Заштитни столпчиња на улиците во Шуто Оризари
Екипи на Градот Скопје во изминативе денови постави 30-ина заштитни столпчиња по должина на улицата „Шуто Оризари“ во истоимената населба, кои треба да го спречат паркирањето на моторните возила на јавна површина. Инаку, во населбата Шуто Оризари, во близина на основното училиште „26 Јули“, деновиве беа ставени вкупно 80 столпчиња. (Б.Ш.)
|