Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Забава

Голди Хоун

Бившиот сопруг пишува книга за нејзините гревови

Беспрекорниот имиџ на холивудската ветеранка Голди Хоун би можел да биде нарушен ако книгата на нејзиниот бивши сопруг Бил Хадсон, во која до детали се опишува нивниот слободен брак, пронајде свој издавач и го здогледа светлото на денот.

Актерката била мажена за Хадсон од 1976 до 1980 година и му родила две деца: ќерката Кејт и синот Оливер. Од него се развела на врвот од својата кариера, и според зборовите на Хадсон, му забранила да ги гледа децата, кои за свој татко го сметале Курт Расел, вториот сопруг, за кого се омажила во 1983 година.

Имено, Хадсон ја обвинува Голди за неверство во бракот, наведувајќи дека почнала да го изневерува брзо по венчавката.

- Ти си мојата сродна душа, но, за жал, јас верувам само во отворен брак - му кажала огнената Голди на тогашниот сопруг. Хадсон вели фека Хоун тогаш во холивудските кругови била позната како „девојка секогаш подготвена за забава“.

- Книгата ја напишав зашто сакав моите деца да ја дознаат вистината. Кејт е уверена дека ја запоставував и ми замерува што нем��ме изградено однос на татко и ќерка. За тоа е виновна нејзината мајка, која не ми дозволуваше да ги гледам своите деца. Таа ги сврте против мене. Жал ми е што Кејт во медиумите споменува дека на нејзиниот вистинскиот татко никогаш не му била важна. Тоа се глупости. Веројатно, и' било потребно малку драма за да го зачини својот совршен живот, во кој за ништо не требала да се испоти. Веројатно, и' било потребно сочувството на нејзината публика - заклучил Хадсон.


#
Статијата е прочитана 1343 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Карингтонови се враќаат на сцена
Џек-пот за Панчо и Андреј