Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
09.11.2011, 18:00

Глобалист

Што сака Груевски?

Љупчо Поповски

Ефикасните лидери на својата визија и' даваат значење на политика што инспирира. Какви заеднички идеи и заеднички цели споделува нашето лидерството; дали е тоа дефиницијата на Ниче: „Јас, државата, јас сум народот“

Прашањето не е реторичко, ниту, пак, е злонамерно. Тоа прашање извира од стоте дена на новата влада на премиерот Никола Груевски. Во последниве пет и пол години, тој е неприкосновен лидер што немаше проблем да ја спроведува својата агенда во Македонија. Сега дојде времето за нешто повеќе од агенда – дојде времето за визија.

Драматичните настани во Грција, даминиот гамбит на Јоргос Папандреу, кругот што се затвори околу Силвио Берлускони (кај кого Груевски пред еден месец отиде како на аџилак), бесот на господарите на Европа (Ангела Меркел и Никола Саркози) се извонреден сигнал за оние што сакаат да ги прочитаат. Нешто се менува во Европа; може ли трустот мозоци во Владата да протолкува барем половина од тие настани за да бидат подготвени за моментот кога ќе дојде одлуката островот Македонија да се спои со европското копно. Само наивните би помислиле дека грчката трагедија не е контролирана од главните европски престолнини (откако Папандреу беше принуден да поднесе оставка во византиската игра што маестрално ја изведе, Меркел му честиташе на одважниот чекор кој таа му го препорача, а не можеше да се одбие). Кога ќе почнат да се собираат камчињата во македонскиот мозаик – се разбира, на него нема слика, туку се испишува решението за името – она што беше триумф на 5 јуни може да се претвори во победа на кралот Пир. Случувањата во Македонија откриваат некои траги, но на хоризонтот нема визија туку повеќе прагматичен опортунизам.

Она што ефикасните лидери го прават е на својата визија да и' дадат значење на политика што инспирира, политика која ќе помогне да се создадат заеднички цели и да поттикне заедничка акција. Без визија е тешко да ги водиш другите. Фредерик Смит, директорот на „Федерал експрес“ (најголемата компанија во светот за брза испорака, популарно позната како FedEx) аргументира дека „основната задача на лидерството е да ја сподели визијата и вредностите на организацијата“. Лидерите често мислат дека визијата може да ги реши повеќето од проблемите, но погрешната визија (или преамбициозната) може да предизвика штета.

Кога ја поднесовме тужбата против Грција во Меѓународниот суд на правдата во Хаг медиумите известуваа до најситни детали за тој одважен чекор, се пренесуваа биографиите на странските професори и адвокати што ги ангажира државата за да ги бранат нашите ставови. На сослушувањата во Хаг заминуваа групи новинари. Сега, пред самото донесување на одлуката, владее речиси целосен молк, па дури се релативизира целиот процес. Погрешно е да се тврди дека некој посакува пораз во Хаг, но што ако таа постбукурешка визија ни донесе значајна политичка штета.

Во март 2009 година словенечкиот лидер на опозицијата Јанез Јанша во интервју за „Дневник“ зборуваше што навистина се случило во Букурешт една година порано (кога тој беше премиер): На затворениот дел од состанокот на лидерите на НАТО Јанша предложил Македонија да стане членка на Алијансата, а за шест месеци да се најде решение за името. „Имаше многу поддршка, но немаше време да направиме цел круг консултации со сите земји-членки, зашто сите беа фокусирани со проблемот со Грузија и со Украина. Тоа беше несреќна околност што ја стави Македонија во тешка позиција“. Тој велеше дека Грција имала формално право да го искористи ветото, но дека немала морално право. Невозможно е да се тврди дека македонското лидерство не ги знаело овие детали пред да ја поднесе тужбата во Хаг. Дали сега, пред донесувањето на пресудата, нашата елита наеднаш длабоко почнува да се сомнева дека можеби погрешила?

