Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Скопје

Пензии ќе се делат пред Божик

За разлика од лани, кога за малку пензионерите ќе останеа без пензии за божикните празници, годинава Владата нема да се посрамоти пред нив, па најавува дека пензија нема да има пред новогодишните празници, но затоа, Пензискиот фонд ќе ги израдува пензионерите пред Божик.

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување најавуваат дека пензиите за декември ќе бидат исплатени најдоцна до 5 јануари. Од ПИОМ се правдаат дека порано и да сакаат да ги исплатат пензии, не можат, зашто се запазува досегашната динамика на исплата во првата недела од месецот.

„И да сакаме, пред Нова година не може да се исплати пензија. За 2010 година Фондот исплати 12 пензии, ако се смета дека во јануари годинава кога ја зедоа декемвриската пензија за 2009 година. Ако се исплати пензијата пред Нова година, ќе значи дека пензионерите ќе добијат 13. пензија“, објаснуваат од ПИОМ.

За исплата на пензиите, јавна тајна е дека секој месец во пензиската каса недостасуваат околу 40 отсто пари. Овие средства редовно се надополнуваат со средства од државниот буџет. За тоа говори и податокот што пред да се исплатат пензиите секој месец, Владата се задолжува преку аукција на државните записи.

Во земјава има околу 280.000 пензионери. Од нив, околу 30 отсто се се пензии до 8.000 денари, а меѓу нив има и пензионери што примаат и по 5.000 пензија. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1538 пати.

Испрати коментар

Од: Joce
Датум: 31.12.2010 14:42:25
Ubavo se i se vazi sepak da bideme na cisto ednas penzijite se minat trud na sekoj pezioner (neka vidat kako odi so tije prava vo EU i taka za se i sesto ja spomnuvat unijata)nebitno po koj osnov ostavruva pravo na pezija i vladata ova a i bilo koja da pomogne vo so ostvaruvanje na pravata na penzionerite zosto poveceto nemat drug izvor na dohot a i tije pari sto gi zimat poveceto odat za lekovi koji gi nema za zal pozdrav i SRECNA NOVA 2011 godina se najubavo....
Од: sime
Датум: 31.12.2010 15:13:54
Vazno e da ima penzii bez niv Makedonija ke ima 80%siromastijja.
Од: ??????
Датум: 31.12.2010 16:13:16
BRAVO ZA VLADATA!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Za sto gi smeta penzionerite ovaa vlada? Dali i tie se gragani koi sakaat da se razveselat za Novata godina ? Ili samo ke se zadovolat so gledanje vo TV ekranite kade sto ke bidat prikazuvani oostanatite (mislam na drzavnite cinovnici) kade i kako ja proslavuvale Novata godina. dali nekoj od niv se prasal deka bas tie penzioneri imaat deca, vnucinja pa i pravnucinja na koi sakaat da im kupan barem edno evtino paketce ? A za Bokok prvo ke nemaat dovolno vreme da se spremat kako sto nalagaat nasite obicai a i tolku ke bidat pokaceni cenite , da nemozat ni da smislat da kupat nesto. Sramota!!!!!!!!!!!!!
Од: Komentator
Датум: 31.12.2010 16:26:59
Pa ne bi bilo loso da dobieme i 13..penzija pa neka e i baksuzna .....!!!
Од: Daleku sme
Датум: 31.12.2010 19:20:46
Do Komentator: da vo nekoi evropski zemji ima isplacanje na 13-ta penzija, t.n. Bozicna penzija" ama nie sme daleku od Evropa isto kolku i Mugabeova Zimbabve.No cuti > Ce bideme srecni ako i ovaa ja isplacaat redovno.
Од: komentator
Датум: 31.12.2010 21:58:16
a ke bidat li isplateni do 5 januari tia sto zimaat tehnoloski visok
Од: Дони
Датум: 01.01.2011 03:08:58
Жално е колку семејства во кои има млади работоспособни луѓе чекаат на пензија и живеат главно од неа. Но ме интересира што ќе биде кога оние 300.000 невработени ќе остарат? И да останат од нив само 100.000 кои нема да остварат право на пензија, од што ќе живеат тие? Без пензија, стари и можеби болни. Ќе треба ли социјална помош да примаат, а ако сега нема за исплата на пензиите од каде ќе има за такво нешто?

Најди! во Утрински
Скопје
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Учениците на распуст до 24 јануари
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks