Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
09.11.2011, 17:43

Како „Топлификација“ секогаш добива

Влезната температура на водата во системот треба да изнесува 70 степени, а се пуштаат 50, па затоа се студени становите, тврдат експерти

Маја Томиќ



Како „Топлификација“ секогаш добива, а граѓаните губат? Познавачи на состојбите тврдат за „Утрински весник“ дека виновник за студените или млаките радијатори во становите е единствено „Топлиф��кација“, која не треба да ја префрла вината врз граѓаните. Тие објаснуваат дека не се реални оправдувањата на „Топлификација“ за тоа ако повеќето станари се исклучени од парното греење, да е нормално кај другите да има пониска температура во станот затоа што ѕидовите на објектот се ладни. Или, на пример, дека мора, поради намалениот број на корисниците на парно, сметките на другите да бидат повисоки, затоа што техничкото одржување на опремата за греење ја чини „Топлификација“ исто како и порано.

Ова го тврди познавач на состојбите на функционирањето на „Топлификација“ и на нејзините „техники“ , како што вели тој, што ги применува компанијата при испораката на топлинска енергија. Тој вели дека никаде во светот не се практикува, ако надвор се повисоки температурите, да се исклучува целосно греењето. Туку ,дека е нормално да се намали нивото на водата низ системот.

„Количеството на топлината на радијаторите во становите ја регулира исклучиво ’Топлификација‘. Преку електромагнетни вентили таа пушта одредена вода со одредена температура низ системот, зависно од надворешната температура. И од нејзините степени зависи колку ќе бидат стоплени становите. Според правилниците, влезната температура на водата во системот треба да изнесува 70 Целзиусови степени. Но, од „Топлификација“ се пуштаат помалку, 50 степени, па затоа се студени становите. Така фирмата има помали трошоци, а наплаќа иста цена од граѓаните. Тоа е класично крадење на пари од луѓето“, вели за „Утрински“ овој познавач на состојбите, кој заради деликатноста на прашањето сака да остане анонимен.

Тој додава дека нема никаква логика од станарите кои преостанале да се греат на парно во зградата, да им се бара да плаќаат повеќе ако сакаат да им биде потопло во домот, затоа што во секој случај, и со помалку и со повеќе станари, исти се трошоците за компанијата.

Тој прашува зошто „Топлификација“ не вградува калориметри во становите со што ќе може да се види точно колку е потрошена енергија и за толку и да се плати.

„Работат според правилници од бивша СФРЈ, кога сите станови беа општествени и тогаш не можеше да се вградат поединечни мерачи. Но, сега е тоа возможно, ако не секаде, тогаш во оние згради каде што има едноцевен систем. А и таму не се вградуваат мерачи, затоа што тоа не и' оди во прилог на ’Топлификација‘. Така ќе има помал ќар. И на тој начин ги држат во статус - кво позиција граѓаните кои ем не знаат како се изигруваат со плаќањето, ем не им е познато каде можат да се пожалат“, вели тој.

Откако од 1 ноември цената на парното скокна за 8,5 отсто, по трет пат годинава, граѓаните се' помасовно почнаа да се откажуваат од ова греење. Едно е поради тоа што, откако е почната грејната сезона се мрзнат во становите, а друго и поради цената која пак ќе се зголеми од јануари наредната година.

„Лани се откажавме од парното и сме конечно задоволни од топлината во станот од 80 квадратни метри. Сега плаќаме за целата потрошувачка на струја по околу 2.600 денари месечно. Тоа ни е поисплатливо. Претходно, кога се греевме на парно плаќавме по 3.600 денари месечно. А, преку ден и после 21 часот се мрзневме“, изјави М.Ј., жител на Кисела Вода.

И додека скопјани се' помасовно се откажуваат од парното греење, а од „Топлификација“ молчат и за тоа и за новата цена, во Организацијата на потрошувачи на Македонија се зголемува бројот на граѓаните што реагираат на недостатоци во квалитетот на испораката на топлинската енергија, односно на услугите на „Топлификација“. Иако вчера беше закажан состанок на Советот за заштита на потрошувачи при Владата, на барање на ОПМ, на кој требаше да се разговара само за проблемите и за жалбите за парното греење, тој е одложен за идната недела.

