Спортски херои во 2008
Година на грандиозна олимпијада, светски рекорди, врвни достигнувања и европска фудбалска смотра
Фудбалска репрезентација на Шпанија
Шпанците со победата над Германија од 1:0 со голот на Фернандо Торес по цели 64 години повторно станаа европски шампиони во фудбал, а Чави Фернандез беше избран за најдобар играч на првенството во Австрија и во Швајцарија.
Елена Исинбаева
Својата надмоќ во женскиот скок со стап Русинката Елена Исинбаева годинава ја заокружи на најубав можен начин - со златен олимписки медал освоен со нов светски рекорд од 5,05 м. Во февруари во Донецк, пак, постави и нов планетарен рекорд во сала од 4,95 м.
Кошаркарите на Бостон
Kошаркарите на најуспешниот клуб во историјата на НБА ја крунисаа со 17. шампионска титула. Во финалето Селтикси беа подобри со 4:2 од стариот ривал Лос Анџелес лејкерс.
Јусеин Болт
Годината 2008 ја одбележа и спринтерот Јусеин Болт од Јамајка, кој во Пекинг стана првиот човек со три светски рекорда во сите три дисциплини на кои настапил на една олимпијада. „Молњата“, како што го нарекоа, постави најдобри времиња во историјата на 100 м (9,69 сек.), на 200 м (19,30 сек.) и во штафетата 4х100 м (37,10 сек.).
Мајкл Фелпс
На ОИ во Пекинг оствари несекојдневни резултати, се закити со рекордни осум златни медали на една Олимпијада, потфат каков што досега не памети човештвото, потфат кој тешко дека некој пливач ќе го собори во догледно време.
Валентино Роси
По двегодишен ��ост, Валентино Роси годинава повторно се врати на шампионските патеки, освојувајќи ја својата петта титула во Мото ГП, вкупно осма во сите класи. Со триумфот во Ле Ман на 19 мај, вкупно 90. во кариерата, Италијанецот му се придружи на Анхел Нието на второто место на вечната листа во сите категории.
Луис Хамилтон
Тоа што во дебитантската сезона 2007 му побегна за само еден поен, Луис Хамилтон (23) го „наплати“ годинава, станувајќи најмлад светски првак во историјата на Формула 1 и прв црномурен возач кому му успеало тоа. Ѕвездата на Мекларен освои еден поен повеќе од Фелипе Маса.
Кристијано Роналдо
Со Манчестер Ј. ја освои Премиерлигата и Лигата на шампиони, како и светскиот клупски шампионат пред неколку дена во Јокохама. Заслужено ја освои и „Златната топка“ за играч на годината.
Алберто Контадор
Контадор е единствениот Шпанец која успеа да ги обедини титулите на трите најпрестижни велосипедски трки во светот. Во 2007 година победи на Тур де Франс како член на тимот на Дискавери, а во годината што изминува триумфираше на Џиро ди Италија и Вуелта со екипата на Астана.
Рафаел Надал
Уште долго ќе се зборува, а никогаш нема да се заборави, годинашното финале на Вимблдон во кое Надал, во пет сета, го порази дотогаш неприкосновениот на лондонската трева, Швајцарецот Роже Федерер. Наградата за неговите игри стигна на 18 август кога и официјално ја презеде лидерската позиција на АТП ранг листата од Федерер. „Кралот на земјата“. |