Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Битолските улици решето од дупки, Талески живее во филм

БИТОЛА - Улиците во Битола се решето од дупки, но тоа не е никаков проблем таткото на градот да живее во филм. Градоначалникот Владимир Талески наместо да предвиди пари за подновување на сообраќајниците, се пофали дека најголемата придобивка за битолчани од власта на ВМРО-ДПМНЕ била индустриската зона „Жабени“. А таму, освен директорот, кој прима плата и произведува загуби, не дошол ниту еден инвеститор.

Неодамна Талески се пофали пред јавноста што се направил во првите 365 дена од неговиот втор мандат. Наброја толку многу успеси и проекти за што дури подели и луксузна брошура со голем број фотографии како потврда за она што го реализирале тој и неговиот тим во изминатата 2009 година.

За битолската опозиција отчетот на градоначалникот со толку многу самофалби се свел на набројување колку пати во неговите 365 дена изгреало сонцето над Битола. Па затоа, неговата работа ја споредија со подвизите на Супермен и на Атомската мравка од анимираните филмови. Опозицијата отворено праша дали Талески од Битола сака да направи град на иднината или Потемкиново село.

Откако Талески на првите страници од брошурата напишал како се полни буџетот на Општината, потоа дал и отчет како се трошат парите на битолчани. Меѓутоа, она што привлекува особено внимание е делот насловен „Капитални инвестиции во 2009 година“.

Тука, покрај тоа што навел кои улици, патишта и автопати се направени лани, за градоначалникот капитален проект е поставување тротоар наспроти болницата и партерното уредување на плоштадот „Магнолија“ и ректоратот, хоризонтална и вертикална сигнализација, па и потпорен ѕид на една од улиците. Во отчетот за реконструкција на пречистителни станици и колектори на заборавил ниту на уличните решетки ниту на сливниците за атмосферска канализација.

За Талески најголемата придобивка на битолчани од власта на ВМРО-ДПМНЕ е Индустриската зона во Жабени. За изградба на колектор во зоната потрошил 8 милиони и 624 илјади денари, а за трансформаторска станица над 52 милиона денари, и тоа само за минатата година.

„За да демантираме дека се' е шпекулација за индустриската зона „Жабени“ сакам да кажам дека во инфраструктурниот дел на зоната се поставува водоводна мрежа, атмосферската и фекална канализација. Се поставуваат шахти, кои овој период целосно ќе бидат завршени. А веќе е потпишан договорот со ЕВН за големата трафостаница и за далноводот од 4,5 километри што треба да ја опслужува зоната со електрична енергија во првите 20 хектари“, рече на прес-конференција градоначалникот Талески.

Отчетот на битолскиот градоначалник за првата година од реизборот не остана без критики од опозицијата. Особено неговиот финансиски извештај за потрошените пари за изградба на споменик посветен на античкиот крал Филип Втори, за кој Општината потрошила околу 35 милиони денари. Меѓутоа, коњаникот се' уште стои во општинскиот двор.

„Годишниот финансиски извештај на градоначалникот и неговиот тим за 2009 година е ремек-дело. Бисер до бисер, бидејќи во ставките за потрошените пари на проектот „Меморијален центар македонски крал Филип Втори“ направил вистински хаос. Ова со единствена цел да се прикрие фактот дека споменикот Филип Втори ги чинел граѓаните на Општина Битола меѓу 29 до 35 милиони денари. Овие пари наместо да ги вложи во патна инфраструктура, ги потрошил за антиквизација“, нагласува Златко Ќурчиевски, советник на СДСМ во Битола.

За либералдемократите, пак, градоначалникот Талески сакајќи да се претстави пред јавноста како човек што го остварува ветеното, дури присвоил настани, кои во Битола имаат традиција повеќе од половина век. Редовните обврски на јавните претпријатија ги припишал како свои проекти. „Видовме дека градоначалникот Талески ги присвоил како свои ‘Илинденски денови‘ - културна манифестација од национален ранг и сите музички манифестации. Во неговиот фалбаџиски оглас ќе видите дека и како свој успех го навел одбележувањето на денот на Европа“, посочува Валентин Груевски, лидер на ЛДП во Битола.