Изминатиов викенд Груевски беше на изборната конвенција на Словенечката народна партија што ја предводи Јанез Јанша за да и даде поддршка на сестринската партија пред вонредните избори на 4 декември. Груевски замина во Љубљана откако во интервју за „Утрински весник“ го спореди враќањето на искусните кадри во СДСМ со „тешка артилерија од Првата светска војна“, на кои местото им е во музеј. Тоа беше само продолжение на вмровската тирада што се слуша неколку години дека на сдсмовскиот камп, нереформиран и застарен, му треба демократизација. Но, со кого се поздравуваше во Љубљана Груевски и кого го фалеше? Јанез Јанша беше министер за одбрана во првата посткомунистичка влада на Словенија, беше премиер од 2004 до 2008 година, на чело на Словенската народна партија беше избран во 1993 година, а потоа реизбран за нејзин лидер во 1995, 1999, 2001, 2005 и 2009 година. Дали е тој истрошен транзициски политичар чиешто време поминало? Дали политичките противници на Јанша во Словенија би се осмелиле да тврдат такво нешто?

Кога кадрите на ДУИ ги зазадоа ресорите за одбрана и евроинтеграции во новата влада на прв поглед тоа изгледаше како визија за споделување на одговорностите за тешките искушенија околу НАТО и ЕУ (името и реформите). Сто дена подоцна тоа повеќе наликува на прагматичен опортунизам. ВМРО-ДПМНЕ го задржа само местото министер за надворешни работи на чело со дипломат-пионер (и така дипломатијата овие години се водеше од кабинетот на премиерот, а не од МНР), па дури и претседателското место во мешовитиот комитет за соработка со Европскиот парламент му го препушти на еден многу мал коалициски партнер. Дали Груевски беше свесен дека доаѓа време на тешки одлуки? Дали со тоа тој на посреден начин им го сврте грбот на граѓаните, иако тој секогаш сака да кажува дека оди рака под рака со нив.

Без оглед на јавните прокламации овие сто дена покажаа дека во Македонија како да функционираат два владини кабинети, кои работат независно еден од друг. Груевски во своето видео обраќање за стоте дена (преседан којшто многу зборува) НАТО не го спомена ниту еднаш, а ЕУ само попатно, само еднаш. Беше ли тоа новата визија што се подготвува или пак е проблем кога нема што да кажеш. Допрва ќе видиме, но дуализмот во Владата нема да не' однесе никаде. Без силна владина поддршка ниту Теута Арифи, ниту Фатмир Бесими, ниту Никола Попоски нема да направат ништо повеќе од постојаните смешкања и празните реченици.

По конфузијата во Грција апсолутно е нереално да се очекува дека нешто може да се случува околу името до почетокот на идното лето. Па, дури и тоа е преамбициозен термин (освен ако во центрите на моќ не решат конечно да ја прекинат преговарачката забава, што не е исклучено). Какви заеднички идеи и заеднички цели ќе споделува лидерството – дека „не е добро еден политичар да му сврти грб на сопствениот народ“, како што вели Груевски, или го отвориме патот за она што го напиша Фридрих Ниче во своето ремек-дело „Така зборуваше Заратрустра“: „Државата е најстуденото од сите чудовишта. Таа студено лаже; од нејзината уста излегува оваа лага: Јас, Државата, јас сум народот“.

Еден мал дел од таа визија ја видовме во вторникот кога министерот за финансии Зоран Ставрески облеан со радост ни соопштуваше дека Дојче банк и Сити банк, со посредништво на Светска банка, одлучиле да ни дадат заем од 130 милиони евра за да ја покриеме буџетската дупка. Тие пари со заедничка камата од 4,8 отсто ќе ги враќа следната влада по пет години, и тоа сите наеднаш, а не на рати. На мегаломанијата треба да и' се радуваме, бидејќи државата е народот. Трупањето долгови ли е нашата визија, а нашето политичко лидерство не знае да раководи со помали пари. Во оваа Европа која е поврзана како пајакова мрежа, одговорите секогаш доаѓаат, некогаш и кога најмалку ги очекуваме.

