Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Кампањата не ги мотивира колебливите гласачи

Партиските портпароли поактивни од претседателските кандидати

Оливера Војновска

Неколку дена пред финалното гласање за новиот шеф на државата се заостри кампањата и реториката меѓу двата партиски табора чии кандидати ќе си ги одмерат силите на 5 април. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги засили нападите спрема кандидатот на СДСМ и НСДП, Љубомир Фрчкоски, кого го обвинува за велепредавство (повикувајќи се на сведоштвата на генералот Панде Петровски за конфликтот во 2001 година), а тој возврати дека „власта прави црна пропаганда“ и со неговото минато „се занимаваат луѓе без минато и со топ-шоп кариери“.

Прогнозите се дека во наредните денови до петок на полноќ, кога настапува изборниот молк, кампањата уште повеќе ќе се разгорува и ќе стане силно сензитивна. Сепак, политичките аналитичари веруваат дека таа нема да дојде до „експлозија“, дека учесниците на изборите ќе покажат чувство на одговорност за да се заокружи изборниот процес во демократска атмосфера. Според експертите, главниот проблем е што кампањата не е во функција да ги мотивира колебливите да излезат на гласање.

Аналитичарот Имер Исмаили, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, смета дека завршниот дел од кампањата ќе биде значително поагресивен, меѓутоа верува дека партиите нема да ја поминат тенката црвена линија. „Се надевам дека таа атмосфера, без оглед на острината, ќе биде на ниво на толеранција и нема да се помине прагот на вербалното. Мислам дека сите се свесни за моментот во кој се наоѓа државата и ќе покажат повисок степен на толеранција“, вели Исмаили.

Првиот изборен круг, иако имаше одредени инциденти и ексцеси, сепак, му влева надеж дека партиите се освестиле и почнале да прифаќаат да се однесуваат европски. За него е о��екувано вториот дел од кампањата да биде поагресивен и во начинот на пренесување на политичката порака и во методологијата. „Се менува суштината на кампањата, партиите и нивните кандидати одат од човек до човек. Амбиентот ќе биде потензичен, но се надевам на мирни избори. Само, малку потешко ќе биде да се мотивираат граѓаните да излезат на гласање во доволен број“, вели Исмаили.

Во телефонската анкета на агенцијата „Рејтинг“ спроведена на 28 и 29 март, а во која биле опфатени 1.080 испитаници, околу 11 проценти од учесниците се изјасниле како се' уште неопределени, а 24 проценти рекле дека нема да поддржат ниту еден од двајцата претседателски кандидати.

Според одговорите на испитаниците, одѕивот на Албанците во вториот круг за претседателските избори ќе биде значително понизок од одѕивот на Македонците и припадниците на другите националности. Од „Рејтинг“ очекуваат одѕивот во вториот круг да биде околу 48 отсто, со што нема да се загрози цензусот потребен за валидност на изборите.

Последната телефонска анкета на Институтот за демократија, пак, направена изминатиот викенд, покажала дека 45,8 проценти од анкетираните изјавиле „нема да гласам“, а 15 проценти одговориле „се' уште не знам“.

Професорката на Филозофскиот факултет, Билјана Ванковска, вели дека, гледано низ призма на претседателските избори, двајцата кандидати продолжуваат со истите веќе безброј пати повторени тези, и единствена „новина“ се меѓусебните лични препукувања. „Уште еден важен индикатор за оваа кампања е дека партиските портпароли се многу поактивни од претседателските кандидати. Ваквата високо антагонизирана ’кампања’ може да има бумеранг- ефект и да ги дестимулира граѓаните да излезат во вториот круг“, предупредува Ванковска. Притоа, таа забележува дека партиите гледаат скорот да го решат во своја полза не преку обраќање до граѓаните, туку до нивните потенцијални политички партнери заради склучување некакви договори. „Никој ова не го потврдува експлицитно, но сосема е јасно дека воопшто не е присутна амбицијата да се ’разбудат’ и анимираат оние над 40 отсто неопределени. Силите се измерени и сега се оди на меѓупартиски договори и комбинаторики, во кои се мешаат интересите од локалните и претседателските избори“, смета Ванковска.

