|
|
|
|
|
|
|
Повеќе опозиционери во идниот парламент

Не се остварија прогнозите дека овој собраниски состав ќе биде пофрагментиран од претходниот
Многу нови лица обезбедија влез во седмиот парламентарен состав, според првичните резултати од изборите. Финалниот распоред на силите и кадровскиот состав на идниот парламент, сепак, ќе се знае кога ќе завршат сите процедури и ДИК ��е ги објави конечните резултати. И откако дел од избраните пратеници ќе се повлечат во извршната власт или ќе се вратат на старите функции и ќе отворат простор во парламентот за следните кандидати на партиските листи.
Прогнозите дека овој парламент ќе биде пофрагментиран, не се остварија. Но, изборниот скор покажува дека структурата на новата гарнитура во законодавниот дом, ќе биде поразлична од претходната, меѓу другото, и поради тоа што владејачкото мнозинство од левата страна во собраниската сала ќе има речиси двојно посилна опозиција.
Мандати овој пат обезбедија само двете големи коалиции од т.н. македонски блок и три партии на Албанците (ВМРО-ДПМНЕ - 56, СДСМ - 42, ДУИ - 15, ДПА - 8, НДП -2). По десетина пратенички места на коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ им припаднаа на нивните коалициски партнери. На пример, НСДП и Социјалистичката партија освоија по три мандати. Новоформираната НДП на Руфи Османи стана парламентарна партија и ќе го претставува албанскиот блок заедно со пратениците на ДУИ и на ДПА. НД на Имер Селмани не го положи првиот тест на парламентарни избори и сега ќе нема свои претставници во Собранието. И либералдемократите во наредниот период ќе мора да дејствуваат вонпарламентарно.
Во изминатите три години 37 пратеници седеа во опозициските клупи, додека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ го контролираше апсолутното мнозинство со 63 пратеници, а со ДУИ имаше и 80 гласа за закони што се носат со квалификувано мнозинство. На завчерашните избори победничката ВМРО-ДПМНЕ не го освои и апсолутното мнозинство (кое со пратениците од дијаспората порасна на 62 гласа), додека двотретинското се искачи на 82. (А.М.М.) |
#
|
|
|
Статијата е прочитана 1074 пати.
|
|
|
|
|
|
|
| Од: ФЕЛИКС |
| Датум: 07.06.2011 06:35:24 |
|
| И тука имаме некакви ладни облоги на отечени и помодрени опозиционери.Треба да се анализира зошто една партија петкратно по ред ја урнисува другата партија.Сите знаеме во кој ,,грм лежи зајакот,,сите знаеме кој кому е заложник,сите знаеме кој е блефер,сите знаеме кој истури во првите редови ,,жртвено јагне,,сите знаеме кој ништо не понуди а беше тркачка лисица по власта,сите знаеме скоро се само едно не,што ги спречува да се ослободат од овој непродуктивен лидерски товар.Што уште треба да се случи па да зачекорат со нов лидер и нови кадри за да се надеваат на успех. |
|
|
|
|
|
|
| Од: BERLIN |
| Датум: 07.06.2011 15:16:03 |
|
| Da ke ima opozicija Rufi Osmani so DPMN,a vladata ja formirat DUI-DPA so SDSM. i ke ne vnesat vo NATO I EU.za da ziveeme kako evropejci a ne kao ovie seljaci koi glasat za levicari DPMN koi samo imeto go imat kako desnicari,zatoa sto nivniot centar e beograd i moskva i ne terat na izolacija i propast. |
|
|
|
|
|
|
|
|