Нов асфалт за старите дупки
По нанесениот асфалт низ повеќе градски сообраќајници, екипите на ЈП „Улици и патишта“ вчера ги санираа ударните дупки и на „Рузвелтова“ и на булеварот „Партизански одреди“. Во акцијата на Градот во изминатата недела беа употребени 30 тони ладна асфалтна маса, а притоа беа третирани оштетувањата на улиците „Бутелска“, „Јабланица“, „Владимир Комаров“, „Босна и Херцеговина“, „Никола Карев“, „Маџари“, „Самоилова“, „Ѓорче Петров“, „Лазар Трпковски“, „Железничка“, „Втора Македонска Бригада“, „4 јули“ и „Никола Парапунов“. Со ладен асфалт беа пополнувани и дупките на булеварите „ВМРО“, „Јужен булевар“, „Гоце Делчев“ и „Александар Македонски“. (Б.Ш.) |