Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Работнички К. ја завери титулата

Вардар нокаутиран од Пелистер на Градски со 3:1 во директната пресметка за излез во Европа

Сашко Ѓ. Димовски

Фудбалерите на Работнички Кометал, на четири кола до крајот на сезоната, и теоретски ја осигураа третата шампионска титула во клупската историјата во настапите во домашното првенство. Заверката стигна во саботата на „Градски“ во мечот со Ренова што го добија со 2:0 за задржување на предноста од 12 бода во однос на Милано чии играчи ја поразија Победа со 2:1.

По едногодишна пауза шампионскиот трофеј се враќа во Дебар Маало и во случај „романтичарите“ да ги загубат преостанатите четири дуели (во гости со Победа и Вардар, дома со Пелистер и Милано), а во истовреме Милано во сите четири (во гости со Пелистер и Работнички К., дома со Вардар и Македонија Ѓ.П.) да оствари победи. Во таа ситуација што е малку веројатна, но како теорија постои, Работнички К. и Милано ќе имаат идентичен број бодови, меѓутоа дебармаалци се' во предност поради подобриот скор во меѓусебните пресметки со кумановскиот прволигаш во оваа сезона.

Расплетот на првите позиции е уште од поодамна завршена работа, па затоа целото внимание ќе биде насочено кон пласманот на третото место кое води во Европа, а за кое конкурираат Пелистер и Вардар. Битолчани во моментот се' во предност, откако позитивата од еден бод пред ова коло ја зголемија на четири по победата во саботата на „Градски“ во директниот дуел со „црвено-црните“ со 3:1 со хет-трикот на новиот младински репрезентативец на Македонија, Миранда. До крајот на сезоната вардарци ќе се обидат да го анулираат бодовниот минус во однос на Пелистер во дуелите со Македонија Ѓ.П и Работнички К. на домашен терен во гости со Милано и Напредок, додека пелистерци ќе ја бранат на стадионот под „Тумбе кафе“ против Милано и Напредок, а гостуваат на Работнички Кометал и Силекс.

Интересно ќе биде и во борбата за опстанок. Најзагрозени се Шкендија 79 и Цементарница кои имаат по 22 бода на последните две позиции, Башкими, со 26 бода, е на 10. место кое обезбедува разигрување за прволигашки живот, а за втората позиција која води во бараж пресметките за опстанок подеднакво конкурираат Силекс на деветтото место со 34, осмопласираниот Напредок со 35 колку што има и составот на Македонија Ѓ.П. на седмата позиција.

Втора лига



Резултати, 29. коло: Караорман - Дрита 1:0, Вардар Декамел - Влазрими 2:1, Миравци - Турново 1:1, Металург - Скопје 2:1, Слога Југомагнат - Нов Милениум 1:0, Беласица Герас Цунев - Брегалница 2:0, Тетекс - Алумина 1:1, Охрид 2004 - Локомотива 3:0. Слободна беше екипата на Маџари Солидарност.

Табела: Металург 60, Турново 58, Миравци 56, Беласица Герас Цунев 52, Скопје 47, Тетекс 44, Дрита 42, Слога Југомагнат 41, Вардар Декамел 33, Нов Милениум 32, Алумина 32, Охрид 2004 32, Брегалница 28, Маџари Солидарност 28, Локомотива 26, Караорман 25, Влазрими 14.


Статијата е прочитана 316 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Црвени ленти и познати спотови
Зденко
Брисел не сака да го дели Западен Балкан
Предизборни разрешувања во државните институции
Владата со врзани раце за увоз на пченица
Партиските идентитети ќе решаваат на изборите
Ветото за НАТО беше лоша одлука
Масовно и свечено одбележан Велигден
Нема кина? Е па, нема
Меѓународните институции мора да го еманципираат поединецот
Кралот на челикот, Индиецот Лакшми Митал, најбогат во Велика Британија
Четврт век ја држел ќерка си во визба и ја силувал
Темни облаци над Србија
Воз излета од шини - 70 загинати и 400 повредени
Зачин и казна
Вербатим