Владата е целосно фокусирана на прославата на Илинден, 2 Август во Крушево, на која од Мечкин Камен ќе се обрати премиерот Никола Груевски. Во погон е ставена целата владина и партиска машинерија, која треба да ја организира мегаломанската церемонија и да обезбеди масовност со 600 автобуси од цела Македонија.
Поентата, веројатно, е говорот на лидерот на десницата да го слушаат најмалку 30.000 лица и егзалтирано да аплаудираат. Власта се однесува како во државата да нема друго позначајно прашање од народниот собир по повод 107-годишнината од Илинденското востание.
Во исто време, таква важност не добива одбележувањето на 66-годишнината од Првото заседание на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце, каде што ќе говори претседателот Ѓорге Иванов. За овој настан нема платени огласи во медиумите од кои граѓаните можат да се информираат како да стасаат до Пелинце, дали има бесплатни автобуси и каде и во колку часот тргнуваат. Вакви огласи има само за Крушево. Но, тоа е така само затоа што Владата годинава е надлежна за прославата на Мечкин Камен, па не сакала да му се меша на претседателот во организацијата на церемонијата на Пелинце!?
Сепак, зошто владејачката партија и нејзиниот лидер имаат потреба од таков импозантен собир? Можеби им е потребен многу видлив доказ дека власта е омилена. Да покажат дека народот повеќе ја сака ВМРО-ДПМНЕ отколку СДСМ. И затоа луѓето (кои, се разбира, не се партиски обоени) на 2 Август ќе ги остават сите обврски и ќе дојдат со „владините“ автобуси во Крушево. А, потоа на 40 степени ќе одат пеш до Мечкин Камен за да ги слушнат пораките на Груевски.
Професорот на Европскиот универзитет, Ѓорѓи Спасов, очекувал дека по митингот на СДСМ на кој луѓето „спонтано“ дојдоа со 500 автобуси, ВМРО-ДПМНЕ ќе мора организира некаков собир и за да донесе барем 100 автобуси повеќе.
„Владата ќе потроши толку многу пари само за да покаже дека Груевски е пообожаван од Бранко Црвенковски. Ова изгледа тажно, но, за жал, тоа е реалноста во Македонија. Партиите си ја мерат силата со автобуси“, вели Спасов. Тој нагласува дека нема никаква смисла да се организираат вакви владини прослави и оти намерата на владејачката партија е да остави впечаток дека е многу популарна кај народот. Според него, пораката е: „Брисел не не' сака, ама народот е со нас, тој не сака“.
Професорот на ФОН, Мерсел Биљали, вели дека власта се' повеќе се чувствува несигурна.
„Чувството на тонење и загрозеност го прави своето. Владејачката партија не може да се помири дека нејзиниот митинг беше многу послаб од тој на опозицијата. И затоа сега Владата ќе прави некаков спектакл во Крушево“, убеден е Биљали. Тој жали што премиерот има „слаб капацитет да се справи со државничките работи. „Навистина не знам со што би се пофалил премиерот. Меѓународната позиција на земјата е драстично влошена. Економијата тоне, социјалата е во експлозија, а етничките односи оптоварени со недоверба“, вели Биљали.
Аналитичарот Петар Арсовски во колумна во „Утрински весник“ констатира дека секојдневно ги газиме сите политички критериуми за напредок и „по сите шевови пукаме како тикви“. Власта ја фаќа хистерија и затоа им објавува војна: на медиумите, колумнистите, аналитичарите, Уставен суд, заклучува Арсовски.
Сепак, откако Груевски вчера постави камен-темелник на тениско игралиште во Орешани, тој препозна добар сигнал во порастот на индустриското производство од 5,4 отсто, што го објави Државниот завод за статистика. Тој изрази надеж дека Македонија чекор по чекор ќе ја подобрува својата економска ситуација и кондиција.
Премиерот, инаку, го немаше два дена во медиумите, веројатно сакаше да избегне коментари пред заседанието на Советот за асоцијација и стабилизација. Но, вчера тој искажа задоволство од оцената од Брисел, во која видел многу „позитивни мислења, охрабрување за сработеното и за идните реформи“. Груевски е радосен што „оцената од Брисел на некој начин е негација на она што опозицијата цело време го тврдеше“.
За разлика од премиерот, според СДСМ, заклучоците на Советот за стабилизација и асоцијација говорат за „партизација во судството, јавната и државната администрација, за корупција, загрозување на слободата на медиумите и за непродуктивно трошење на полето на економијата“. (О.В.)
Premierot postavil vo s.Oresani kamen temelnik na tenisko igraliste. Ovaa informacija e za CNN.
(BREAKING NEWS).
Од: Za merenjeto
Датум: 29.07.2010 00:13:58
Pa i ne e taka loso liderite na dvete najgolemi partii da si go izmerat..... rejtingot de. Ama za toa ne se potrebni avtobusi, dovolno e obicna masa. No, merenjeto treba da se pravi od istata strana na masata. Ajde toa i ke se izmeri nekako. Kako da se izmerat ocenkite na EU za napredokot na reformite vo Makedonija? Dali se pozitivni , ili pomalku pozitivni ? Dali i opozicijata e zasluzna za pozitivnite, ili pomalku zasluzna za pomalku pozitivnite?!?!?!?!