 


Статијата е прочитана 2363 пати.

Испрати коментар



Матни посвојувања
Еволуцијата на човекот
Лажна тревога



Коста Стоименовски, 10.11.2011 00:34:31
По автентичното толкување на амнестијата за Хашките случаеви и Рамковниот буџет владината коалиција е максимално зацврстена! Мошне важна алатка во тој чуден „сојуз“ е незаинтересираноста на лидерите на главните коалициски партии за влез во НАТО и ЕУ! Подробно за ова во друга пригода.
jovan, 10.11.2011 00:44:18
Interesno! No da pocekame sto ke se sluci so Iran, pa tek togas potocno ke se znae koj ke preovlada vo svetot. Site tie Arapski proletni revolucii go iscistija patot do Iran, a rascistuvanjeto so Grcija(pravoslavieto) a eve sega ke zapocne slicna kriza i vo Italija(katolicizmot)e znak deka vo svetot(pred se EU) se sprema da stapi na scena nekoj nov sistem, poredok, ideologija, pa ako sakate, mozebi i nekoja nova religija. Nie kako mali, nemozeme da vliaeme na ovie promeni, no mozeme mudro da sledime sto, koj i kako namerava ponatamu da go kroj i organizira svetot. Nam situacijata ne ni e mnogu sjajna, a od den na den e duri i polosa.Edinstveno se raduvame na toa deka sme uspeale povtorno da se zadolzime, bez da razmislime koja e nasata cel sto vaka se zadolzuvame, a uste pomalku pa razmisluvame koja im e celta na onie koj ni davaat.
perica, 10.11.2011 01:33:58
Decko ne se dziliti mnogu da ne pocnat i tebe sportisti i umetnici da ti pisujat pisma.
DBK, 10.11.2011 01:44:49
Shacimarkakis vsusnost sakal da dobie soznanie kakva strategija RM priprema po objavuvanjeto na sudskata odluka od Hag. Se sretnal so vazhni luge preku koji trebashe da proceni da li za nas pregovorite propadnali. Koji se mozhni scenaria i opcii itn.itn. Po sredbata i vednash so pristignuvanje vo Brisel, toj gi prati izveshtai vo Grcija na ponatamoshno analiziranje.
Сефадин, 10.11.2011 06:42:43
Во држава во која непостои независна институција,каде државата секој ден се задолжува и тоа го прикажува кај сиротиот народ како нејзин успех-што може да очекуваме освен многу,многу брз банкрот.“Капиталните инвестиции“ завршуваат во приватните џебови,а народот им се восхитува и им аплаудира на крадците???!!!Боже, помогни ни!...
Prosto, 10.11.2011 07:47:25
PARI!
Istocna Makedonija, 10.11.2011 08:40:59
Mozen odgovor na postavenoto prasanje vo nas- lovot na statijata:Kako i sekoj politicar,saka vlast!
Ајван Доктор®, 10.11.2011 08:56:56
Секако,проблематично е идентификувањето на пастиwот со државата!Оттука и сите напади кон него,владеачката опозициска партија :0)) ВМRО-ΔΠΝΕ се обидува да ги претстави пред своето полуписмено членство како напад врз државата!Така ги продуцираше сите оние псеудопатриотски повици за ликвидација и протерување од државава на „предавниците“,или поточно на секој оној кој говори против „успесите“на „нашиот“Гwујокио!Да резимирам,ако државата ни наликува на Шерифот McLaboud тогаш таа е полуписмен џамбаз со научна титула стекната со политичка моќ,напишани говори од некој друг,со немушт говор и секогаш доцни најмалку 40 до 60 минути!Секако,тука треба да се додаде и неверојатната способност,меѓу артилеријата со современи компјутеwизиwани топови од Втората светска војна,да уфрлиме и некоја пцост во барокен стил!
