Број 3345  четврток, 29 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Лубеницата дејствува како природна вијаграѓ


Научниците открија дека состојките на лубеницата, аминокиселината цитрулин, влијае врз крвните садови, а релаксира и дејствува на сличен начин како и малата сина таблета за помош при постигнување и одржување ерекција

СОСТАВ

Лубеницата содржи најмногу вода.

Јаглеродните хидрати го има во значајна мера (10%), додека белковини (0,7%), масти (0,15%) и диететски влакна (0,4%).

Од витамините се присутни оние од Б група, витамин Ц, ПП и каротен. Најзастапени минерали се калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо и цинк.

НИСКА КАЛОРИЧНА ВРЕДНОСТ

Во 100 г лубеница има само 30 калории.

Веројатно, најинтересното истражување врзано за ефектите на лубеницата врз човековото здравје е тоа што лубеницата може да дејствува врз мажите како вијагра. Научниците открија дека состојките на лубеницата, аминокиселината цитрулин, влијае на крвните садови, а релаксира и дејствува на сличен начин како и малата сина таблета за помош при постигнување и одржување ерекција. До претходната година се сметаше дека главниот дел од цитрулинот се наоѓа во кората на лубеницата, меѓутоа, истражувањата покажаа дека цитрулинот го има во големи количини и во делот што се јаде. Меѓутоа, не е познато колкава доза на цитрулин е потребно, односно колкава количина лубеница треба да се изеде за да проработи половата моќ.

Корисна за срцето и за имунолошкиот систем

Освен што може да го подобри сексуалниот живот, лубеницата е корисна и за срцето и имунолошкиот систем. Исто така, добредојдениот ефект на лубеницата врз срцето се темели на активностите на аминокиселината цитрулин, што е докажано на истражувањата објавена во 2007 година во магазинот „Нутришн“. По три недели редовно пиење сок од лубеница, кај испитаниците е измерено 22 % повисоко ниво на аргинин. Од аминокиселината аргинин настанува азотен оксид, за кој е познато дека го намалува крвниот притисок, го спречува згрутчувањето на крвта и штити од инфаркти и мозочни удари. Претходните студии покажаа дека високите орални дози на аргинин предизвикуваат гадење и мачнини во стомакот, кои не претставуваат несакани ефекти од консумирање сок од лубеница, знаејќи дека нејзиниот сок не содржи аргинин, туку од аминокиселина цитрулин, која е предвесник за синтеза на аргинин.

Нутритивни својства

Лубеницата поседува висока нутритивна густина, не го оптоварува телото со непотребни калории (во 100 грама содржи дури 30 калории), а истовремено го снабдува организмот со неколку важни хранливи состојки. Одличен извор е на витамин Ц, како и витамини А, Б1 и Б6, како и калциум и магнезиум.

Истражувањата покажуваат дека лубеницата може да стане уште похранлива доколку се прска со калиум во текот на одгледувањето. Прскањето со калиум кај лубеницата и кај дињата за време на растот ја зголемува нивната слаткост, пропорцијата на калиум, витамин Ц и А-каротин.

Лековитост

Лубеницата не е само вкусно освежување за долгите жешки летни денови. Според резултатите од научните истражувања, лубеницата има активна супстанција, која ги ублажува воспалените делови и може да помогне во спречувањето на астма, атеросклероза, шеќерна болест, дебелото црево и артритис.

Слатката и сочна лубеница е ризница на најважните природни антиоксинанси. Таа е одличен извор на витамин Ц и прилично добар извор на витамин А, кој, во лубеницата, главно, е присутен во облик на бетакаротин. Црвената боја потекнува од растителните пигменти, од кои најголемо внимание привлекува ликопенот. Истражувањата кажуваат дека по редовните консумирања сок од лубеница, уште по три недели драстично го зголемуваат нивото на антиоксидансите бетакаротин и ликопен во крвта.

Занимливости

Лајт лубеница


Може ли лубеницата со намалена содржина на шеќер да биде исто толку вкусна и освежувачка како што е конвенционалната, онаа со нормално количество шеќер? Многумина без размислување ќе речат „да“. Генетичарите од Американскиот земјоделски центар за истражување направија лубеница со околу 5% шеќер (лубениците од маркетите можат да имаат и до 14 % шеќер). Иако со помалку шеќер, оваа лубеница има исто количество ликопен, црвен пигмент, кој се смета за корисен во превенција на некои видови рак.

Пирамидална лубеница

Округлите веќе одамна не се во мода, коцкастите ги видовме, но од Јапонија доаѓаат пирамидални лубеници. 55-годишниот Тошимичи Буи од Нар, Јапонија, се прослави откако успешно разви лубеница со пирамидална форма. Секоја внатрешност на лубеницата беше култивирана со акрилна пирамидална кутија, вметната додека овошјето беше се' уште младо. Сепак, пирамидалните лубеници не се толку вкусни како што се округлите, ниту како коцкастите, бидејќи не се целосно дозреани.

Најладната лубеница не е и најдобра

Многумина преферираат добро разладена лубеница, меѓутоа, добрите познавачи секогаш ги консумираат оние на собна температура. Во еден тест лубениците се чуваа две недели на температура од 5, 13 и 21 Целзиузови степени. Бојата на лубеницата се должи на истиот оној ликопен што се наоѓа и во доматите. Количеството ликопен во лубениците чувани на температура од 5 и 13 степени не се промени, но лубеницата што беше две недели чувана на собна температура имаше 40% повеќе ликопен. Овде станува збор за цели лубеници, а оние што се веќе отворени, сепак, треба да се чуваат во фрижидер.




#
Статијата е прочитана 2459 пати.

Испрати коментар

Од: Кој јаде лубеница не му треба вијагра
Датум: 29.07.2010 08:37:54
Да, може да биде како вијагра, ама ако не се начукаш, до грклан, па не можеш ни да дишеш, а, камо ли друго да правиш...

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Владата ја мери силата со автобуси
Брисел немоќен пред Груевски
Насловна
Родилките - жртви на распаднат систем
Нова жртва на Роман Полански
Бугарските коли останаа бугарски, МВР алармира
Ќе пресуши ли и грчкиот туризам?
Да не e само Ливерпул
Парното поскапо за 10 отсто, во „Скопје Север“ дури за 40 отсто
Работнички ќе го остави срцето на терен
(Не) слободен пристап до информациите
Владата и ЕВН ги оладија вжештените глави
Карикатура
Стил