Кристина Агилера
Пејачката ги откри причините за разводот
Пејачката Кристина Агилера смета дека е еднакво виновна за разводот колку и нејзиниот бивш сопруг Џордан Бретмен. Таа вели дека ниту едниот ниту другиот не биле ангели во бракот, кој официјално е прекинат во април оваа година.
Во интервјуто за магазинот „W“, Агилера изјавила: „Се' во мојот брак ме потсети на детството и на ситуацијата во моето семејство. Не сакав мојот син Макс да израсне со слични тензии. Знаев дека печатот негативно ќе реагира на разводот, но мене ми е поважен личниот мир“, рекла Агилера.
На крајот раскажала дека многупати била сведок на сцени како нејзиниот татко Фаусто емоционално и физички ј�� малтретирал нејзината мајка Шели. За тоа напишала две песни под името „Марија“ и „Еделвајз“. Моментално, Агилера е во врска со актерот Метју Рулер, кого го запозна на снимањето на мјузиклот „Бурлеска“. |