Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Срѓан Керим aмбасадор на Спортските игри на млади во Сплит

Д-р Срѓан Керим, претседател на 62. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, и Ведран Дувњак, претседател на хрватскиот Фонд за приватизација, се прогласени за амбасадори на Спортските игри на млади во Сплит.

На прес-конференцијата организирана по тој повод, Срѓан Керим изјави: „Чест ми е да се придружам на листата на бројни амбасадори на Спортските игри на млади и оваа улога за мене претставува обврска спрема Игрите“.

Спортските игри на младите се одржуваат по 14. пат, а годинашните собраа 51.350 деца од Хрватска, а веќе наредната година ќе се одржат во Босна и Херцеговина и во Црна Гора.

Досегашните амбасадори на Игрите се: Дејвид Ричардс, Дејвид Бекам, Франц Бекенбауер, Свен Јоран Ериксон, Вилфрид Мартинс, Ленарт Јохансон, Предраг Мијатовиќ, Ерхард Бусек, Ханес Свобода...


#
Статијата е прочитана 632 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Политика
Тодоров ги договарал цените на учебниците во четири очи
Скандал
Чудни смени во третиот ешалон
Еден Деловник не прави дијалог