На состанокот на Советот се поканети да присуствуваат претставници на Регулаторна комисија за енергетика, Агенцијата за енергетика, Народен правобранител, давателот на топлинската услуга и други релевантни институции. ОПМ ќе бара измена на одредени правилници за кои се смета дека се неадекватни на постојната состојба, како и промена на одредени законски и подзаконски акти кои се на штета на граѓаните.


Статијата е прочитана 2663 пати.

Испрати коментар



Државата немоќна да се справи со мафијата за посвојување деца
И уште нешто
На старецoт му треба нов бастун
Вмровски фирми ќе го ринат снегот во Битола
Беговата куќа се санира
И Штип ќе се украсува со споменици и сo скулптури



jovan, 10.11.2011 00:14:37
Ne se mnogu razbiram, no citajki go tekstov edno me zainteresira. Kolku sto znam kalolimetrite na toplifikacija merat kolku kolicina na voda proslo niz sistemot, pa spored toa ja odreduvaat i smetkata na korisnikot/korisnicite. Pa sega za mene e nejasno, sto ako taa voda e ladna? Se smeta li toa kako da e isporacana toplinska energija, ili pokraj kolicinata na voda, mozebi se meri i temperaturata na istata. Mozebi nekoj ke znae ova poprecizno da go objasni.
Krpen zivot, 10.11.2011 03:52:46
Ako nekoj go iskluci greenjeto i ne zivee vo stanot (ne go zatopluva na drug nacin), togas e tocno deka Toplifikacija ke ima malku pogolemi trosoci da gi stopli ostanatite stanari. No nedovolno zatoplenite stanovi, izgor cenite koi postojano rastat, kako i ogromnite razliki vo cenata za slicna zgrada (katovi, izolacija, godina na gradba - nekoi stanovi 42 den/kvadrat, nekoi po 62den/kvadrat) tesko deka imaat opravduvanje. Veke ne moze da se izleze na kraj so smetkite za parno i struja, a doprva ke poskapuvaat.
Petar, 10.11.2011 08:08:48
Овој арогантен однос на Топлификација спрема потрошувачите и отворената безмилосна кражаба која ја врши врз нив, помеѓу другото е и од однесувањето на Основен суд Скопје 2. Имено сите спорови кои потрошувачите ги имаат со Топлификација судот, без исклучок, ги пресудува во нејзина полза. На пример има спорови кога потрошувачот бил исклучен од греењето по прописите на Топлификација и тоа го докажал пред судот. Топлификација пак продолжила да му испраќа фактури а како тој не ги плаќал (бидејки веќе бил исклучен), Топлификација го тужила и судот донесол пресуда во нејзина полаза. Така по пресудата, исклучениот морал да ги плати сметките за неиспорачана енергија. Е па при такава заштита од страна на судот нормално е Топлификација да се однесува со невиден безобразлук и невиден грабеж на потрошувачите.
Skopje, 10.11.2011 08:10:07
За коментарот на Јован калориметрите ја мерат количината на вода која протекува и нејзината температура. Врз основа на тоа се врши пресметка на енергијата која е испорачана, затоа се нарекуваат калориметри а не водомери. Точно се знае колкава енергија е испорачана. Бидејќи топлификација испорачува помалку од тоа што го наплаќа несака да ги вгради со разни изговори затоа што тогаш точно ќе се знае кој колку треба да плати, а тоа ќе биде помалку од тоа што сега го наплаќа топлификација. Затоа народе македонски ако не сте задоволни од монополистичкиот режим на топлификација исклучете се од системот и на тој начин пратете им порака дека доста ве крадат и живеат на ваш грб. Конечно каква услуга такви пари. Неможе некој за ваши пари да ве прави будали.
korisnik na centralno greenje, 10.11.2011 08:16:35
Potrosenata toplinska energija koja treba da se plati na Toplifikacija e proizvod od protokot na vodata i razlikata od vleznata i izleznata temperatura.
Измрзнат жител на Скопје, 10.11.2011 09:23:08
Toplifikacija definitivno ne zasluzuva ni denar da dobie od kutrite premrznati gragjani na Skopje. Od pocetokot na grejnata sezona stanovite ne se stopleni nitu eden den, a i koga toa navidum kje se napravi radijatorite edvaj se mlaki . Postojano se greeme dopolnitelno so grejni tela na struja i koga na kraj kje ni stigne smetkata i za parno i za struja ..odi pa izlezi na kraj so edna pod prosecna plata ..prezivuvaj a ne zivej vo mesecot. Kade ste ???? Reguulatorna komisija za energetika...Agencija za energetika..Naroden pravobranitel da gi pritisnete malku ovie od Toplifikacija takanareceni davateli na toplinska usluga odnosno davateli na uslugi za polesno i pobrzo smrznuvanje i razboluvanje. Aj za nas postarite ne e ni vazno (neli??) sto se smrznuvame , ama imajte malku milost za decata..izmrznaa postojano se smrkavi i bolni. Ama ako taka se steknuva imunitet..na ovie prostori ..zdravo ziveeme.Pa neli i e dokazano deka poubavo i pozdravo se zivee na ladno!!!
познавач на состојбите, 10.11.2011 10:02:40
Се гледа колку овој „ познавач на состојбите“ навистина ги знае работите... Не зависи од топлификација дали треба, сака или мора да ги стави калориметри... топлификација е со регулирана дејност и нејзините трошоци директно зависат од регулаторната комисија. И сум видел многу станови што се прекумерно топли (греени на градско парно), а ниеден ладен (можеби има и такви, но не сум видел), а секој што сака да се грее 16часа во сите простории од домот, и истиот знае барем малку математика, знае и дека сеуште ова греење е најевтино!!! Доколку некој не е дома по цел ден, или навистина нема потреба од греење на сите соби, тогаш навистина има и поекономични начини за греење. Поздрав
mkd, 10.11.2011 10:14:24
Kalolimetrite ja merat pred se toplinata a potoa kolicinata na protok. Samo kalorimetri se resenie pri sekoja opcija.Dali toplifikacija ke gree ili utre koga ke dojde priroden gas do sekoja zgrada stanarite sami nezavisno. Mora da ima kalorimetar za da se znae koj kolku potrosil i normalno plus 10-15 posto za zagubi koi se gubat niz cevkite vo podrum ili hodnicite.
мерач, 10.11.2011 10:31:25
Секоја шест за стручњакот. Можело на едноцевен систем мерачи - не можело на двоцевен. Па отворете интернет ако ништо друго, ке видите дека овој проблем е решен во пракса ПРЕД најмалку 20 ГОДИНИ!! На кратко, мерењето нема врска каков е системот, може да се мери на СЕКОЈ систем !!
goran, 10.11.2011 10:35:41
M.J od kicela voda i veli za 80m2 plakam za greenje 2600 denari struja, a predhodno za toplifikacija plakal 3600 den. mesecno. Nemoj molimte ako uspees da stoplis 80 m2 so 2600 den struja kazi kako ce dobijas nobelova nagrada.Ili pak propusti da kazes deka grees samo vo sabota i nedela
Boro, 10.11.2011 10:41:13
ALOOO, NOVINARIII-ke prasa li nekoj od vas vo Toplifikacija, vo regulatorna, vo vlada- STO E SO TE-TO, ZOSTO NE RABOTI? Pa neli se znae deka koga ke raboti KVALITETOT NA GREENJETO KE SE DUPLIRA? Se plasi li nekoj da prasa, ima li embargo na informacii, ke kaze li nekoj?!?
jony, 10.11.2011 10:44:45
Eve jas ke ti objasnam.Toplifikacija ne meri nisto niti voda niti toplina.Ti naplaka cena po metar kvadraten i tolku.Na primer 72 kvadrati po 33,34 = 2400 denari plus DDV i tolku.E sea ako ti e ladno togas ne ti cini zgradata,izolacijata i drn,drn,drn.One se ne nadlezni za toa sto tebe ti e ladno.Se nadevam deka uspeav da ti dolovam kako funkcionira Toplifikacija,odnosno sopstvenosta na HagjiMisev.
gragjanin, 10.11.2011 10:58:38