Таа забележува јасен дисбаланс во рекламирањето и доминацијата низ медиумите на оние кои имаат пари за реклами. „Особено паѓа в очи тоа што во вториот круг на локалните избори излегоа нови билборди на кои премиерот се слика заедно со кандидатите за градоначалници. Тоа претставува врвна ароганција со која на граѓаните им се дава сигнал дека локалните моќници ќе ја имаат сета поддршка на Владата, што овие избори ги прави уште понефер и понедемократски“, оценува Ванковска.

Агенцијата „Рејтинг“ покрај популарноста на претседателските кандидати ја анкетирала и гледаноста на нивната телевизиска дебата и нејзиното влијание врз изборното однесување на граѓаните. Резултатите покажале оти нивниот дуел не влијаел на политичкото определување на граѓаните за вториот круг. Околу 55 проценти воопшто не го следеле, а 45 делумно или во целост. Од 45-те проценти кои го следеле дуелот, на 24 проценти ставовите им биле поблиски на оние на Иванов, а на 16 проценти на Фрчкоски. Меѓу анкетираните Македонци кои ја следеле дебатата, поголем е бројот на оние кои одговориле дека нивните ставови се поблиски до ставовите на Иванов, а меѓу Албанците поголем е бројот на оние чии ставови се поблиску до ставовите на Фрчкоски.

Инаку, во вториот изборен круг 34 проценти од граѓаните би гласале за Иванов, а 21 процент би го поддржале Фрчкоски. Анализите на Агенцијата на одговорите од анкетата покажуваат дека доколку остане овој сооднос на силите, тогаш во вториот изборен круг Иванов би освоил 61 процент од гласовите на оние кои ќе гласаат, а Фрчкоски 39 отсто.