Од: Тоше
Датум: 29.07.2010 00:27:02
Ја упропастија Македонија со ‘преродбата‘ па ќе држат говор во Крушево. Тоа е сквернавење на Мечкин камен, на Крушево, на Илинден ... на се‘ она што претставува светост во Македонија
Од: Жарко,Ресен
Датум: 29.07.2010 01:36:25
Ех Груевски,Груевски.Македонија ќе те памети како најслабиот политичар кој бил на висока позиција во еден период од нејзиното постоење.Само какви луди идеи добиваш кои се штетни за македонскиот народ,просто човек да се чуди на паметот што го имаш.Илинден е празник на целиот македонски народ.Не е ни твој,ни на твоите партиски војници.Нема никаква потреба од докажување кој е повеќе сакан политичар на еден ваков голем празник.Големи политичари ги обединуваат луѓето,а не како тебе го поделија народов по сите основи.
Од: kiroUSA
Датум: 29.07.2010 04:26:31
Daleku ste od patrioti i nemate pravo da ja ograbuvate Makedonskata istorija toa ne e partijski praznik na" vmro komunisticka " vistinskite patrioti se prevrtuvaat vo grobovite so ima da se vidi denes lele majko Makedonija sto te snaslo so malite siledzii...
Од: Не 30, туку 100 илјади ќе има
Датум: 29.07.2010 07:29:04
Какви двојни аршини имате! За митингот на опозицијата се утепавте пишувајќи колку илјади имало присутни и тоа беше во ред, а сега ве боли што се организира голема прослава на најславниот ден од нашата историја.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 29.07.2010 08:13:57
Очигледно е дека Пастирот го третира Претседателот како свој поттрчко и намерно му го намалува рејтингот кој ионака е никаков.Може само еден да биде ВОЖД а се друго потчинето на него.
Е така се создаваат ИДОЛИ од секого и сешто...Леле мамо...колку големи патриоти сме имале...Како оној БРИАН ( незнам шо патриотско име беше - барем да беше Гоце)...но Македонија и се е можно...
Од: Павел Шатев
Датум: 29.07.2010 08:27:15
Не ви е Грујо крив за едноцифрениот процент на популарност! И да зборува премиерот, И да не зборува, и 100 автобуси или 600 автобуси, сепак 8% се осум проценти. јебига..што би рекол Фрле..
Од: забеган.
Датум: 29.07.2010 08:45:30
Ништо не му вреди на вмлото ни Автобуси нити Шлепери мусе глеа почетокот на крајот.Народот муе гладен а тие ќе ги возат.
Од: pero micevski melburn
Датум: 29.07.2010 09:09:11
na 2 ri avgus vo krusevo ke ima poveke i od 50000 narod ne zaradi avtobusite tuku zaradi praznikot i zatoa sto t tamu ke bide najdobriot premier dosega i toa ubedlivo najdobar branko ni do kolena ne mu e bravo nikola za se sto pravis za nasata makedonija
Од: Вози, Мишко.
Датум: 29.07.2010 09:14:41
Имам впечаток дека аналитичарите, цитираните во текстот, занемаруваат еден податок. 600-те автобуси ќе бидат полни со задоволниот дел од граѓаните на Македонија. Тое е освестениот дел од граѓаните, оние, кои знаат дека Гоце не бил на Илинден затоа што комунистите го издале на Турците. Тие би оделе, за да го обожаваат Грујо, и на повеќе од 40 степени. (Амди, би рекол и на 400 степени).
Од: Damir
Датум: 29.07.2010 09:21:12
SDSM i DPMNE se msrat so avobusi.Ova dokazuva edna rabota deka se raboti za identicni partii koi imaaat identini metodi identicni Lideri nisto drugo osven ista parika so dve stranu.
Од: b
Датум: 29.07.2010 09:25:15
Сироти луѓе, ќе мора да се мачат на жештиниве да одат во Крушево за да му аплаудираат на лидерот. Вака било и во Германија триесетите години.
Од: Професорка
Датум: 29.07.2010 09:35:14
Па нека слават. Има и што да слават. 10 дена град-држава. Вакви масовни славења на народната сила (читај на водачот) се познати во историјата. Само видовме како завршија тие што организираа паради и шаради на себе обожавање.
Од: redovna citatelka
Датум: 29.07.2010 09:51:04
Gruevski se sprema da go opravda pred svoite istomislenici celosniot neuspeh, osobeno poslednoto mislenje od Evropskata komisija!
Од: dolar
Датум: 29.07.2010 10:10:56
Dali Majkata na Premierot ke gi plati Avtobusite?
Isto kako stanovite so gi plati so Kasa Primi,vo Konartis.
Од: Daliborka
Датум: 29.07.2010 11:00:33
Ne se vozbuduvajte premnogu opoziciomneri stvarno vi e mal procentot i tesko da se podobri i normalno e da ste nervozni, no zatoa ostavete gi lugeto sto umeat nesto da storat da rabotat i ne im go poprecuvajte patot.
Од: ДРАГИ „ВМРО-ИЛИНДЕН“
Датум: 29.07.2010 11:19:48
До кога ли само ќе се глупираат и едните и другите, на малите деца па дури и на врапчињата на гранка им е стана јасно дека и едните и другите ги интересираат САМО НАШТЕ ПАРИ КОИ НЕМИЛОСРДНО ГИ ТРОШАТ И ГИ ПОЛНАТ СОПСВЕНИТЕ ЏЕПОВИ. ЗАТОА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВНИМАВАЈТЕ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ.
Од: kristo
Датум: 29.07.2010 12:32:49
Не правете антиреклама на Крушево. Спомнавте 40 степени температура. Ако летово некој ден имавме и 25 степени ќе бевме пресреќни. Ако нешто друго не чини во Крушево барем климата е супер и секоја прошетка представува уживање.