и во НАТО.

Дека зад сето ова стои очекувањето Македонија и Грција сами да најдат решение за спорот околу името, Моратинос потврди со изјавата дека шпанското претседателство може само да креира атмосфера на ургентност и да направи финален притисок, а решението им останува на Атина и на Скопје. Сепак, него го охрабриле заложбите на македонската и на новата грчка влада, иако се покажа дека тој многу повеќе и' верува на грчката, отколку на македонската страна во спорот за името.

„Од грчката влада имаме целосна поддршка во напорите да дојдеме до одлуката за преговори. Во тесни контакти сме со Папандреу и тој не' увери дека е подготвен да направи дополнителни напори за време на нашето претседателствување. А, јас им верувам на нашите пријатели“, изјави Моратинос. Според негова оценка, решението нема да биде перфектно ниту за Грција ниту за Македонија и ќе биде компромис, но компромис за фантастична иднина што ќе отвори пат за вистински рај во нашата држава.

„Не сакаме да губиме повеќе време. Потребна ни е вашата земја во ЕУ и вам ви е потребна Унијата. Шпанското претседателство е решено да ви даде добра вест. Дајте да ја надминеме оваа ситуацијата“, повика тој истовремено со апел да не и' се создаваат тешкотии на Владата, туку да и' с�� даде поддршка да ја донесе тешката одлука.

„Главен, суштински и основен интерес на вашата земја е да влезе во Унијата. И сите ние ќе бидеме во добивка од вашиот модел на интеркултурна толеранција и комуницирање меѓу различни заедници, што е богатство за ЕУ. Затоа ЕК ќе си ја заврши својата работа за што е можно поголемо забрзување на преговорите“, рече Моратинос.

На забелешките на парламентарците дека притисокот е само врз Македонија и оти грчката блокада нема оправдување, Моратинос одговори дека е точно оти Македонија направи огромни напори, дека е точно, исто така, оти има апсолутно право да биде членка на ЕУ, но точно е и тоа дека има проблем што мора да го реши.

На прес-конференцијата Моратинос беше со министерот Антонио Милошоски, при што заеднички оценија дека билатералните односи меѓу двете земји се „перфектни“, особено што нашиот шеф на дипломатијата петпати бил во Мадрид, а шпанскиот службувал во регионот и многупати ја посетувал Македонија, па знае и српски јазик.

На новинарско прашање во врска со лицитирањето на Грција за името „Северна Македонија“, Милошоски рече дека се потребни директни и суштински разговори, место давање изјави за домашна или за меѓународна употреба.

„На Македонија и' е потребен успехот на ЕУ и на шпанското претседателство, а истовремено и на ЕУ многу добро ќе и' дојде успехот на Македонија како случај за себе, но и како позитивен пример во регионот“, посочи Милошоски. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1226 пати.

