Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Се бара реформа на второстепените владини комисии

Народниот правобранител препорачува целосна реорганизација и реформа на владините комисии што одлучуваат во управна постапка во втор степен и тоа преку создавање правна основа за целосна професионализација на нивниот состав. Најголемите забелешки се однесуваат на комисиите од областа на денационализацијата, за имотноправните работи и доделување градежно земјиште, како и за премер, катастар и запишувањето на правата на недвижниот имот.

Како што се нагласува во најновиот извештај на омбудсманот, второстепените владини комисии подолг временски период воопшто не искажуваат подобрување на квалитетот на работењето, кооперативност и отвореност кон потребите на граѓаните. Од оваа институција констатираат и дека не се постапува ни по нивните барања и интервенции, доставени не само лани туку и во изминатите години.

Ваквата состојба, според оцената на омбудсманот, претставува попречување на работењето на народниот правобранител и оневозможување на остварувањето на правата на граѓаните подносители на претставки, поради што се наметнува потребата од преземање дополнителни дејства за нејзино надминување.

Токму затоа народниот правобранител бара од надлежните, во рамките на своите овластувања, да преземат соодветни мерки заради добивање известувања од комисиите околу преземените мерки за спроведување на доставените барања, предлози, мислења, препораки или укажувања. Во исто време им се укажува на функционерите - претседатели на односните комисии и на другите одговорни службеници на законската обврска да го известуваат народниот правобранител во рокот што тој ќе го определи и за секој предмет поединечно да бидат доставувани примероци од донесените управни акти-решенија.

Според мислењето на народниот правобранител, ваквата реформа во догледен временски период би резултирала со решавање на заостанатите пр��дмети и воспоставување правило - одлуката за секое поединечно барање и жалба да биде донесена во определен законски рок.

Што се однесува до функционирањето на споменатите владини комисии, нив им се забележува за неефикасно, нерационално, нефункционално и ненавремено извршување на работите. Понатаму, за комплетна неорганизираност на работата од моментот на приемот на жалбата заедно со списите од предметот до конечното решавање, што резултира со губење цели предмети и немање евиденција за нив. Бавност, преголема бирократија и висок степен на субјективност при вршењето на управната постапка со непридржување и непочитување на законски определениот рок за донесување одлука. Некооперативно и непрофесионално однесување кон субјектите вклучени во постапката и со тоа предизвикување штетни последици за граѓаните-странки во постапката, како и за нееднаква примена на прописите. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 280 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Политика
Избирачки одбори штимале резултати во Тетово
Кампањата не ги мотивира колебливите гласачи
Политички пресинг врз охриѓани пред вториот круг
Фрчкоски- Полицијата поттикнува насилство
Груевски свика лидерска средба за да ја релаксира атмосферата
Петковски- ВМРО-ДПМНЕ воведува диктатура
Медиумите влијаат на стереотипите за Ромите