Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Антикорупциска го исчисти Наумовски

Комисионерите не најдоа судир на интереси во вработувањето на вицепремиерот на Правниот факултет

Катица Чангова

Антикорупциската комисија го исчисти Васко Наумовски. Нема судир на интереси во случајот со вработување на вицепремиерот, кој е избран за доцент на применети политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата.

На првата конференција за медиуми откако за претседател е избран Илми Селами, антикорупционерите, сепак, признаа дека овој случај ќе фрли сенка врз работењето на потпретседателот на Владата. Но, веднаш се оградија, велејќи дека тоа, сепак, е одговорност на Васко Наумовски.

Сосема поинаков став за истото прашање вчера презентираше „Транспарентност-Македонија“, обвинувајќи дека вработувањето на вицепремиерот Наумовски е коруптивно.
Според невладината организација, ова спаѓало во таканаречената трговија со влијание, кога функционери користат прикриени форми на влијание. Притоа, оценија дека во оваа корупциска афера „притисокот е направен дрско и отворено“. Вицепремиерот за евроинтеграции Наумовски, веројатно, користејќи ја својата политичка функција, си издејствувал место наставник на Правниот факултет, а не побарал мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата, велат во „Транспарентност Македонија“. Оттаму сметаат дека не станува збор за изолиран инцидент, туку за сериозен системски политички проблем.

Извештајот на „Транспарентност-Македонија“ е комплетен производ на партискиот штаб на СДСМ, оцени вчера во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја невладината организација партиска испостава на СДСМ.

Со три аргументи вчера Антикорупциската комисија го бранеше ставот дека нема конфликт на интереси кај Васко Наумовски. Првиот е дека вицепремиерот нема засновано работен однос на Факултетот, со што е избегната евентуалната ситуација на неспојливост на функции. Вториот дека Наумовски не е работно ангажиран и не остварува никакви дополнителни примања, а третиот аргумент е дека на јавно распишаниот конкурс се јавил само еден кандидат, со што нема сомневање дека по пат на евентуални влијанија, придонел да биде избран од Наставно-научниот совет на Правниот факултет.

„Во врска со судирот на интереси, имавме еден прашалник, во кој се вели дека избраните и именуваните функционери во јавното дејство секогаш, покрај другите прашања, треба да си постават прашање како јавноста ќе гледа на секое нивно следно дејство што ќе го сторат“, изјави претседателот на ДКСК, Илми Селами. Според него, доколку во наредниот период вицепремиерот заснова работен однос на Факултетот, тогаш фактичката состојба ќе се промени и во тој случај може да се јави судир на интереси. „Ние случајот ќе го следиме и натаму“, вети Селами. Тој појасни дека тоа што на Правниот факултет е избран доцент што се' уште не држи настава, е одлука на Наставно-научниот совет и Деканатот на Факултетот и дека тоа е нивна одговорност.

Селами потенцира дека предметот „Наумовски“ е нивна иницијатива, а дека одлучувале по јавно изнесени наоди во медиумите за евентуална состојба на судир на интереси. Наставно-научниот совет, по предлогот на Рецензенската комисија на 24 март годинава со мнозинство гласови донел одлука за избор на Наумовски во наставно-научно звање доцент на научната област применети политички науки, што треба да биде основ за засновање работен однос. Работен однос не бил заснован, бидејќи на 30 март деканот на Правниот факултет донел решение со кое на Наумовски му се става во мирување ангажманот како доцент, во периодот додека тој е на функцијата потпретседател во Владата, поради неспојливост за вршење други функции или професии.

Разгледувајќи поднесена претставка, ДКСК заклучила да поведе иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење против две лица вработени во Секторот за сообраќај во градот Скопје, поради основано сомневање за кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно постапување во службата“.

Ѓорги Тодоров, вработен во администрацијата на град Скопје како советник за планирање и развој на сообраќајот, одобрувал проекти што претходно самиот ги изготвувал преку сопствената фирма „Спектрум инженеринг“ ДООЕЛ Скопје. Јован Христовски, непосредно претпоставен на Тодоров, во својство на раководител на Сектор за сообраќај ставал потписи на дописите со кои градот ги доставувал проектите до МВР, барајќи согласност.


