Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Македонија

Тетовското училиште ќе добие опрема само за 10 кабинети

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Само десет училници во новоизграденото училиште во тетовската населба Дреновец ќе бидат опремени за настава. Другите простории и натаму ќе останат празни и заклучени. Министерството за образование само половично одговори на барањето на Основното училиште „Братство-Миѓени“ од Тетово за потребите од инвентар. Според калкулациите за опремување на 24 училници и 25 кабинети со колку што располага училиштето во Дреновец, биле побарани нешто повеќе од три милиони денари. Но, Министерството доделило 1,2 милиона денари, доволно за целосна опрема на 10 училници и за наставничка канцеларија. Со ваквиот тек на настаните станува јасно дека Владата не прави ништо за да ги отвори вратите на училиштето. Помина цела школска година, а не се реши проблемот ниту за набавка на клупи и табли ниту за вработување наставници.

Нуредин Даути, секретар на ОУ „Братство-Миѓени“, изјави дека презеле се' што е во нивна моќ за да го решат проблемот. „Ако реакциите на Министерството за образование и натаму останат на ова ниво, тогаш наредната учебна година ќе почне само во десет училници со настава во две смени. Ова делумно решение е неопходно, бидејќи постојното училиште, во кое сега се изведува настава, има проблем со простор“, истакнува Даути.

Училиштето во населбата Дреновец е изградено и предадено во употреба на 10 септември минатата година. Во објектот се вложени 2,5 милиона евра, но од моментот на сечење на панделката остана со катанец на врата. Ова е современо училиште со 5.250 квадратни метри корисна површина, но државата се однесува негрижливо и дозволува да пропаѓа. Во училиштето кое е наменето за основно образование на македонски и албански јазик требаше одамна да почнат со часови деца од населбите Дреновец, Поток, Столево Теќе и дел од Порој.


#
Статијата е прочитана 660 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Штипскиот градоначалник ќе ги сели станарите од „белата куќа“
Неизвесна туристичка сезона во Охрид