milan, 10.11.2011 11:20:53
Taka e g-dine Popovski se soglasuvam so vasiot kriticki stav.Za nasiot premier Mitreva Taki Fiti isl.se zastarena artilerija.Normalno covekot taka da razmisluva / lugeto koj zaedno so Sekerinska ni go donesoa kandidatskiot status i priznavanjeto od SAD/pa toj barem vo svoite redovi gi ima mladite i sovremeni B.Dulic do neodamna Manevski a za koalicionite partneri Stoimenov i Zingo da ne trosime zborovi,tie mladici bez GPS i laptop cekor ne iscekoruvat.Pa otuka neznam sto taa mladina napravi za drzavata.
ФЕЛИКС, 10.11.2011 11:42:38
Со написот горе-долу може да се сложиме во некои сегменти,а во некои и не.Но што правиме со алтернативата,што таа нуди или поточно зошто ништо не нуди.Џамбазот редовно ги добива изборите,алтернативата редовно ги губи.Кога сме кај ,,патриотите и предавниците,, би го запрашал авторот каде го сместува членот на дипломатскиот опозиционерски совет, некогашен нивни министер кога заговара партиско федеративно владење,од која бледуњаво се огради детулето лидерско-губитничко.Идеја која е во корелација со идејата на лидерот на ДПА за државна двонационална федерализација. Каде би го сместиле овој ,,врвен дипломат,, во која категорија припаѓа.
Makedonec vo EU, 10.11.2011 11:49:20
Gruevski, kako i site mali lugje, saka da mu se plasat, da bide obozuvan, da bide edinstveniot so ispravni odluki... Kako i site primitivci, pluka po konkurencijata i vlozuva mnogu napor da gi povlece nadolu site okolu nego. Taka malite lugje se cuvstvuvaat pogolemi. I za zal, podobrite od nego (koi bi mozele da go pobedat) vekje odamna ne se vo Makedonija...
tihi, 10.11.2011 11:53:19
Zashto znam shto kje pishuva kolumnistov ,vo sluchaj na negativna presuda za Makedonija na sudot vo Hag.Dali sum jas vidovit ili nekoj e lesno predvidliv.
zedorf, 10.11.2011 12:46:39
a vie ste spremni da go smenite imeto . i baska da ziveete udoben i lagoden evropski zivot so obezbeduvane od nato . ha ha ha
BitolaHamiltonCanada, 10.11.2011 15:41:11
Kakva vizija mozi da ima OVCAR?????...Da gi pasi ovcite,da gi molzi da gi strizi,da gi zatvori vo trloto.Toa e negovata vizija ili potocno retrovizija koja shto retrovizira dve iljadi plus godini nanazad...gi pasi svoite anticki ovci na antickoto pasishte KICERAJ SKOPJE 2014,gi molzi, gi strizi i im go peri mozokot vo MUZEJOT NA VMRO i gi zatvori vo trloto MAKEDONIJA. Ako TESKATA ALTILERIJA OD PRVATA SVETSKA VOJNA ne go podmacka svoeto oruzje i da go osposobi da gaga i da ja pogoduva celta, ke si ostaneme zatvoreni vo trloto. Ete toa go saka OVCAROT RETROVIZIONER...Da bidime site negovi ovci i da ne drzi zatvoreni vo negovoto TRLO MAKEDONIJA.
Sairdzija, 10.11.2011 16:26:49
Motka i toa ne iskastrena.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ

Членови на интернет-групата за поддршка, наречена „Девојките на Медведев“, присуствуваат на состанок на рускиот претседател Дмитриј Медведев со блогерите во Кремљ, Москва.
Најнови вести
Време
Скопје, 5°C

Облачно

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -3°C

Сабота
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |