Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
09.11.2011, 17:30

Државата немоќна да се справи со мафијата за посвојување деца

Наместо да се дадат на посвојување, децата завршувале во згрижувачки семејстава, откри министерот Ристоски.

Јасмина Јовановска



Списокот на деца за посвојување ќе биде дополнет со уште 20 деца.

Толку деца откриле социјалните инспектори дека не се регистрирани во центрите за социјална работа во земјава, иако можеле да се посвојат. Некои од нив намерно ги чувале во згрижувачки семејства. Со овие податоци, министерот за труд и за социјална политика Спиро Ристоски почна да го разоткрива случајот со неправилностите во посвојувањето на децата, што јавноста ја тресе повеќе од десет дена. Досега е направено стручно набљудување на преку 60 предмети за посвојување и се откриени многубројни пропусти, разрешена е и комисијата за посвојување при Министерството за труд и за социјална политика, а паднаа и првите казни.

„Многу долго траел уписот на детето во регистарот на можни посвоеници до доставување на предлог до Комисијата за избор на посвоители, место да се дадат на посвојување децата завршувале во згрижувачки семејства, се развлекувале постапките во кои родителите сакале да се откажат од децата на повеќе од една година, ако немало посвоители децата не се давале во други општини. Ова се најголемите причини заради што се отежнувало посвојувањето и голем број децата не биле посвоени“, истакна министерот Ристоски на вчерашната прес-конференција.

Некои од децата не ни стасувале во регистарот за посвојување, зошто се воделе како деца со здравствен ризик. „Иако, откако детето се родило со ризик, здравствената состојба подоцна може да му се смени, бебето и натаму намерно било квалификувано како како дете со ризик“, појасни Ристоски. На овој начин постои сомневање дека истото дете на едни родители им го прикажуваат како дете со ризик за да се откажат, за да го дадат на други родители.

За да се отстрани субјективниот фактор за здравствената состојба на децата кои се за посвојување, на помош ќе притекне и Министерството за здравство. „За првпат ќе се формира комисија од десет педијатри и неонатолози кои ќе прават проврека на здравствената состојба на децата пред да се посвојат, а децата ќе се прегледуваат со најновата опрема на која може да се откријат 24 болести“, рече министерот за здравство Никола Тодоров.

Иако, внатрешната контрола на Министерството за труд и социјална политика се уште не е завршена, веќе паднаа и првите казни. Дисциплинска постапка е покрената против 15 вработени од Центрите за социјална работа, кои дирекно биле вклучени во постапките за посвојување. А казни има и за нивните директори. Во кои центри се преземени овие мерки министерот Ристоски не сака да открие се' додека не заврши целосната истрага.

Дали целата афера ќе заврши само со дисциплински постапки, иако беа пуштени и информации дека се даваат огромни суми пари за посвојување, Ристоски рече дека не може никого да обвини, додека не заврши истрагата.

„Шпекулациите за давање пари за посвојување не се од пред две недели туку за нив се зборува со децении“, додаде Ристоски. Но, тој беше категоричен дека на ниедно семејство нема да им биде одземено детето, туку само ако сакаат да помогнат да се разоткрие криминалот.

На прашањето на „Утрински весник“, зошто ако најголемите пропусти во посвојувањето биле регистрирани во Центрите за социјална работа е сменета и државната комисија за посвојување при Министерството за труд, министерот Ристоски кратко рече бидејќи комисијата не си ја вршела својата работа и била неодговорна. „Сето она што сега го прави Министерството требало да го прави комисијата, тоа што навреме не биле пријавувани децата за посвојување или, пак, што доставувањето било со задоцнување. А, во крајна линија и не биле одговорни“, истакна министерот Ристоски.

Внатрешната контрола, според Ристоски, ќе трае уште речиси еден месец, а до крајот на годинава планира да се решат сите затекнати предмети за посвојување.

Анонимуси зборуваат за бизнисот со деца

Анонимни лица му откриваат детали од бизнисот со посвојувањето на Министерството за труд и социјална политика. Откако е отворена аферата со неправилностите, досега до Министерството, како што рече Спироски, се стасани пет пријави од анонимни граѓани. Тие во своите реакции посочуваат конкретни имиња од центрите што биле вклучени во посредување или полесно завршување на работата околу посвојувањето.

Министерот Ристоски е изненаден од имињата што се посочуваат во реакциите, и планира со секој од овие лица, доколку се расположени, посебно да разговара со загарантирана анонимност. Секој граѓанин, пак, што може да помогне во разоткривање на криминалот, Ристоски посочи дека може да се јави и на телефонот за корупција 15133.

Детето да се регистрира за десет дена

За да се намалат пропустите, Министерството најави пориго��озни мерки во Законот за семејство. Дете што ги исполнува условите за посвојување ќе мора најдоцна за 10 дена да се впише во регистарот за посвојување. Во спротивно, стручниот работник ќе заработи казна од 1.000 до 1.500 евра. Казна од 1.500 до 2.5000 евра се планира и за прекршок на одговорното лице, како и за центарот од 2.500 до 3.500 евра.

Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на стручниот работник што нема да ја извести Комисијата за најсоодветни посвоители во рок од 5 дена и предметот веднаш не го достави до друг Центар, ако надлежниот Центар нема заинтересирани посвоители.

 


Статијата е прочитана 1164 пати.

Испрати коментар



Како „Топлификација“ секогаш добива
И уште нешто
На старецoт му треба нов бастун
Вмровски фирми ќе го ринат снегот во Битола
Беговата куќа се санира
И Штип ќе се украсува со споменици и сo скулптури



Za pofalba, 10.11.2011 04:08:33
Dobro e sto ministerot raboti na otkrivanjeto na zloupotrebite i propustite vo rabotenjeto, kako i nivnoto korigiranje. Greota se decata, a i lugeto sto so godini cekale za posvojuvanje.
bitola, 10.11.2011 06:24:14
NEMOKNA ILI ZAMESANA...
Ванѓа, 10.11.2011 08:53:29
Ако Министерот вистински почне да го разоткрива случајот, сигурно ќе биде или сменет или против него ќе има некаква афера за злоупотреба. Мафијата веќе управува со партијата на власт и државните институции во Македонија. Али тој тоа многу добро го знае бидејќи знае кој го намести да биде Министер (не мислам на Премиерот), така да и ова негово шоу ќе заврши со хапиендинг и на крај некоја чистачка ќе ја избркаат од работа. Многу слично како и борбата против урбаната мафија која заврши со тоа што сите нелегално изградени згради се легализираа!
Istocna Makedonija, 10.11.2011 09:16:00
Ovoj golem kriminal so posvojuvanje na deca treba bo koren da se presece!
maja, 10.11.2011 10:51:39
Сакам да замолам да го разгледате случајот од форумот Рингераја.мк каде словенката Агнес сакаше да посвои две ромски близначиња и ја мотаа со години барајки пари, а за сето тоа време место децата да бидат во топол дом тие седеа во дом.
emi, 10.11.2011 15:45:11
e aj kako sega 1500evra ke plati kazna,i pak ke ostane da raboti ,a so biznisot sto se vrti ke ima poari uste 100 pati da go fatat...koja e ova licemerie za pogresno parkiranje 500evra a za dete skrieno 1500evra!!!!neverojatno

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ

Членови на интернет-групата за поддршка, наречена „Девојките на Медведев“, присуствуваат на состанок на рускиот претседател Дмитриј Медведев со блогерите во Кремљ, Москва.
Најнови вести
Време
Скопје, 8°C

Облачно

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -3°C

Сабота
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |