Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Денеска и утре до 39 Целзиусови степени

Иако летото календарски е на крај, жештините не попуштаат

Жешкото лето со екстремно високи температури се' уште не ја напушта Македонија. Иако е невообичаено за овој период од годината, живата во термометрите викендот ќе се искачи близу четириесеттиот Целзиусов степен. Дневната температура денеска ќе го достигне 38, а утре 39 Целзиусови степени.

Синоптичарите најавуваат благо опаѓање на температурите и извесно освежување од вторник и среда, кога во земјава ќе има прилив на посвежа маса што ќе пристигне од северозапад.

Денеска и утре Македонија ќе биде под влијание на топла и стабилна воздушна маса, која условува сончево и топло време со температури од 31 до 39 степени.

„Сончево и топло ќе се задржи и в понеделник, а од вторник и среда поради прилив на малку посвежа маса од северозапад се очекува на да настапи благ пад на температурите на воздухот со услови за локална нестабилност и можност за врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер“, вели Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи.

В четврток и в петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со благ пораст на температурите. Кон крајот на седмицата повторно ќе има дестабилизирање на атмосферата и ќе преовладува променливо и посвежо време со повремени врнежи од дожд. (Сн.К.)

 


Статијата е прочитана 664 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
„Денот на дрвото“ и во октомври, но сега ќе се внимава на локациите
Македонија на поштенски марки и во 1944 година

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.