Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Скопје

Од евтини сијалички - до главен украсувач

Петта година едноподруго фирмата „Линк медија плус“ новогодишно ги разубавува градските улици, деловните објекти, дворовите и терасите

Деспина Трајковска


Од фикс-идеја изродена на кафе-муабет, до фирма што веќе петта година едноподруго го тера бизнисот со новогодишно декорирање на градските улици, деловните објекти, куќите, дворовите, терасите низ Скопје и пошироко... Со декорации од рачно сопствено производство и готови производи купени од неколку земји од соседството и регионов, фирмата „Линк медија плус“ стана синоним и главен креатор на неколку години последователно новогодишниот декор на Скопје. Но, се погрижила и за украсување на Охрид, на десетици други градови низ државава, а веќе четврта година е ангажирана и за новогодишно украсување на неколку градови во Косово. „Линк медија“ речиси и да го наметна новогодишното украсување како култура на живеење за која, де факто, се потребни средства, но, сепак, преднични желбата и идејата.

„Така и започнавме. Буквално од фикс-идеја, за од година во година да се надградуваме во секој поглед, се раѓаат нови визии и потреби. Почнавме со купени сијалички од пластичарската улица, продолживме со рачно производство на декорации и користење светлечки елементи, кои ги набавуваме во странство. Предизвикот е голем, но крајниот ефект и искрените воодушевувања на граѓаните се најголема награда“.

Вака за својот ангажман и секојдневна преокупација во последните два месеца во изминативе години зборува сопственикот на „Линк медија плус“, Ѓорѓи Вуков, кој во украсувањето е инволвиран заедно со својот партнер Владимир Манагаров од „Метал ват ел“.

Колку украсувањето и да личи на едноставна работа во стилот „качи се на бандера, закачи светлечко црево, или украс и работата е завршена“, Вуков вели дека процесот на украсување ни оддалеку не е таков. На пример, објаснува, за секоја улица, објект или тераса прво се прави скица, се исцртува шема или во поново време се изготвува 3-Д анимација и сето тоа во координација со визиите на нарачателот на украсувањето, но диктирано и од цената. Потоа следува теренската реализација, а токму таму често се случуваат непредвидени проблеми. Најчесто екипите на терен се „борат“ со зимските температури, непредвидените проблеми со електричните приклучоци, метежот во сообраќајот...

„Токму од тие причини избегнуваме да китиме денски и свесно се впуштаме во ‘борба‘ со ноќните зимски температури, но навикнавме, бидејќи на работата и' приоѓаме крајно професионално, не дозволуваме импровизации“, вели Вуков, кој покрај дваесетина работници на терен, ангажира и специјален возен парк од шест возила.

„Сите светлечки украси, независно дали се монтирани по градските улици или, пак, на тераса на некој индивидуален или деловен објект, трошат незначително струја. Генерално, сите работат на лед-диоди и се со ИСО-сертификат што дава дополнителна гаранција за сигурност во секој поглед“, дополнува тој.

Вуков ја посочува Општина Аеродром како годинешен пример за чие украсување била потребна една недела, речиси деноноќна работа со најголем акцент во ноќните часови. За китењето на плоштадот и на градските улици, пак, на „Линк медија“ и' биле потребни десетина дена.

Токму плоштадот, конкретно централната елка и улицата „Македонија“, за Вуков се најголем предизвик за китење, оти за него тие имале посебен шмек. На листата не изостануваат ниту големите деловни објекти, кафулињата и пространите дворови на куќите.

„Сметам дека непрофесионално е да се говори колку чини, на пример, китење на едно кафуле или тераса, но факт е дека убаво може да се накити и со 100 евра, но и 2.000 евра“, додава тој за кого најголема сатисфакција по завршената работа му се искрените воодушевувања на граѓаните, спонтаните сликања пред објектите што тие ги краселе или погледите на минувачите на некој од досега осумдесетината накитени дворови. Скромно зборува индиректно за наградите на „Линк медија“, всушност, за наградените субјекти украсени од нивната фирма. На таа листа се деловниот објект на „Т-мобиле“, кој пред неколку години беше награден за најубаво украсена деловна зграда во акцијата на Градот Скопје за најубаво новогодишно украсување. Токму и на таа зграда, вели Вуков, фирмата направила сефте и и' била голем поттик во натамошната работа. Наградени дела на „Линк медија“ се и пицеријата „Енрико“ пред неколку години, а годинава кафулето „Чао“.

„Ако треба нешто да издвојам, прво ми паѓа напамет накитената улица ‘Македонија‘ минатата година, која ‘фатена‘ од објективот на фоторепортерот Огнен Теофиловски, се најде на страниците на агенцијата Ројтерс, а годинава таа фотографија е централна на новогодишните електронски честитки на агенцијата“, посочува Вуков на крајот од разговорот, по кој замина конечно да ја уреди терасата од сопствениот дом, оти и тој исто како што ретко некоја фризерка секогаш има уредна фризура во предновогодишниот „турбо“ ангажман од клиенти не нашол време да ја украси својата тераса. Во меѓувреме, со мислите е насочен и кон претстојниот Саем за новогодишно украсување што традиционално се одржува во февруари во Франкфурт, Германија. Тоа, дефинитивно, е потврда дека, како што вели, ништо не остава на случајноста.


#
Статијата е прочитана 2371 пати.

Испрати коментар

Од: Крт
Датум: 31.12.2010 12:14:59
Драга моја Деспина, каде ли само го учеше мајчиниот јазик? Дали си слушнала дека ние во Македонија имаме прекрасен збор за твоите ,,сијалички,, - СВЕТИЛКИ.Ти посакувам среќна нова 2011.година.

Најди! во Утрински
Скопје
Пензии ќе се делат пред Божик
Учениците на распуст до 24 јануари