ДНК
Џек-пот за Панчо и Андреј
Популарното аренби дуо ДНК (Панчо и Андреј) завчера, на Стара Нова година - Василица во „Ројал казино“ го промовираше својот нов видеоспот за насловната тема од истоимениот албум, баладата „Кажано е се'“.
Дел од спотот во кој Панчо и Андреј ги искажуваат и своите актерски способности е снимен токму во ова скопско казино, додека останатиот- е реализиран во студиото на „Томато продукција“, која се јавува и како негов потписник.
Невообичаеното место за промоција предизвика голем интерес кај новинарите што дојдоа во голем број, а истовремено добија и шанса да си ја пробаат својата среќа на некој од апаратите.
На средбата со новинарите Панчо и Андреј изјавија дека во наредниот период ќе паузираат со присуството во медиумите, со цел максимално да се посветат на подготовката на материјалот за новиот албум, кој се планира да излезе во април 2012 година. (К.Ш.) |