Нано Ружин се најде во центарот на расправата меѓу Иванов и Фрчкоски
Фрчкоски бара од ректорот на Скопскиот универзитет да се санкционира злоупотребата на студентите
Изборниот штаб на СДСМ вчера достави претставка до ОБСЕ, ОДИХР и до „Мост“ во која ја изразуваат својата загриженост од изјавата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, во која јавно призна дека преку своите студенти му помагал на својот конкурент Нано Ружин во собирањето потписи за кандидирање.
СДСМ пишува дека со тоа биле погазени сите морално-етички норми на демократско однесување и директно или посредно се прекршени законските одредби кои ја санкционираат повредата и злоупотребата на избирачкото право, повредата на слободата на определување на гласачите, поткуп при изборите и гласањето (Изборниот законик на РМ), давањето или ветувањето подарок или друга корист за да се гласа за определен кандидат или за определена одлука (Закон за спречување корупција).
Тие сметаат дека поради сето ова, постои сериозна основа за сторена манипулација и злоупотреба на студентите и, воопшто, на граѓаните, а тоа, укажуваат, може да се третира и како искористување на службениот статус професор, па бараат соодветна реакција и преземање мерки кои ќе придонесат за заштита на изборниот процес.
Спорната изјава на Ѓорѓе Иванов беше повод и за писмената реакција на претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски до ректорот на Скопскиот универзитет, проф. Велимир Стојковски. Фрчкоски бара ректорот да преземе мерки согласно со своите надлежности и во писмото наведува дека со ваквата изјава, Иванов јавно призна дека го прекршил член 13 од Законот за високо образование, со кој се забранува политичко организирање и дејствување, а во ��рска со членовите 8, 9, 10 и 13 од Статутот на Универзитетот.
Како директно надлежен и одговорен за законитоста, угледот и автономијата на Универзитетот, претседателскиот кандидат на опозициската СДСМ бара од ректорот Стојковски да поведе постапка против Иванов за утврдување на одговорноста за злоупотреба на положбата и овластувањата како професор на Правниот факултет поради присилување на студентите да се потпишуваат под кандидатурата на Нано Ружин. Поради јасно искажаната поддршка со „Ваш потпис на кандидатура на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме јавно да се изјасните за овој повод“, се вели во писмото на Фрчкоски. (Б.Ј.)
ништо ново од СДСМ, пак со кодошење!
тие кодошат а последиците од негативни оценки се разбира ќе ги сносиме сите!
дали има друг пример во светов како нив сопствена земја ја црнат со прљав веш, а неможат ништо на народов позитивно да му ветат, као програма например.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 17.03.2009 00:20:53
Ni Frcko, ni SDSM nikako da sfatat deka duri i Ivanov da go otrfrlat od igra, pak ce izgubat.So podrska od VMRO i rejtingot sto go imaat, duri i jas mozam da bidam predsedatel. Vo ovoj slucaj, glasovite ce se prenasoct kon Brat Ljube i pak FRCKO I SDSM SE MNOGU GOLEMI GUBITNICI
Од: od jas
Датум: 17.03.2009 03:16:00
Dosta be samo kukate zasukajte rakavite i pocnete da rabotite da ja vratite doverbata na narodot se pretvorivte vo plackovci i tuzibabi sto partija ke bevte
Од: Кривата чешма
Датум: 17.03.2009 07:34:22
Их бре. Од еден виц на Иванов лузерите од СДС направија цел роман. Веднаш во стилот на Црвенковски го искодошија Иванов пред сите странски организации. Ако е Фрчко некаков си правник, и ако е убеден дека Иванов прекршил некој си закон - зошто тогаш не го тужи, туку ни кажува политички приказни?.
Од: Оли Јулчовски
Датум: 17.03.2009 09:16:26
Значи не е кодошење да го купите Ружин, а кодошење е ако се жалиш пред мегународните институции.Вмровци, се ви е,,наопаку,,Зарм не сте свесни каков човек имате кандидирано за Претседател,Ај,Од почетокот не знаевте колку е неспособен,и затоа може да ви се опрости,Но откога започна кампањата сите сватиа дека тој ако биде избран ќе е послушник на Вождот,Зарем сакате Полтрон да ја води Македонија,И престанете самите да се лажете,Дека ако се зборува вистоната тоа е Клеветење,НЕ Ако се замижува тоа е Трагедија.
Од: obseee kazi im da ne pravat taka
Датум: 17.03.2009 09:59:34
Od kodoshi na Makedonija i e preku glava i zatoa nikogas poveke nema da im se dade shansa da ja vodat drzhavata.
Од: Petar
Датум: 17.03.2009 10:17:27
Не навлегувам кој е крив, кој прв почна и која партија и кандидат се подобри, итн итн. Но до кога безсрамно сите македонски политичари (и од власта, а особено од опозицијата) ќе реферираат пред странскиве дипломатски мисии и организации!? имаат ли тие луѓе барем минимум достоинство и грам познавање на тоа што е дипломатска пракса, протокол, ниво на комуникација?! па ова го нема ниту во Босна која е земја се уште формално под меѓународен протекторат. Треба сите партии во МК да се укинат и после долгогодишна обука на нови кадри да се оформат нови. Ни треба експертска влада како во 1991! Срамота!
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 17.03.2009 11:58:49
Кодоши како СДСМ ја изолираа Република Македонијаод ЕУ и НАТО, од такви како нив досега само стагниравме па и одевме надолу, фрлајќи невистини насекаде каде што ќе стигнат и користејќи ја маката на луѓето се со цел да го претстават ВМРО ДПМНЕ во негативно светло, како на меѓународно така и на домашно тло.
Од: pravda
Датум: 17.03.2009 12:11:26
Da ovoj narod imase barem malku oset za drzavnost nemase deset veka da sme bez drzava,ama i ovaa sto ja dobija na tacna od komunistite nema da mozat da ja socuvaat zatoa i tolku mnogu plukaat po komunistite
Од: no name
Датум: 17.03.2009 14:06:21
EJJJ......Imate li mozok??? Prekrseni se zakoni!!!! Ili toj "profesor" ne ni znae deka i postojat zakoni??? Pa toj "profesor" raboti na Praven Fakultet, a ne e vrazalka sto pod nekoj sator povtoruva tugi misli i kolne po se` zivo i divo.
Од: Стојко
Датум: 17.03.2009 17:27:23
До кога ке се манипулира со вистината? Сега испаѓа дека не е крив тој што краде, туку тој што кажал: Држте лопова! До кога со лажна солидарност? Тоа неспособните уште од 1 одделение викаат да не се цинкари, а тие само препишуваат. Ова не е цинкарење, како што сака да прикаже дпмнеовска централа преку (на нивна жалост) неинвентивни, необразовани и шаблонски ориентиреани кутри мали дпмне-овчиња, туку изнесување пред светската јавност домашен резил. Додуше, јас ги разбирам (кутрите, мали, ...). Се борат за своето место со тоа што имаат: јазик. Мозок и кичма не им треба.
Од: vasko
Датум: 17.03.2009 18:12:27
Политичка пропаганда на СДСМ и ништо повеќе од тоа.Јас би ги запрашал сите подржувачи на СДСМ(ако сеуште има такви),каков претседател на Р.Македонија би бил Фрчковски со уличен речник??????????
П.С.Затоа г.Фрчко нема да биде наш претседател..............
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 17.03.2009 18:13:04
Dali vo posledniot del od prijavata, go informiraa OBSE deka koga Frckoski ke gi dobiel izborite, ke krsel noze na nekoi od VMRO-DPMNE.