Опозицијата му предложи на Талески на неговиот список да ги допише и следните топ-остварувања, кои се дело на власта на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. „Успеси на власта се поскапувањето на сметките за вода за 120 проценти, поскапувањето на комуналиите за 15 отсто, загубата на јавните претпријатија од над милион евра. Потоа ограбените и излажани фармери од ‘Сведмилк‘, состојбите во Народниот битолски театар, кој последната година сосема падна на колена. Затоа предлагаме Талески и нив да ги внеси во брошурата што ќе ја печати за 2010 година, а не од Битола да прави Потемкиново село“, порача Груевски. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 939 пати.

Испрати коментар

Од: goce bitola
Датум: 21.04.2010 00:37:53
bi sakal da se nadovrzam i jas imam eden predlog do talevski sto pobrzo da pocne vtora industriska zona po urnekot na nasata vlada za da bideme sto pospremni koga ke ni dojdat investitoriteoti ke nema kade da gi smestime lugeto ne za drugo oti red se ceka za kaj nas.
Од: bitolaman
Датум: 21.04.2010 07:21:17
sto sakaat ovie od opozicijata?samo kritikovaat. pa zarem bitola ne e filmski grad(dodusa za snimanje na horor sceni)no film si e film.ovie komunjarite koga bea na vlast ni eden film ne se snimi vo bitola. a za taleski,pa covekot sega ako ne si gi obezbedi pokolenijata koga toa ke go napravi?pa zarem koga ke mu pomine mandatot ke go moli bage da go primi vo negoviot teatar? vaka so tuta i vangel sckorpion ke si otvori firma vo holdingot "klan kotevci"i se ke ima sreken kraj.
Од: До граганите на Битола
Датум: 21.04.2010 08:04:10
Вие си го биравте.
Од: naivko
Датум: 21.04.2010 08:41:14
gradonacalniceto ubavo si ja odraboti, ptviot mandat za lazenje, a vtoriot za kradenje. Sto mu mozete.
Од: Igor Dimitrovski
Датум: 21.04.2010 09:02:00
Toa što go napravi Taleski vo Bitola na ploštatod pred Magnolija so Filip Ednookiot e tipičen primer na selsko siluvanje na starata arhitektura vo Bitola. Za takvo nešto bi trebalo idnite generacii da go osudat i obesat istiot toj Taleski na ploštatod pred Magnolija...E moja Bitolo, kakov grad beše nekogaš, se gleda, koj te vodi i kako i što bi rekle brakjata Srbi : "KAD SE SELJAK POKONDIRIO".
Од: skopjanec
Датум: 21.04.2010 09:20:17
Bitolcani ima edna ubava srpska izreka; ''Traziliste, gledajte'' . Uste nesto za vas VMRO-ovcite, ''Od kal da e samo od VMRO da e''..
Од: Mitko
Датум: 21.04.2010 10:09:59
Потполно се согласувам со „До граганите на Битола“ и додавам : Со убедливо мнозинство (и после Цацко ви е крив)
Од: toto
Датум: 21.04.2010 12:07:36
Posle Zabeni,Taleski e najgolemata promasena investicija na Bitolcani.Covekot pojma nema od ona sto treba da go raboti.
Од: Скопје
Датум: 21.04.2010 13:15:47
И пак да си го гласате и трет пат и четврти. Па кај ви беа очите и умот. Го имавте во еден мандат и ништо не свативте. Па овој човек е неспособен куќен совет да води а не град. Ејјј а Битола не е било кој град.

Најди! во Утрински
Македонија
Вардар направи пустош во Полог
Штавица страда за вода