Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Хороскоп
28.07.2010, 14:29

Хороскоп

ОВЕН

Иако имате чуство дека некој постојано ви го попречува патот, планетите велат дека немате причина за грижа. Понекогаш со малку труд се постигнуваат големи резултати. Вашето време не е ограничено и пред вас стои успешен период кој сигурно ќе изнајдете начин да го искористите. Само треба да научите да бидете трпеливи.



БИК

Нема потреба да ги искушувате вашите соработници во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Партнерот е постојано на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција. Престанете да размислувате за далечната иднина и направете чекор понапред во емотивната врска.



БЛИЗНАЦИ

Околностите во кои се наоѓате ве принудуваат да се насочувате кон повеќе нешта, но вие постојано играте на картата незаинтересираност кога станува збор за емоциите. Доколку сами не одлучите да преземете нешто, работите нема да се придвижат кон посакуваната цел.



РАК

Ќе настојувате да ги скриете вашата ранливост и емотивна страна на карактерот. Бидете внимателни и послушајте го советот од еден од вашите соработници, бидејќи на тој начин ќе успеете да ја спасите ситуацијата. Но, мора да пронајдете начин да се решите од ваквите моменти и храбро да зачекорите кон вашата цел.



ЛАВ

Независно што постојано сметате дека ви треба некоја промена, вие не се одлучувате на тој чекор. Обземени сте со некое чувство на мрзеливост и посакувате нештата да се решат самите по себе. Непотребно го искушувате трпението на партнерот, па можеби наскоро ќе зажалите поради тоа. Бидете трпеливи истрајни во желбите.



ДЕВИЦА

Не морате постојано да бидете драматични за да им покажете на другите што мислите и што чувствувате. Направете го тоа на едноставен и примерен начин, кој сигурно ќе ја интересира вашата околина. Покажувањето на тоа што вие го посакувате не е само среќа, туку и добар начин да ја постигнете целта.



ТЕРЕЗИЈА

Кога еднаш ќе изјавите нешто, потоа не можете лесно да го повлечете зборот или да се покаете. Морате да внимавате што и како зборувате пред вашите соработници, бидејќи некој сериозно може да се почувствува навреден од вашиот арогантен став. Подобро размислете за вашите коментари..



СКОРПИЈА

Во моментите кога чувствувате напнатост и затегнатост во односите со партнерот, имате потреба да ја префрлите вината на другата страна. Тоа е сосема погрешно и можеби е крајно време да успеете да ги согледате и вашите негативности со цел да дојдете до конечно решение и излез од кризата.



СТРЕЛЕЦ

Потрудете се во периодов да обрнете малку повеќе внимание на себе и на внатрешниот мир. За дел од вас одличен избор ќе биде заминувањето на некоја планина, додека, пак, за другите физичката активност или вежбите се идеално решение. Важно е да не се доведувате во ситуација да западнете во судир со околината или соработниците.



ЈАРЕЦ

Иако многу се надевате на проектите кои се центар на вашето размислување, крајниот ефект нема да биде она што го посакувате. Во замена за нервоза, обидете се да сфатите дека понекогаш целта се достигнува преку потешкиот пат и лесно ќе успеете да дојдете до конечниот успех. Промената на плановите, значи и зголемување на анксиозноста.



ВОДОЛИЈА

Бегањето од проблемите, кое не е типично за вас, воопшто не е решение на кризата во која се наоѓате. Колку и да изгледа примамливо неприфаќањето на реалноста, мора да знаете дека проблемот повторно ќе се појави. Гордоста и цврстиот став би можеле да ве доведат до конечно решение. Внимавајте на настинки и вирози.



РИБИ

Не е лесно доколку морате да се откажете од професионалните планови, поради расчистување на стари семеј��и проблеми кои во периодов ќе ви одземат многу време и здравје. Без напредување во кариерата ќе се почувствувате сами и изгубени, но за кратко време. Успешните луѓе како вас лесно се враќаат во игра.











„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 9°C

Ситен дожд

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -3°C

Сабота
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |