Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Македонија

Архитектите бараат спас за Охрид

Висококатниците што никнуваат на секој чекор го оневозможуваат видикот кон езерото

Мики Трајковски


ОХРИД - Архитектите бараат спас за Охрид од урбанистичкиот хаос за кој никој не води сметка, а го доведува во прашање и задржувањето на статусот - град на УНЕСКО. Надзорот во урбанизмот треба да го имаат само меродавни државни институции, како, на пример, Заводот за заштита на културното наследство, а не фирми кои не се разбираат во таа сфера, потенцираат архитектите. Се практикува поголем дел од урбанистичките планови за Охрид да ги изготвуваат фирми од Гостивар или од Скопје, кои според архитектите воопшто не ја познаваат душата на градот, но и урбанистичките проблеми со кои секојдневно се соочуваат охриѓани.

За архитектот Ристо Андоновски, Охрид како единствен град во Македонија под заштита на УНЕСКО, треба да има посебен урбанистички третман како од локалната, така и од централната власт. Тој тврди дека поради недостиг од организација и меѓусебно почитување на архитектите засега не постои таков интерес.

„Имаме дипломи и многу повеќе ја знаеме проблематиката од оние во Кавадарци, Скопје или Гостивар. Не може Охрид да биде заробеник на Законот за просторно и урбанистичко уредување, исто како што се Демир Хисар, Гевгелија. Се залагам да се донесе посебен закон за Охрид“, коментира Андоновски.

Од Општина Охрид велат дека урбанистички планови може да изработуваат само лиценцирани фирми, а во градот имало само една таква фирма. Што се однесува до архитекти со лиценци за изработка на урбанистички планови, во Охрид има само неколкумина.

„Фирма која ги работи плановите мора да се придржува кон Законот за просторно и урбанистичко планирање, но и да ги почитува правилниците и стандардите во оваа област. Во спротивно, урбанистичкиот план нема да биде усвоен“, нагласува Бранко Арнаудов, началник на Секторот за урбанизам во Општина Охрид.

И дел од охридските советници се на мислење дека треба да се формира јавно претпријатие за урбанистичко планирање. Но, тоа не е можно со новиот закон.

„Се согласувам дека е најдобро архитекти од Охрид да изработуваат урбанистички планови за градот. Со ова средствата што се одлеваат од буџетот на Општината ќе останат тука. Како живее и како дише Охрид знаат овдешните архитекти. Само на една седница на Советот има дваесетина барање од граѓани за донесување урбанистички планови“, вели Јоне Станковски, советник на ВМРО-НП.

На Охрид му се случува таканаречена болна архитектура, сметаат архитектите. Според нив, локалните власти итно треба да сфатат дека е потребна реорганизација на урбанистичките планови и во начинот на кој се планира урбанизацијата.

А во последниве неколку години Охрид добива сериозни опомени, дека може да го загуби статусот град на УНЕСКО, поради нарушување на автентичноста на старото градско јадро и крајезерскиот појас.

„Како и сите градови под заштита на УНЕСКО и во Охрид се појавуваат одредени проблеми кои се драматизираат во јавноста. Никогаш Охрид не бил на листата за исклучување. Имало само претставки од разни институции и поединци“, вели Јордан Плевнеш, амбасадор на Македонија во УНЕСКО.

Иако процедурата за бришење на едно место од листата на УНЕСКО е долга и сложена, никој, па ниту најголемите оптимисти не исклучуваат тоа да му се случи на Охрид.

„Најголемиот број забелешки во билатералните контакти со луѓе кои се преставници во таа организација се однесуваат на урбанизацијата. Ако продолжиме со тој тренд, ќе го нарушиме не само јадрото во Охрид, туку и крајбрежјето“, предочува Дејан Пановски, член на македонската делегација во УНЕСКО.

Факт е дека треба да се стави крај на урбаниот масакр. Охрид се' повеќе го губи шмекот на град во кој до неодамна езерото можеше да се гледа и од најниската точка. Сега тоа повеќе не е така. Висококатниците кои никнуваат на секој чекор го оневозможуваат видикот кон езерото, па дури и кон Галичица. Постарите охриѓани раскажуваат дека повеќе не е ист и ветерот што дува во Охрид, ниту, пак, воздухот во кој се чувствува мирис на бетон и малтер. Охрид, за жал, се' уште останува заробеник на урбанистичката мафија, која владее со Охрид, и на урбаните профитери кои во секое слободно парче земја гледаат можност за одлична заработка.


#
Статијата е прочитана 1135 пати.

Испрати коментар

Од: Касно
Датум: 02.09.2010 09:02:31
Градот е уништен , поправање нема.Еден од нив е и Куба либре.
Од: mirka
Датум: 02.09.2010 09:13:03
Veke e kasno zar ne gledate na sto lici Ohrid
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.09.2010 09:49:02
Види богати во Охрид имало урбана мафија,вероватно и ова не го знае славниот славниот патник инаку во слободно време градоначалник.Или можеби има сознанија но по инерција на однесување пак ќе ја обвини владата и за овој вид на урбан вандализам.Тоа што УНЕСКО опоменува дека ќе ја повлече заштитата многу него тангира градоначалникот. По се изгледа профитабилноста на урбаната мафија е во преден план но можеби и нешто ,,капнува,, за некого па свесно замижува пред урбаниот вандализам.
Од: S. G. Holandija
Датум: 02.09.2010 15:49:07
Ohrid od edno ubavo / sarmantno gradce, poleka stanuva ,mesto koe ke treba da se odbegnuva vo idnina. Dolg niz na godini pravev (besplatni) prevodi i reklama za Ohrid ovdeka kade sto ziveam. Veke nema da pravam / zboruvam nisto za Ohrid - bidejki edna rabota konecno ja sfativ: za da de zeme nekoj za ozbilno - treba prvin sam sebe (gradot i lugjeto) da si se sfatis ozbilno. Toa za zal veke dolg niz na godini ne e slucaj so Ohrid. Bez promena na mentalitetot - sekoja druga promena bez ogled na toa dali nosi pari ili ne - ZALUDNA!

Најди! во Утрински
Македонија
Замир Дика нов ректор
Реставрација на гостиварската Саат-кула
Уништени илјада хектари бор
Збратимувања за економски развој






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'