Статијата е прочитана 1009 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 31.03.2009 00:15:00
Sto e ova sto go citam? Vie obvinuvate deka VMRO go kritikuva Frckoski??A sto pravi SDSM i vasiot Frcko????Gi nadmina granicite na kulturno odnesuvanje,sramota!
Од: jovica
Датум: 31.03.2009 00:28:23
Љубомир Д.Фрчкоски: “Имено, првата глобализација во историјата е македонската, на штитовите и копјата на фалангите на Александар е поврзан светот на цивилизациите и тоа е направено со концепт (а не единствено од алчност). Имено, во една полемика меѓу Александар и Аристотел (и двајцата се разбира Македонци), Александар се спротивставува на концептот и дефиницијата на тоа што е цивилизација и каде таа може да се развие (поделба меѓу цивилизиран свет и варвари, сугериран од учителот Аристотел по линија на поделбата на Полис и Лимес, град и граница кон варварите). Александар дефинира свој концепт на „македонска глобализација” на поврзување на цивилизациите во мрежа, со пречекорување на ксенофобијата на полисот. Тоа во основа има за претпоставка дека не е една цивилизација (еленска), туку има повеќе (пред се', Персија и Македонија) и дека со нивно вмрежување се добива нов, поинаков свет на вредности што се супериорни од претходните на еленскиот полис.” Пренесено од ДНЕВНИК, 26.02.2008 КОЛУМ
Од: Гласач
Датум: 31.03.2009 00:48:02
Црни Грујо колку пари потроши за сликање по билбордите па овие не се парламентарни избори туку локални и претседателски остави ги лугето сами да се сликаат зш вака уште повеке ги правиш неспособни или мислиш дека многу си личен па понекој неписмен на гласачко ливче ке те бара тебе да те заокружи и оп ке те нема на гласачко ливче па ке те допиши ипак оп неважечко ливче ви кажувам зш колку неписмени гласачи имате и сами не сте свесни ама тука лежи зајакот колку понеписмени толку полесно можеш да ги контролираш ама не знам до кога.Дури и некој странец кој не ве познава ке праша кој од овие будали на билбордиве е кандидат за градоначалник или се бираат по двајца.Грди сте ко трета смена!
Од: lenin
Датум: 31.03.2009 01:16:57
Site glasaci ce se osvestat i ce gi kaznat ovie kandidati.Dosta samo so lagi i obecavanja dodeka dojdat na vlast imaat mnogu ubavo napichani platformi a od koga ce zavrchat izborite nichto nema od toa chto e obecano.
Од: jimmy1
Датум: 31.03.2009 05:48:53
Ako e tocno kako sto pisuvate se gleda deka sme nazadna nacija. Pokraj site ovie zakani, zaplasuvanja, nasilstva, lagi, kletvi i sto ti ne drugo, ako navistia glasaat za Ivanov, covek koj nema nikakva politicka kariera, a dosusa i govorte mu se kako na Bush, ne znae sirotiot sto da kaze a nitu da gi povrzi recenicite, togas na nam site nesto ni fali.
Од: Realen
Датум: 31.03.2009 07:30:18
Gledajki go vcera odnosot na mangata Latas(cetnicko fasisticko kopile),i odnosot na takanarecen fasisticki ,vesnik"Vecer",site simpatii sto gi imav sprema VMRO se gubat,,Glasav za Gruevski,sega veke ne,cim im dozvoli na vakvi kreteni i idioti da zastanat vo negova "odbrana",i on gi gubi site simpatii od narodot,GLASAM ZA FRCKOVSKI koj go "utepa" na tv duelot onoj seljakot Ivanovski.Prosto go "pregazi".A fasisticki"Vecer" moze da pravi cenzuri i da ne gi objavuva moite komentari,samo taka prodolzete ,dodeka ne gi izgubite site neutralni citateli i glasaci,i ke vi ostanat onie degenirisanite makedonski nacionalisti i seljacinja da ve citaaat,ako znaat voopsto da citaat
Од: Програмер
Датум: 31.03.2009 07:42:15
Г-ѓо Војновска, па вчера имавте ист текст!? Попусто се мачите, џабе ви се сите овие пишувања. Народот на 5 април сепак масовно ќе излезе и ќе ја дотолчи вашата опција. Луѓето знаат да препознаат кој е патриот, а кој предавник. Точен е ви само насловот - “Кампањата не ги мотивира колебливите гласачи.“ Граѓаните уште пред кампањата знаеа за кој да гласаат.
Од: Трпе
Датум: 31.03.2009 08:30:19
На овие избори,македонскиот народ треба да се сплоти и да го боцне премиерот, предупредувајки го дека по погрешен пат не води.Тоа што мораме да го трпиме е што грешката направена на 1 јуни тешко се исправува.Сега со бирање претседател од спротивниот табор барем ке се свести со одредена доза дека народот размислува на друг начин.Ѓоле ништо неможе да направи,се гледа човекот дека секој збор мора да го рецитира од пастирот.Ако малку скршне од патеката зацртана од пастирот, сигурно ке биде промашена инвестиција како Трајковски.
Од: sitna dusha
Датум: 31.03.2009 09:03:28
Ivanov e stina dusha; Smao znae da kaze, se priklucuvam kon drugite, znae narodot, ima programa, sum go kazal toa, ima stav.... A zne li on neshto da obrazli ili da zboruva poveke od 3 SEKUNDI. ili po 4tata sekunda, pocnuva da kolne i frla crni lmagii???? A u ovoj slucaj FRCKO za nego e mislena imenka, poim u dvizenje. NAUCHNJAK. A koa ke ostane bez leb narodot, so vakva vlast, ke glodame od kopjeto na Aco maakedonski, da se prehranime.
Од: bobi
Датум: 31.03.2009 12:38:29
namesto na glasenje da odime na plostad . demokratijata e zgazena
Од: Makedonec
Датум: 31.03.2009 12:46:06
Gospodine R.R kupete si naocari ili aparat za pojacuvanje na sluhot,a vashiot kandidat Ivanov....ako znaete za Boga VRATETE GO VO PRVO ODDELENIE da nauci kako se sostavuva slozena recenica...katastrofa...
Од: Bona
Датум: 31.03.2009 12:57:29
Koj im nudi 50 EU za eden glas za George Ivanov na romite od Dracevo
Од: legenda
Датум: 31.03.2009 14:26:18
javno ja povikuvam celokupnata makedonska javnost na bojkot na pretstojniot vtor izboren krug od pretsedatelskite izbori. Dvajcata kandidati ne se dosledni da ja vodata ovaa nasa so napatena drzava. b o j k o t!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Политика
Избирачки одбори штимале резултати во Тетово
Политички пресинг врз охриѓани пред вториот круг
Фрчкоски- Полицијата поттикнува насилство
Груевски свика лидерска средба за да ја релаксира атмосферата
Се бара реформа на второстепените владини комисии
Петковски- ВМРО-ДПМНЕ воведува диктатура
Медиумите влијаат на стереотипите за Ромите