Од каталогот на поштенски марки на југословенските држави издаден во 1978 година
Киро Кипроски
КИЧЕВО - Дали 8 септември случајно е избран за ден кога граѓаните на Република Македонија во 1991 година по пат на референдум се изјаснија за суверена, самостојна и независна држава. Или се базира на некој историски ден значаен за Македонија и Македонците?
Сосема случајно, претседателот на Киносојузот на Македонија Саша Дукоски кај кичевчанец пронашол колекција на пет поштенски марки издадени на 8 септември 1944 година. Во каталогот на поштенски марки на југословенските држави издаден во 1978 година на 239 страница се наоѓаат марките кои се користени два месеца во ФНРЈ. Има текст во кој се појаснува издавањето на марките.
„При повлекувањето на бугарските окупаторски трупи, Македонија ја окупирале германски трупи и прогласиле независност. На 8 септември 1944 година е формирана влада која постоела се' до 13 ноември 1944 година, односно се' до повлекувањето на германските трупи од ова подрачје и до ослободувањето на Скопје.
Во образложението стои и тоа дека биле препечатени 26.680 комплетни серии составени по девет марки со различни вредности, а левовите се претворени во стотинки.
Токму овој пронајдок за Дукоски бил предизвик да сними документарен филм.
„Малку луѓе знаат зошто 8 септември е избран како ден за референдумско изјаснување. Во колекцијата на кичевски филателист пред неколку години пронајдов колекција на бугарски марки на кои има е препечатен датумот 8 септември 1944 година и стои името Македонија. Поштенските марки биле користени само неколку месеци во нашата држава и тоа беше повод филмски да го документирам и да и' го прикажам на филмската јавност“, изјави Саша Дукоски, кој е член на Фотоклубот на „Арт“ од Кичево.
„Во моите истражувања добив информации дека во периодот кога се користеле поштенските марки, биле препечатени бугарски пари со истиот датум, со што имало обид да се воспостави и платежен систем во независна Македонија во 1944 година. Вакви банкноти се наоѓале во домашни архиви на граѓани на поранешна Источна Германија, со кои воспоставив контакти, а тие ми ветија дека ќе добијам оригинални примероци на банкнотите.
Tocno markite se korpus delikti ;Makedonija postoji od 8 septemvri1944God. Cevlite na deomi sto gi najdov na cerenot bea napraveni 1936 god. e sega kazimi koj e postar; cevlite na dedomi il Makedonija.