Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Скопје

„Зградата-убиец“, конечно, ќе се доизгради

Во објектот ќе се всели администрацијата
на Министерството за финансии

По неколкугодишни најави, државата, конечно, ќе преземе мерки да ја доизгради некогашната зграда на „Југобанка“ во центарот на градот, позната во јавноста како зграда „убиец“. Министерството за финансии, во чија сопственост е објектот, распиша јавен повик за негова доизградба, реконструкција и адаптација. Се бара заинтересиран субјект да изработи проектна документација за оспособување на објектот, односно да ги изведе градежните, занаетчиските и инсталатерските работи, како и да го уреди објектот внатрешно и надворешно. Всушност, како што стои во објавата, објектот на Министерството ќе треба да му се предаде во фаза „клуч на рака“.

Од Министерството вчера информираа дека објектот ќе се искористи за сместување на неговата администрацијата, која сега е кираџија во неколку околни објекти. „Во зградата ќе се смести цело Министерство за финансии со дел од органите на составот, на тој начин ќе се заштедат пари кои досега беа плаќани за кирии. Иако имаше идеја за јавно-приватно партнерство, студијата за оправданост покажа дека тоа е финансиски неоправдано“, објаснија вчера од Финансии без да посочат колку средства државата ќе издвои за доизградба на објектот.

Во секој случај, барем е сигурно дека таа по речиси 20 години ќе биде изградена. Препознатливиот објект - дувло за наркомани и скитници и грда слика во центарот на Скопје - ќе стане минато.

Инаку, висококатницата почна да ја гради „Југобанка“ во 1991 година. Во 2001 година, пак, беше најавена доизградба на објектот, за што државата издвои пет милиони евра, но поради воениот конфликт парите беа пренаменети за други цели. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 1437 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Монтажно паркирање за 500 возила во Центар
ЈП ќе ги плаќаат долговите на рати
Ќе проработат електронските екрани на автобуските