Светски ден на првата помош
„Прва помош за сите“ е годинашното мото под кое денеска Црвениот крст на Македонија ќе го одбележи 11 септември - Светски ден на првата помош. Централната манифестација ќе започне точно напладне пред Спомен-куќата на Мајка Тереза. Активистите и подмладокот на Црвениот крст ќе демонстрираат на креативен начин вештини од првата помош пред очите на граѓаните, а со цел да се подигне јавната свест дека првата помо�� може да спаси нечиј живот.
Клучната порака од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за Светскиот ден на првата помош оваа година е дека сите луѓе се ранливи, но сите поседуваат способност да научат да даваат прва помош со цел да се зачува нечиј живот. (Сн. К.)
|