Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Македонија

Штипскиот градоначалник ќе ги сели станарите од „белата куќа“

Иван Бојаџиски

ШТИП - Општествено-политичките и Боречката организација, Синдикатот и другите субјекти што користат деловен простор во зградата во Штип позната како „белата куќа“ ќе мора да се селат. Општината го бара просторот од 600 квадратни метри поради зголемените потреби и активности. Идејата за расчистување на сметките за просторот со кој располага општината ја отвори градоначалникот на Штип, Зоран Алексов. Уште пред неколку месеци тој најави ваква расврска, но прозваните тогаш го поставија прашањето за сопственоста на имотот.

На вчерашната прес-конференција градоначалникот Алексов покажа документ од кој се гледа дека спорната зграда, која е залепена до општинскиот објект, и' припаѓа на локалната самоуправа и на државата.

„Сите станари во тој дел, СДСМ, ЛДП, СП, Синдикатот, боречката организација со децении го користат просторот, а не плаќаат кирија и сметки за комуналии. Сите нивни трошоци се покривале од општинскиот буџет. Само во последните 4,5 години износот се зголемил на 30.000 евра. Ние немаме право на таков неодговорен начин да ги трошиме парите на граѓаните“, порача Алексов.

Претседателот на боречката организација Илија Ѓосевски е изненаден од потегот на градоначалникот. „Ние сме државотворна организација и имаме право на скромно парче деловен простор за нашите активности. Во зградата сме 32 години и никому досега не му паднало на ум да не' сели. Наша делегација беше кај градоначалникот. Тој им рекол дека нема ништо против борците, но оти има против раководството на организацијата што, според него, било поврзано со некоја политичка партија. Одговорно тврдам дека ние не сме поврзани со политичка партија и оти настојуваме со сите да имаме коректни односи. Ако треба да се селиме ќе го направиме и тоа. Но, ќе биде нашиот прв пораз и тоа во мирновременски услови“, коментира Ќосевски.

Сега спорната зграда е предадена во употреба на 8 ноември 1976 година. Градена е со пари од г��аѓаните и од државата. Во неа беа сместени сите тогашни општественополитички организации. Сега аргументирано се докажа во чија сопственост е имотот. Како понатаму ќе се одвиваат настаните, останува да се види.


#
Статијата е прочитана 1015 пати.

Испрати коментар

Од: Влатко
Датум: 30.04.2010 07:17:38
Градоначалникот е сосема во права, сите набројани во текстот подолго време го користат просторот а не си ги плаќаат комуналиите. Па кој е должен да им ги плаќа комуналиите. Алексов само напред мора да се ставе ред овде во Штип
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.04.2010 12:10:07
За борците кој мислат дека се уште во 70-тите диндер важно ама овие виножитниве поткрепени со поморанџестата СП мислат дека имотот е народен а се што народно тие го подразбираат за свое.Така бараат да бидат ослободени од плаќањето кирии и комуналии.Е тоа се вика равноправност кога неплаќаш обврски.ако некој те натера да ги платиш или иселиш поради неплаќање е тоа терор и пресметка кон политичкиот неистомисленик.Би било ептен интересантно да ги видиме виножитните коментатори како реагираат.
Од: krste
Датум: 30.04.2010 15:17:44
Феликс!? Еве ти коментар од Виножитните, Од таа зграда ќе се иселат борците, за да се вселат потомците на Тодор Александров и Ванчо Михајлов.......Историјата се повторува....ГАДНО......
Од: stipjance
Датум: 30.04.2010 15:32:50
Vistinskite borci od stip se luge vo postela, a ovie sto se takanareceni "borci" ja zloupotrebuvaat pozicijata i rabotat za SDSM . Dokaz za toa e nivnoto ptisustvo na partiskite tribini sto gi organizira SDSM, kade sto na site pogrdni zborovi za vlasta tie aplaudiraat.

Најди! во Утрински
Македонија
Тетовското училиште ќе добие опрема само за 10 кабинети
Неизвесна туристичка сезона во Охрид