Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Татко и син се задушија во бунар

Несреќата се случи во скопското село Булачани. Во бунарот-убиец се задушија татко и син при обид да го запалат моторот за наводнување

Даниела Трпчевска

Бунар зеде два животи во скопското село Булачани. Татко и син се задушија во бунарот во нивната нова во близина на селото додека се обидувале да го запалат моторот за испумпување вода од бунарот. Од силниот облак од дим што се создал во бунарот најпрвин се задушил 31-��одишниот син, Влатко Георгиевски, кој паднал во 12 метри длабокиот бунар и завршил во водата. Неговите повици за помош ги слушнал татко му. При обидот да му помогне на сина си, животот трагично го завршил и неговиот татко Љубе (59). Од густиот облак од гасови што го испуштил моторот, тој се затетеравил на скалилата и паднал на платформата, поставена на шест метри длабочина во бунарот. Несреќата се случувала пред очите на целото семејство и поблиски роднини, кои работеле на нивата во неделата попладне. Соседите во шок раскажуваат дека трагедијата можела да биде уште поголема поради опасноста да се задушат уште неколкумина од мештаните што се обидувале да ги извлечат телата на таткото и на синот од кобниот бунар.

Скопското село Булачани, кое се наоѓа во општина Гази Баба, вчера беше завиено во тага и шок по непроспиената ноќ, помината во нивите под селото, каде што до 2 часот изутрина специјални екипи ги ваделе телата на таткото и на синот од селскиот бунар.

Куќата на семејството Георгиевски беше преполна со роднини и соседи што дојдоа за последен пат да се простат од младиот Влатко и од неговиот татко Љубе. „Многу вредна и добра фамилија. И таткото и синот работеа по цел ден на нивните, живееја од земјоделство, имаат повеќе ниви и овоштарници. Ова е голема трагедија. Не знам што да кажам. Не ни се верува дека се случи ова“, вели еден од соседите.

Несреќата, според полицијата, се случила во неделата околу 19,30 часот. Семејството работело на нивите во месноста Сењаци, која се наоѓа во подножјето на селото Булачани.

„Влатко влегол по скала во бунар каде што имало палуба и на која имало поставено моторна пумпа „томос“ за вадење вода. Притоа, најверојатно од издувните гасови, паднал во водата од бунарот. Кога го забележал тоа татко му Љубе ,се симнал во бунарот за да му помогне на синот, но и тој паднал во водата“, велат во полицијата.

Трагедијата се случувала пред очите на постариот син на Љубе, неговата мајка и нивни роднини, кои во тој момент работеле на нивата. Неколкумина од нив веднаш се стрчале и се обиделе да го извлечат телото на Љубе, кое се наоѓало на платформата.

„Среќа и тие не се задушиле, оти кога дојдов, имаше огромен чад, како облак околу бунарот. Трагедијата можела да биде уште поголема оти од гасовите почнале да се задушуваат и другите што се обидувале да ги извлечат телата од бунарот“, раскажува еден од соседите, кои ноќта околу 2 часот дошол на местото на трагедијата. Целото село ноќта пристигнало кај бунарот, во обид ако може да се спасат животите на нивните соселани. Но, набрзо пристигнала вест од лекарите дека е предоцна.

Вадењето на телата, според него, траело до доцна во ноќта. Некаде околу 10 часот дошле пожарникарите, а подоцна и специјални единици на полицијата, кои со часови ги ваделе телата на починатите. Најкритично било вадењето на телото на синот, кој паднал во длабочина од 12 метри на дното на бунарот.

„Утрински весник“ вчера беше на местото на трагедијата. Бунарот се наоѓа на околу 2 километра од селото и до него се стигнува по тесен макадамски пат. Бунарот длабок околу 12 метри, семејството го користело за наводнување на околните ниви, преполни со оранжерии и овоштарници. Бил ископан уште пред 30-ина години и оттогаш наваму бил користен за наводнување. Проблеми никогаш немало, иако соселаните велат дека било потребно само една секунда невнимание за да се случи трагедија. „Моторот испушта многу гасови, и кога е на отворено, може човек да се задуши, а камоли, пак, во бунар, каде што е затворен просторот“, раскажуваат тие.

Ова не е прва ваква трагедија во крајот. Според жителите на Булачани, минатата година татко и син загинале на сличен начин и во соседното село Црешево. И таму бунар-убиец одзел два живота.


#
Статијата е прочитана 1058 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Нови термини за пасоши преку интернет
Гостин од Албанија се удави во Липковско
Продолжен притворот за „Пајажина“

"""