Вест од Македонија повторно стана викенд-хит меѓу медиумите од регионот и од светот. Во лежерен тон, весниците и порталите пренесоа дека во Скопје, едно 21-годишно момче извадило „калашников“ и половина час држело во заложништво триесетина луѓе, бидејќи паднало на тестот за возачка дозвола. Некое нервозно момче. Подоцна разбравме дека не му било првпат. Си знаел тој често да ја земе пушката и да биде насилен кога нешто не му било по волја.
Еее, до кај стигна светот, би рекле повозрасните. Кај нас веќе не знаеш што е нормално, а што чудно или нездраво. Се навикнавме на секакви глупости, тешко дека нешто може да не' шокира. Сепак, кога одите на испит на возачка дозвола и ви се случува заложничка драма, тогаш сфаќате дека нешто е гнило во државата Македонија.
Каде да се бара виновникот во овој случај - не е битно. Трагедијата е што не станува збор за изолиран инцидент. Одиш по улица - можеш да настрадаш од заскитан куршум. Влегуваш во банка - се молиш во тој момент да не влетаат ограбувачи. Не си сигурен ниту по парковите, обложувалниците, стадионите, дискотеките...
Се' е изместено во ова нашево општество. Првите пет прилози на телевизиските вести се од црната хроника, се врши вулгаризација на најтажните приватни стории, народот стана опседнат со насилство, смрт, бруталност...
Потоа се чудиме што и најтривијалната работа, како што е неуспешно решен тест за возачка дозвола, се претвора во животна драма. Општеството тргна во еден правец, од кој ќе треба многу време и волја да се врати во една нормала.
Но, дали некој вистински се грижи каде оди Македонија?
E bogami vo vremeto na Marsalot ovie luksuzi bea mislena imenka. Kade e toa vreme.
Од: ola
Датум: 21.04.2010 04:09:40
Ti be bratuced ne si izlegol od Makedonija ako mislis deka vakvi raboti se slucuvaat samo vo Makedonija......Golema rabota vakvi raboti se slucuvaat niz cel svet
Од: ivo
Датум: 21.04.2010 06:02:12
E kako ne se grizat? Se grizi, Koljo, Branko,Stole, Ticko, Lupco, Ljube,Amdi, Vlade,, Arben,Mirka, Dragan,Milutin,Mihajlo,Goca,Lenka,Jordan,Stavre,,.... Koga bi trebalo vo lavirintot na zagrizenite , da pustite jaze od eden do drug za da ne se zagubite i za da gi ispovrzete zagrizenite, klupkoto verojatno bi trebalo da bide golemo kolku Mars! ...A kade odi Makedonija , na tolku zagrizen narod vo nea? Verojatno i nema kade da odi , koga se e otideno i onaka "po gjavolite"! ( sekoe sovpagjanje na navedenite iminja so nekoi segasni i bivsi politicari ili javni licnosti e slucajna)
Од: N.
Датум: 21.04.2010 08:35:28
Nedostiga kriticko mislenje vo tekstov i strukturirano gradenje na argumentite! Inaku slicni nastani se slucuvaat nasekade vo svetot oti - toa ne e nisto novo ni nepoznato. Pozdrav za obidot!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.04.2010 09:56:54
Заборавивте еден сегмент од изместеното однесување во општеството,партиските обвинување темелени на семејни трагедии,дебело подржани од независните партиски медиуми. Инаку се сложувам со вас за тв куќите и нивното секидневно бомбардирање со црни случувања,еднаш не видов да вестите ги завршат со нешто весело,несекидневно со позитивна конотација.Нека гледаат ХТВ вести секогаш завршуваат со нешто релаксрано,те рибар фатил голема риба,те се родило овошје чудновато,те некој нешто направил макета ли,везило ли,чуден автомобил и т.н Овде како да имаме тв садомазохизам.
Од: mene
Датум: 21.04.2010 10:54:18
Mladite ucat od vozrasnite,pa neli se borevme za "covekovi prava".