Испрати коментар

Од: Vane - Kavadarci
Датум: 21.04.2010 01:16:47
Фантастична??? Што е толку фантастично во тоа да бидеш обезименет ? И друго....и Бугарија е во ЕУ. Каде е фантастичноста во Бугарија???
Од: nacional-patriot
Датум: 21.04.2010 01:37:08
Moratinos i spanskata vlast neka donesat teski odluki za teritorijalniot integritet na Spanija.Neka dozvolat otcepuvanje na Katalonija,Baskija,Galicija...,vo interes na pirinejskiot poluostrov,negovata bezbednost i fantasticnata idnina sto ke vi sleduva na vas Spancite.No i da go dozvolite toa,sepak vlasta vo Makedonija i makedonskiot narod nikogas nema da dozvolat dodavka na imeto na drzavata.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 21.04.2010 01:58:31
"Според негова оценка, решението нема да биде перфектно ниту за Грција ниту за Македонија и ќе биде компромис, но компромис за фантастична иднина што ќе отвори пат за вистински рај во нашата држава." Samo covek shto ne smeta nas Makedoncite za maloumni glupaci mozhe da dade vakva izjava I da ochekuva nie da ja progoltame. Pa dobro, neka ni kazhe g-dinot Moratinos kolkava suma ni nudi za nasheto chovechko dostinstvo pa nie kako narod na referendum da odluchime: Dali sme narod so sopstven identitet ili sme najgolemite prostitutki shto nekogash chekorele po planetava?
Од: Lazar
Датум: 21.04.2010 01:58:44
Aj ne podmackaa, zacinija i sega na pecenje, neli veke grckata vojska ne odra. "Sjajna i prekrasna idnina" - bez makedonska nacija.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 21.04.2010 07:02:24
Море се кладам дека следниот што ќе замине ќе биде токму Антонио! Само во прашање е по кој модел - по моделот на Трајко Славевски или по моделот на Ивица Боцевски?
Од: Ангел
Датум: 21.04.2010 08:10:46
Задоволен сум од сите коментари од моите националновисокосвесни Македонци. Секоја чест браќа. Ах кога би можел да ја споделам вистината за Македонија со вакви луѓе на едно кафе муабет. Што проучив за Македонија во последните 15 г. Нашите од Виножито се во иста Евроалијанса со Каталонија а сега и ОМО Пирин. Сепак мора да се одбраниме.
Од: Цицаме весло
Датум: 21.04.2010 08:28:41
Исто така фантастично живеат Македонците во Бугарија и Грција. Глава не можат да кренат од европската добрина.
Од: Rekanec od D.
Датум: 21.04.2010 08:47:24
Nemozam da poveruva deka skoro site evropski politicari koga ke dojdat vo Makedonija mislat deka se na MARS, zosto nasite diplomati ne pokusuvaat na mesto Martinos da go narecat Papandopulos i da vidime kako ke reagira, i ako rece deka ne se vika taka ne ka mu recat nasite deka se edno e kako ke go narecat, pa ke vidime kako ke reagira.znaeme site deka juzniot sosed e pogolem od nas ,ama neznaeme kaj gubat covekovoto pravo i demokratija. ili se plasi evropa da ne ja kupat kinezite za trista milijardi evra.
Од: ljube
Датум: 21.04.2010 08:52:05
Seto ova e prazna slama!!!!
Од: jovan
Датум: 21.04.2010 09:06:23
Spored mnogu ekonomski analiticari i profesori Hrvatska bila 200% ponapred od Bugarija, a Makedonija 50% ponapred od Bugarija. Tek sega ne mi e jasno kade e "pofantasticno", bidejki ove dve drzavi ne se vo EU a Bugarija e.(do dusa se mislat da ja isklucat))).
Од: Sudija na Apelacijata
Датум: 21.04.2010 12:42:14
Imeto samo na sud vo Hag mozhe da se reshi preku sovetodavnoto mislenje od istiot sud za dopolnitelnite uslovi za RM clenstvoto vo OON!!!
Од: Nikola-Germanija
Датум: 21.04.2010 13:19:24
Ne go napagjajte covekot,zosto toj samo go izrazuva svojot vpecatok od razni razgovori so MK- vladata.Mozebi nesto se gotvi;najstrasno e sto narodot ne e zapoznaen za sodrzinata na veke,spored moja licna procenka,tajnite razgovori ili pregovori(kako sakate narekuvajte gi).Go kolnam sekoj politicar,bez razlika dali DPMNE,SDSM ili MK-Albanec,zaedno so nivnite semejstva,ako dozvolat da se obezlici narodot vo MK!Kompromisno resenie kako zamena za FYROM-O.K.;no pritoa mora da se zapazi dostoinstvoto na MKskite gragjani!Na Jorgo Chatzimarkakis onekna mu prativ mail vo koe go potsetuvam da gi zastapi germanskite interesi vo EU-Parlamentot namesto Grckite vo sporot za imeto so MK.Dodatno mu sugerirav,da predlozi preimenuvanje na Egejska MK vo juzna MK stom veke zahtevaat razlikuvanje megju nivna provinicija i MK.Iako ne se soglasuvam so vladinata politika generalno,vo sporot za imeto ja uziva mojata moralna podrska!Od Bugarija ne mi e strav;so niv e najlesno,ako vladata vodi pametna politika!!

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Антикорупциска го исчисти Наумовски
Црн живот