Написот е одличен и се е точно од А до Ш и што е најважно тоа им е познато на надлежните !!Се работи за чист грабеж од страна на АД Топлификација Скопје,но за жал вината не е кај топлификација туку кај надлежните државни органи кои мирно посматраат како таа ја злоупотребува својата монополска позиција и прави што сака.Регулаторната комисија се однесува како да е дел од фирмата топлификација и секое нивно барање за покачување на цената го одобрува.Посебна прикаска е како топлификација на перфиден начин ги ограбува своите потрошувачи.Греењето стартира наместо во 06 часот наутро, час или два подоцна а се исклучува и преку ден.И ова трае со години уште од времето на СФРЈ и никој ништо досега не превзел еднаш за секогаш да се стави крај на ова дрско и безобразно однесување на господата од АД топлификација / бившо јавно претпријатие /кои врз грбот на граѓаните се обогатија и делат дивиденди и акции небаре ја наследиле фирмата од нивните дедовци !!??
Стојко, 10.11.2011 12:29:20
Топлилиификација ќарува или краде,или злоупотребува или било кој друг збор на многу начини. Пример: ја мери влезната температура во објектот (калориметар) пред мешачкиот вод или бајпасот (тие знаат што значи тоа) а излезната вода надвор од бај пасот. Разлика на испорачаната температура на потрошувачот е огромна. Кога сето тоа ке се множи со инсталирана мокност, испорачана енергија и слични трошоци, фиксни, БОЛИ глава. Но сто да се прави. ИСКЛУЧУВАЊЕ или регулаторна да повлијае. А тие делат дивиденда.
xavid, 10.11.2011 13:13:51
pod itno toplifikacija treba da se nacionalizira,odnosno da se odzeme od onie na koi BC bespravno im ja pokloni.Da vidite posle kakvo parno ke imame
sale, 10.11.2011 13:48:06
Kako prvo Kalorimetri moze da se stavat na sekoj radijator poedinecno od nadvoresna strana i se so golemina na kibrit.taka da vo sekoe vreme moze da se procita sostojbata i da se naplati po potroseno. Jas imam stan vo sofija i na sekoe grejno telo ima staveno ured za citenje na potrosena toplinska energija.toj ured go montira toplifikacija sofija i e zapecaten.na nago se ocituva potrosena top.energija vo kilovati,megutoa vo sofija toplifikacija ne gi gasi kotlite vo 21.00 nego koga ke dojdam noke vo 02.00 jas go otvaram ventilot i za kratko vre,e doaga topla voda.znaci kolku ke potrosam tolku ke platam ama od 15.10 do 15.04 ima toplinska enegija na raspolaganje 24 casa.takov kalorimetar cini 10 eur.a toplofikacija skopje e najgolem lopov vo drzavata.zato site otkazete go parnota pa ke vidime sto ke pravat.
miki, 10.11.2011 15:38:16
da ostane anonimen?! kakvi doverlivi izvori imate, chudo nekoe, eksperti, poznavachi na termodinamika... c c c... 2600 denari za 80 kvadrata? ne e mozno I ako cela familija sedela vo kupatilo I se greele na svekja! se gleda kolku vi e doverliv izvorot, a ushte postruchen novinarot shto objavuva vakvi podatoci!!!
ДА ГО УРНЕМЕ МОНОПОЛОТ, 10.11.2011 17:01:57
Во зграда од трив влеза во Аеродром први и втори влез по 40 ден м кв а трети 53 ден. Или во втори влез 68 м 2700 ден а во трети за 58 м цена за 9/11 е 3100 ден. Хаос. Лично имам поднесено барање не одговараат. Да ја окупираме Топлификација. Уште живеат по стариот систем ги вработија и своите внуци делат дивиденди. Во најбрз можен рок ке поведам постапка за откажување. Нека ми наплаќаат камати ама сметки додека им откажам не плаќам. Граѓани заеднички во кампања да го урнеме монополот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ

Членови на интернет-групата за поддршка, наречена „Девојките на Медведев“, присуствуваат на состанок на рускиот претседател Дмитриј Медведев со блогерите во Кремљ, Москва.
Најнови вести
Време
Скопје, 8°C

Облачно

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -3°C

Сабота
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |