Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Скопје

ЈП ќе ги плаќаат долговите на рати

Градските јавни претпријатија во иднина даночните долгови ќе можат да ги плаќаат на рати, информираше вчера градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски. Оваа шанса им ја овозможува новиот предлог-закон за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговски друштва. Предлог-законот, кој е иницијатива на ЗЕЛС, е веќе даден во Собранието и завршено е првото читање.

На 120 месечни рати ќе може да се плаќаат долговите од ДДВ, персонален данок и данок на добивка на 120 месечни рати, со грејс-период од три години. Трајановски информираше дека градските јавни претпријатија најмногу должат по основ на ДДВ, а дел од нив неколкупати се соочуваа со блокирање на сметките од страна на Управата за јавни приходи.

Со овој закон се отпишуваат каматите, а за грејс-периодот од три години општините и јавните претпријатија ќе можат да го подобрат своето работење и да ја набават потребната опрема. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 295 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Монтажно паркирање за 500 возила во Центар
Ќе проработат електронските екрани на автобуските
„Зградата-убиец“, конечно, ќе се доизгради