Честитки за победата
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доби многубројни честитки по повод победата на предвремените парламентарни избори, информираат од партијата. Премиерот на Унгарија, која е земја актуелен претседавач со ЕУ, Виктор Орбан, вчера попладнето во телефонски разговор му ја честита изборната победа на Груевски. Премиерот Груевски имаше телефонски разговор и со словенечкиот премиер Борут Пахор, кој му упати честитки за изборната победа.
Честитки пристигнале и од премиери и од државници од целиот регион, од ИДУ - Светска организација на демократски партии, од Европската народна партија, од германската ЦДУ, од шведските Модерати, Форца Италија, Конзервативната партија од Британија, од фондацијата „Конрад Аденауер“, како и од дипломатски претставници во земјава.(МИА) |