#
Статијата е прочитана 1578 пати.

Испрати коментар

Од: CUK
Датум: 21.04.2010 00:25:41
браво за корупциска. да се направи цела јавност малоумна стварно е голем успех. само така продолжете. напред со 200 а не со 100 чекори. абе се видело ли некаде некој да го примат на работа за да му мирува работниот однос, па космонаут ли е тој или сте вие паднати од марс
Од: pedro
Датум: 21.04.2010 00:33:51
usse edno partisko ressenie vo antikoruociskata komisija. taman se ponadevavme deka DUI ke ja spasi Makedonijaod korupcija kako vo 2001, a tie usste poubavo so ova vmrovcive si se ujdisaa. znacci sekade se napikaa, eve i na praven vlegoa. sramota
Од: student
Датум: 21.04.2010 02:26:03
Dali nekoj od komentatorite koi ke ja branat ovaa odluka na Antikorupciska moze da mi najde rabota kako elektroinzener. Sega zavrsuvam vtora godina pa mestoto neka mi miruva dve godini.
Од: Blue fighter: Dobro informiran foteljash
Датум: 21.04.2010 02:57:53
Prestiznosta na funkcijata na Naumovski e povekjenamenska.Megju drugoto,kontaktite i informaciite od prva raka za mnogu kluchni i prasjanja od vitalen interes za drzavata go doznava od najvisoko pozicionirani sogovornici vo zemjite sto ne imaat vo agendata za EU i NATO.Covekot so vreme si se obezbeduva zasto znae deka uste malku kje bide na toa mesto.Ne po svoja volja,tuku po volja na narodot.Ne deka ne mu bilo predizvik od porano da se smesti na takva visoko ceneta intelektualno-prestizna pozicija(za koja bi bilo mislena imenka da ja dosigne bez vmrovska ucena kako sega),tuku treba da se okaskaat site nadlezni koi go opserviraat po zadaca ova voobichaeno vmrovsko scenario.Za kapacitetot na dotichniot nema potreba da se zboruva.Dovolno e sto se smestuva na takov nacin.Toa se kazuva.Ja naucil lozinkata sto ja otvora vratata kaj Grujo i se obezbedil.Plukni po Branko i SDSM,velichaj ja antikvizacijata,sprotivstavi se na stavovite na EU za nase priblizuvanje tamu i - op, pravo na celta.
Од: petre
Датум: 21.04.2010 06:31:48
Dosta so taa Transparentnost,neli gledate deka samo problemi pravi,ednas napisete za niv kako rabotat i kolku pari zemaat.Neka sledat sto se pravi vo SDSM,neka ja ostavat vlasta na mir.A i vie novinarite premnogu se zanimavate so aktuelnata vlast Ajde napisete nesto ubavo da procitame,ni zdosadivte so vasite napadi na vlasta Vicepremierot e najdobar i takvi kako nego treba uste
Од: site nie
Датум: 21.04.2010 06:45:21
антикорупциската со првиот предмет докажува дека и понатму ке му служи само на ВМРО а не и на граѓаните...секој ден се повеќе тонеме во безаконие...
Од: Хемиско чистење
Датум: 21.04.2010 08:45:54
Ја, мајката! Го избрале за професор, но не го вработиле! СРАМОТА! Но, за кого срамота?! Зарем некој има срам во оваа држава? Зарем за Борче (Д)? Зошто? Супер си е дечкото. Зарем Антикорупционерот бр.1? И тој дечко си е супер. А, министерчето? Па, тој не е ни министер. Само е вработен како министер. И т.н.
Од: Jas
Датум: 21.04.2010 09:07:22
Covekot si e kvalitet i zasluzuva mnogu poveke.Vcera go gledav na edno intervju i zadovolstvo bese da go slusam ne samo jas tuku i celata familija go konstatirase toa. Sto ste se fatile za nego?Sekoj den go ima na naslovna.Covekot si ucel, pameten si e i super si go vodi resorot. Sto ne napisete nesto ubavo i korisno, na primer deka zooloskata gradina e skoro celosno renovirana, ima extra uslovi za zivotnite.Vo nedelata imase preku 200 luge sto ja posetija.Bev iznenaden. So kritiki i plukanja kon onie sto zervuvaat del od svojot zivot i vreme nema da postigneme nisto. Pozdrav
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.04.2010 09:38:47
Дискутабилно е мирувањето на професорското место на поморанџестиот министер,не од виножитен аспект судир на интереси туку што студентите и натаму ќе немаат професор,значи најоштетени се студентите.Инаку оваа ситуација ја одобрува деканот кој патем беше виножитен кадар т.е преставник на виножитната влада во Телеком своевремено.Ова последново е поради информираност на виножитните коментатори.
Од: Трпе
Датум: 21.04.2010 09:45:46
Под хитно треба да се растури,ова таканаречена антикорупциска комисија.Са џабе се трошат народни пари.Интересни ми се овие подржувачи на власта кои кажуват дека во се е права пропагандната влада.А ја критикуват опозицијата којаа мора да биде коректор и критизер на актуелната власт за да ја извади на правиот пат.Но ако не сака тогаш со булдожер треба да се исфрли на буниште.Овие подржувачите на власта се радуват и на фрлена мала коска и лаат б��тер од овчарски кушиња.Наумовски можел да биде и министер и професор.А мојот татко морал да се откаже од пензијата(5600ден) за да биде пријавен земјоделец за да може да зема субвенци за 5 декари лозје.Така ке биде се додека имаме министер за неправда а близок пријател на мајката на премиерот.
Од: Perica
Датум: 21.04.2010 11:37:26
A be kako ne vi e sram da ja napagate ovaa vlada. Pa tie uste ke pocnat i so uvoz na rabotna sila bidejki nasava ne e dovolna. Pa kaj nas moze da si zakazis rabotno mesto za koga sakas. Bravo vmro-dpmne. Nekoj bez rabota-nekoj po dve, tri i poveke rabotni mesta. Za da stavis rabotno mesto vo miruvanje treba da si bil na toa rabotno mesto barem 1 den, 1 saat, barem 1 minuta. Kade e trudova inspekcija. Ili tie kaznuvaat firmi so po eden vraboten zatoa sto nemale resenie za godisen odmor. SRAMOTA
Од: Александар
Датум: 21.04.2010 12:30:13
"на јавно распишаниот конкурс се јавил само еден кандидат" аххахаххахахха мајко мила!

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Моратинос чека да се реши името
Црн живот