|
|
Гостин од Албанија се удави во Липковско
Албански државјанин, кој бил на гости во Кумановско, завчера се удавил во Липковско Езеро. Несреќата се случила во Горна Брана, на местото Глажња, во атарот на кумановското село Думановце. Дваесет и седумгодишниот Ељтон Хаса од Албанија, кој бил на гости кај пријатели во Думановце, завчера шетал покрај браната заедно со 15-годишно момче.
Тој му кажал на детето дека планира да влезе во езерото за да се освежи.
„Но, по кратко време, почнал да пропаѓа поради што побарал помош. Но, неговиот пријател, најверојатно, не знаел да плива, па не можел да му даде помош“, велат во МВР. Телото на починатиот е извадено од припадници на Единицата за специјални задачи на МВР, а увид извршиле истражен судија и јавен обвинител. (Љ.С.) |
#
|
Статијата е прочитана 749 пати.
|
|
|
|
|
|
|